fbpx
Таг: пакистан

таг: пакистан

Поранешниот премиер на Пакистан осуден на десет години затвор

Имран Кан, поранешниот премиер на Пакистан, е обвинет за објавување на државни тајни и е осуден на десет години затвор, пренесува Би-би-си. Тој моментално служи тригодишна затворска казна поради обвиненија за корупција. Според Кан, пресудите се политички мотивирани. Имено, оваа пресуда доаѓа само една недела пред парламентарните избори во Пакистан, на кои на Кан му е забрането да учествува. Пресудата се...

Пакистан со одмазднички напади врз Иран, загинаа седум лица

Пакистан изврши одмазднички ракетни напади врз Иран, при што наводно загинале седум лица, јавуваат светските медиуми, откако во вторникот Иран изврши напади врз Пакистан. Пакистан соопшти дека нападите погодиле „терористички засолништа“ во иранската провинција Систан-Балучестан, пренесува Би-би-си. Убиени биле три жени и четири деца, соопшти иранската државна телевизија. Реципрочните напади доаѓаат во време на зголемени тензии на Блискиот Исток со неколку кризи...

Иран изврши напади врз Пакистан, загинале и деца

Две деца биле убиени, а три други повредени во вчерашните напади на Иран, соопшти Пакистан, откако стана третата земја која неделава е цел на напади од Техеран. Иран соопшти дека погодил две локации поврзани со милитантната група Џаиш ал-Адл, според новинската агенција поврзана со иранската војска, а пренесува Би-би-си. Пакистан ова го нарече „незаконски чин“ и предупреди дека може да доведе...

Пакистански град со 13 милиони луѓе затворен поради загаденоста

Нивото на загаденост на воздухот во пакистанскиот град Лахоре, кој е втор по големина во Пакистан, се смета за „опасно“ според швајцарската компанија IQAir, која го следи квалитетот на воздухот низ светот, известува Си-ен-ен. За да се справи со високото ниво на загаденост, во Лахоре, како и во градовите Гурјанвала и Хафизабад, е прогласена вонредна состојба во однос на животната...

Пакистан го забрани ТикТок поради „неморални содржини“

Пакистан е последната земја што го забрани користењето на ТикТок. Телекомуникацискиот регулатор на земјата ја донел ваквата одлука поради „неморалните содржини“ објавени на социјалната мрежа. Одлуката за забрана за користење на ТикТок е донесена поради „бројните жалби поднесени од разни сегменти на општеството“, пишува „Њујорк тајмс“. „Блумберг“ јавува дека апликацијата ТикТок досега била инсталирана речиси 43 милиони пати во Пакистан,...

Авганистан и Пакистан ги повикаа талибанците на мировни преговори

Министрите за надворешни работи на Пакистан и на Авганистан денеска ги повикаа талибанците да се придружат на мировни преговори. Повикот е испратен после состанокот кој го организираше Кина за да ги поправи „напнатите односи“ меѓу двете влади. Во заедничкото соопштение на владите на трите земји повикуваат на „широко втемелен и инклузивен мировен процес и помирување“, поради секојдневните напади на талибанците во...

Во бомбашки напад во Пакистан загина лидер на секуларна национална партија

Во бомбашки напад на едно возило во југозападниот дела на Пакистан утринава загинаа еден од лидерите на секуларната национална партија Авами, Абдур Разак, и неговиот брат, соопштија пакистанските власти. Нападот се случил во градот Харнаи, околу 200 километри северно од Квета, главниот град на покраината Белуџистан. Засега никој не ја презема одговорност за нападот и не е познато дали бомбата претходно...

Во Пакистан издаден налог за апсење на поранешниот премиер

Пакистанскиот суд издаде налог за апсење на поранешниот премиер Наваз Шариф, под сомневање дека учествувал во два случаи на корупција. - Судот денеска издаде налог за апсење на поранешниот премиер за два случаи на корупција и ја одложи расправата за 3 ноември – изјави еден од адвокатите на поранешниот премиер, Зафир Хан. Шариф во моментов се наоѓа во Лондон со својата...

Најмалку 18 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Најмалку 18 лица се убиени, а повеќе од 30 се повредени во самоубиствен бомбашки напад кој денеска се случил во светилиште во пакистанската провинција Балучистан, јавуваат светските агенции. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Исламска држава (ИД). Бомбашкиот напад бил изврешен на влезот на светилиштето, каде за време на нападот пристигале голем број верници за да му оддадат почит на...

Трамп ја исклучи можноста за повлекување на САД од Авганистан

Претседателот на САД, Доналд Трамп ја исклучи можноста од повлекување на амерканските трупи од Авганистан. Трамп, како што јавуваат светските агенции, ова го рекол во говор во воената база Форт Мајер близу Вашингтон, претставувајќи ја американска стратегија за Авганистан. Тој не навел бројка на евентуални дополнителни трупи, ниту зборувал за временските рокови, посочувајќи дека неговата стратегија ќе биде заснована на...

