fbpx
Таг: Палестинец

таг: Палестинец

Двајца израелски полицајци се повредени во напад кај Хеброн

Најмалку двајца израелски полицајци се полесно повредени во напад што во близина на Хеброн, на Западниот Брег, го изведе Палестинец. Како што соопштија израелските власти, нападот се случил на влезот на Беит Еинун, а израелската војска го убила напаѓачот. Палестинското министерство за здравство потврди дека Палестинецот починал.

13-годишна Израелка избодена до смрт на спиење

Тринаесетгодишна Израелка била избодена со нож до смрт, во напад кој се случил денеска во еврејска населба во окупираниот Западен Брег, јавуваат светските медиуми. Халел Јафа Ариел била нападната додека спиела во својата соба, во населбата Кирјат Арба. Чуварите на населбата го убиле напаѓачот, а при интервенцијата еден од нив бил потешко повреден со нож во лицето. Израелското министерство за здравство...

Израел: Двајца Евреи осудени за убиство на Палестинец

Израелскиот суд прогласи за виновни двајца Израелци за смртта на палестинскиот тинејџер во Ерусалим во 2014 година, но одлуката за третиот обвинет ќе биде донесена по лекарскиот преглед на обвинетиот. Тројцата обвинети признале дека го киднапирале и жив го запалиле Мохамед Абу Кудаир, како одмазда за тоа што милитантите на Хамас претходно убиле три израелски момчиња. Двајца од обвинетите за време...

Палестинец убиен во болница во Хеброн

Палестинец осомничен за еден антиизреалски напад, синоќа е убиен во болница во Хеброн, во интервенција на израелските специјални сили, соопшто палестинското министерство за здравство. „Израелските специјални сили го убија Абдулах Азам Шаладех (27) во болница во Хеброн“, се наведува во соопштението на министерството, кое го пренесуваат светските агенции. Израелските безбедносни сили ја потврдија веста и додале дека пукале во Шаладех кога...

Убиен Палестинец на Западниот Брег

Израелската полиција уби еден Палестинец за време на рацијата која денеска ја спроведе на Западниот Брег, јавија очевидци и болнички извори. Портпаролот на израелската полиција изјави дека Палестинецот бил убиен кога се обидел да фрли граната врз полицајците, кои вршеле операцијата против милитантите. Локалните жители на Џенин и болнички официјални лица изјавија дека 23-годишниот Палестинец бил убиен утринава и оти нема...

Тројца Евреи нападнаа Палестинец

Тројца млади Евреи денеска нападнаа палестинско момче во Ерусалим, соопшти полицијата. Портпаролката на полицијата, Луба Самри, соопшти дека нападнатото момче е во добра состојба во ерусалимска болница и оти полицијата го истражува нападот. Палестинците тврдат дека израелската влада планира да им дозволи на Евреите да се молат во спорното светилиште Свет рид. На овој локалитет, своевремено се наоѓале древните еврејски храмови,...

Израел урива домови на палестински екстремисти

Израелската војска утринава јa урна куќата на Палестинецот што во октомври, со автомобил, влета во група лица на железничката станица во Ерусалим, убивајќи тримесечно бебе и една жена. Казнениот потег следеше откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека ќе победи во „борбата за Ерусалим“, по вчерашниот напад на синагога во Ерусалим, во кој загинаа пет Евреи, вклучувајќи четири лица кои дошле...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...