fbpx
Таг: пакет мерки

таг: пакет мерки

Фон дер Лејен: Ќе ги пренасочиме големите профити на енергетските компании и ќе оневозможиме Русија да печали

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, презентираше денеска пакет мерки и политики за стабилизација на енергетската ситуација и на цените на струјата, дополнително намалување на увозот на руски гас, но и ограничување на енормното богатење на енергетските компании преку манипулации, како и мерки за помош на граѓаните и бизнисите. „Се соочуваме со невообичаена ситуација, бидејќи Русија е недоверлив...

Ковачевски: Пакетот од 26 мерки, вреден 400 милиони евра е за поддршка на граѓаните и компаниите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во своето обраќање до јавноста истакна дека најновиот пакет од 26 мерки, вреден 400 милиони евра, кој Владата го донесе, има цел да ги заштити граѓаните и стопанството од економската криза со која се соочуваме, како последица од војната во Украина. „Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот...

За компаниите до 15.000 евра грант средства од „Ковид4“, ако имаат вработувања и зголемени приходи

фото: Влада
Фирмите од туризмот, угостителството, ивент-индустријата, приватните здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, од новата бескаматна линија „Ковид4“ ќе можат да добијат од 600 евра до 15.000 евра грант средства. Условот да аплицираат за средствата е да имаат нови вработувања за најмалку 5 отсто и да ги зголемат приходите годинава за најмалку 10 отсто, во споредба со 2020. Тоа се едни...

Лукаревска: Компаниите што добија финансиска поддршка од државата, ќе ја враќаат на три рати, без камата

сања лукаревска
Од сетот на економските мерки кои минатата година ги донесе Владата, со цел надминување на последиците од кризната ковид состојба, компаниите и самостојните вршители на дејност (СВД), кои добија субвенции за плати и за социјални придонеси за месеците април, мај, јуни, и за октомври, ноември и декември, имаат обврска примените средства да ги вратат во буџетот на државата, во...

Бектеши: Мерките на Владата имаат за цел побрзо враќање на туризмот во нормала

Крешник Бектеши
Туризмот е една од најпогодените индустрии од пандемијата на ковид-19 и заедничката цел на Владата и на туристичко-угостителскиот сектор е оваа криза што побрзо да заврши и работењето да се врати во нормала. Ова го порача министерот за економија Крешник Бектеши, на Петтата туристичка берза, организирана од Националната асоцијација за дојдовен туризам-НАИТМ. „РСМ е една од земјите за која туризмот...

Угостителите бараат протоколи за работа и итно донесување на петтиот пакет мерки за помош

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) бара финансиската помош за поддршка на реалниот сектор да има континуитет и да се обезбедат протоколи за работа за сите дејности дефинирани во Националната класификација на дејности, како и што побрзо донесување на петтиот пакет мерки од Владата заради спас и опстанок на туристичко - угостителскиот сектор. „Неопходен е...

Владата забрани организирани прослави за празниците, Заев апелира да не се дозволи ескалација на пандемијата

Исправени сме пред нов предизвик од нашата битка со ковид-19. Соочени сме со изборот - да продожиме со превентивните здравствени политики или да влеземе во ризик со неодговорно празнување, рече пред малку премиерот Зоран Заев, кој одржа заедничка прес-конференција со министерот за здравство Венко Филипче и претседателот на Комисијата за заштита од заразни болести, д-р Жарко Караџовски. - Денес одлучивме...

Во Собранието започна расправата за ребалансот на буџетот за 2020

Започна собраниската расправа за изменување и дополнување на буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година, заедно со предложените амандмани  од комисиската расправа. Образложение за потребата од ребаланс на почетокот даде министерот за финансии Фатмир Бесими, кој посочи дека ефектуирањето на четвртиот пакет антикризни мерки зависи од усвојување на ребалансот. „Вкупните приходи со измените и дополнувањата на буџетот се планирани...

Владата подготви уште 470 милиони евра за ковид-19 поддршка на економијата

Четвртиот пакет економски мерки на Владата за помош на граѓаните и стопанството во кризата предизвикана од пандемијата на ковид-19 ќе изнесува вкупно 470 милиони евра, објасни премиерот Зоран Заев денеска, презентирајќи го сетот од вкупно 31 мерка. Зборувајќи за поважните, Заев порача дека ќе продолжи поддршката на компаниите за исплата на плати за последните три месеца оваа година, коишто сега...

Младите ќе добијат еднократна помош од 3.000 денари за купување македонски производи и услуги

Средношколците не помлади од 16 години и редовните студенти не постари од 29 години се дел од листата корисници на финансиска поддршка предвидена со третиот владин сет на економски мерки. За нив, предвидени се 3.000 денари, кои ќе ги добијат еднократко преку платежна картичка на која ќе стои ознаката „Купувам домашно“. Министерството за образование и наука ќе ја изготви листата...

Д-р Људмил Спасов ќе ги презентира владините мерки за македонскиот јазик

Откако вчера Владата усвои повеќе предлог-мерки за унапредување на состојбата на македонскиот јазик, денеска мерките ќе ги образложи проф. д-р Људмил Спасов, претседател на Советот за македонски јазик. За мерките ќе зборува и владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Според тоа што вчера го соопшти Министерството за култура, со мерките се предвидува и формирање фонд за поддршка на афирмирањето на македонскиот јазик...

Грција прифати нов пакет мерки од меѓународните кредитори

Грција прифати нов пакет мерки кои ќе мора да ги имплементира од јануари 2019 година. Вчерашниот состанок на еврогрупата заврши без конкретен договор меѓу двете страни, но и без катастрофални последици за Грција. Европските министри за финансии ѝ дадоа дополнително време на Грција за завршување на втората фаза од проценката на завршените реформи, што ќе овозможи да се избегнат нови...

Блокада на грчките гранични премини поради штрајк на грчките граничари

Влезот во Грција од денес до понеделник преку сите грчки гранични премини ќе биде значително отежнет поради штрајкот на грчките цариници. Како што информираат од граничната полиција на Евзони за „Мета“ цариниците ќе штрајкуваат до понеделник наутро. Од Евзони велат дека границите се отвораат на секои два часа по 10-15 минути. Во овој интервал се пропуштаат само автомобили и автобуси...

Ципрас: До 2017 година Грција ќе се врати на светските берзи

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е оптимист дека грчката економија се враќа во живот по шест години меморандуми и штедење. Во интервју за весникот „Риал њуз“, Ципрас вели дека Грција за две години ќе го напушти и меморандумот за штедење. - Ако до 24 мај успееме во тоа кон кое целиме, ќе се вратиме на берзите во 2017 година. Можно е...

Посебен сообраќаен режим в недела заради атлетска трка на Средно Водно

Во недела, со почеток во 9 часот, поради атлетска трка на 10 километри, со траса на движење од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до паркингот...