Пакистанскиот премиер поднесе оставка откако судот му забрани да ја врши функцијата

Пакистанскиот премиер Назав Шариф поднесе оставка по одлуката на Врховниот суд да му се забрани вршење на функцијата поради истрагата за корупција. Одлуката на судот следеше по истрагата во која неговото семејство, наводно, не можело да го објасни своето големо богатство. - Тој веќе нема право да биде член на парламентот – рече судијата Ејаз Афзал Кан и додаде дека Шариф...

Во експлозија во Пакистан загинаа 22 лица

Најмалку 22 лица загинаа, а 35 се повредени во експлозија на автомобил - бомба во Лахор, на истокот на Пакистан, соопштија пакистанските власти. Бомбата експлодирала кај еден стар пазар во населбата Кот Локпат, во предградието Лахор. Одговорноста за нападот ја презела екстремистичката група Тарик-е-талибан. Полицискиот претставник Кашиф Алсам рече дека нападнати биле полицајците кои го обезбедувале уривањето на околната стара зграда, додавајќи...

Зграда се урна во Карачи додека станарите спиеле

Најмалку две лица загинаа, а осум се повредени при уривање на трикатна зграда во пакистанскиот крајбрежен град Карачи, соопштија денеска пакистанските власти. Спасувачката служба и понатаму се обидува да ослободи две лица кои се заробени под урнатините. Зградата во сиромашниот кварт на Карачи се урнала утринава околу 3 часот, додека станарите спиеле. Засега не е позната причината за уривањето на зградата. Светските агенции...

Цистерна се преврти и се запали во Пакистан – 123 луѓе загинаа, стотина се повредени

Најмалку 123 лица загинаа, а повеќе од 100 се повредени откако цистерна со нафта се преврти и се запали на автопат во Пакистан, на 100 километри од градот Мултан. Како што јавуваат локалните медиуми, хеликоптери на армијата вршат евакуација на повредените и ги пренесуваат во најблиската болница, која се наоѓа на 150 километри од местото на несреќата. Инцидентот се случил...

Девет лица загинале во експлозија на бомба во Пакистан

Најмлаку девет лица денеска загинале, меѓу кои две деца и две жени, во експлозија на бомба поставена на пат во северозападниот дел на Пакистан, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на соопштение на локалните власти. Бомбата, која била поставена на пат недалеку од градот Годар, во племенската област Курам, била ативирана при поминувањето на минибусот, во кој се наоѓале жртвите. „Потврдено е...

Пакистанскиот суд нареди истрага за премиерот Шариф

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф не е прогласен за виновен за корупција пред Врховниот суд. Судиите наредија нова истрага во која ќе биде сослушан премиерот и членовите на неговото семејство во врска со обвиненијата за корупција, јавува „Си-ен-ен“. Медиумите пренесуваат дека тоа за Шариф значи останување на премиерската позиција. Постоеше стравување дека судот ќе ги прифати обвиненијата и ќе го прогласи за...

Се зголемува бројот на жртвите во Пакистан

Бројот на загинатите во експлозијата кај шиитската џамија во Пакистан се зголеми на 22 лица, а повредени се 57. Одговорноста за нападот во шиитската џамија во пакистанскиот град Парашинар, ја презедоа талибанците. Во бранот напади во Парашинар, главниот град на областа Курам, во февруари загинаа 130 лица. Шиитите претставуваат 20 отсто од населението во Пакистан и се мета на напади на бројни вооружени...

Нападната џамија во Пакистан, 11 лица загинаа, а 50 се повредени

Најмалку 11 лица загинаа, а повеќе десетици се повредени во експлозија кај шиитска џамија во градот Парачинар на северозападот на Пакистан. Локалните медиуми јавуваат дека 50 лица се повредени и дека одговорноста за нападот ја презеле талибанците. - Бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи сè уште примаме повредени – рече хирург во државната болница „Моен Бегам“. На местото на експлозијата...

Пет војници се убиени при напад на милитантите во Пакистан

Исламски милитанти нападнале позиции на пакистанската војска во племенските предели долж границата со Авганистаn, убивајќи најмалку пет војници, соопшти денеска војската. Пакистанските војници ги одвратиле војниците, кои во текот на ноќта преминале од Авганистан во племенскиот регион Мохманд, во кој од заседа нападнале три воени позиции, стои во соопштението на војската. Се претпоставува дека десет напаѓачи се убиени пред милитантите да...

Експлозија во пакистанскиот град Лахор, шест загинати и 15 повредени

Шест лица загинаа, а најмалку 15 се повредени во експлозија во пакистанскиот град Лахор, соопштија пакистанските претставници. Причината за експлозијата, која одекнала во луксузен ресторан, засега не е позната, рече министерот за правда Рана Санаула. Инцидентот доаѓа по серијата самоубиствени и други напади во кои во изминатите две недели загинаа повеќе од 125 лица. Одговорноста за нападите ја презедоа неколку милитантни...

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...