fbpx
Таг: пад

таг: пад

76 загинати во падот на бразилскиот авион со фудбалери

Колумбиската полиција соопшти дека 76 лица загинале во падот на авионот што ги превезуваше фудбалерите на бразилскиот клуб „Шапикоенсеа“. Директорот на полицијата, Хозе Асеведо Оса, истакна дека пет од вкупно 81 патник преживеале, а акцијата за спасување е запрена поради силните врнежи на дожд. Тој соопшти дека едно лице починало во болница. Од службата за следење на цивилна авијација не ја потврдуваат...

Извлечена девојката која падна во провалија на Галичица

Девојка на 21 година, жителка на туристичката населба Пештани, која со друштво била на рекреативно планинарење на планината Галичица, паднала денеска во провалија, при што добила скршеници на раката и други повреди. Девојката е сместена во Општата болница во Охрид, каде ѝ се санирани повредите и е подложена на детални испитувања. Девојката останала подолго време во провалијата, а е извлечена вечерва...

Петмина загинати во пад на ирански хеликоптер

Пет лица загинаа во пад на ирански хеликоптер кој се урна во Карипско Море, соопшти државната иранска телевизија. Пронајдени се телата на четворицата членови на екипажот и на еден цивил, како и делови од хеликоптерот, но засега не се знае причината за падот. - Причината за падот на авионот ќе ја знаеме кога ќе ја пронајдеме црната кутија – велат официјални владини...

Во катната гаража „Солунски конгрес“ починал мајстор за лифтови

Во катната гаража „Солунски конгрес“ вчера, околу 17.30 часот, починал мајстор за лифтови откако се лизнал и паднал од голема висина. МВР информира дека мајсторот бил повикан да го одглави лифтот, кој се заглавил на осмиот кат од гаражата која се наоѓа покрај реката Вардар, веднаш до дирекцијата на „Македонски пошти“. Додека работел, 57-годишниот М.В од Драчево се лизнал и паднал...

Авионот што падна на Малта не бил ангажиран од Фронтекс

Најмалку пет лица загинаа кога мал авион се урна на Малта, а спасувачите и понатаму трагаат по преживеани. Информациите што првично се појавија во медиумите, дека станува збор за официјални лица на граничната агенција Фронтекс, се демантирани од официјални лица на Европската Унија. Тоа го потврди и високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини, која на „Твитер“ наведе дека немало официјални лица на ЕУ...

Керим падна на осмо место по денешното гласање за генерален секретар на ОН

Македонскиот кандидат за иден генерален секретар на Обединетите нации, Срѓан Керим, падна на осмото место по денешниот петти круг на гласање во Советот за безбедност на ОН. Керим на ова гласање од амбасадорите на земјите-членки на Советот за безбедност на ОН добил шест позитивни поени и девет негативни поени. На првото место сè уште е поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш, втор...

Нивото на вкупните кредити се намали за 697 милиони денари во јули

Кредитната активност во јули и понатаму се намалува на месечна основа за 0,3 проценти, но значително послабо во однос на претходниот месец, покажува најновиот извештај на Народна банка. Падот кај кредитите на приватниот сектор главно е резултат на регулаторните промени. „Годишната стапка на пораст на вкупните кредити, на крајот на јули, изнесува 3 проценти, додека без ефектот од регулаторните промени таа изнесува 8,2 проценти и е над годишниот пораст од 7,9 проценти проектиран...

Бомба скриена во детска количка го урнала рускиот авион во Египет

Експерти на меѓународната техничка комисија ја соопштија причината за падот на рускиот патнички авион во Египет минатата година. Како што пишува рускиот весник „Комерсант“ повикувајќи се на извори блиски до истрагата, во руското летало била поставена бомба при што загинаа 224 патници и членови на екипажот. Стручњаците утврдиле дека терористите ја поставиле експлозивната направа во карго-делот кој се наоѓа во опашката...

Мал пад на цената на нафтата

Цената на нафтата забележа мал пад при тргување на азискиот пазар поради извештајот на Организацијата на земјите извозници на нафта (ОПЕК) дека Саудиска Арабија ќе го зголеми производството на нафта. Цената на нафтата падна на 49 долари за барел. Минатиот месец, Саудиска Арабија произведе рекордно високо ниво на нафта од 10,67 милиони барели дневно. Пазарот со нафтата се уште не е стабилен, бидејќи нема договор...

„Луфтханза“ со намален профит поради терористичките напади

Најголемиот германски авиопревозник „Луфтханза“ соопшти дека поради терористичките напади и сè поголемата политичка и економска нестабилност, значително опаднал бројот на резервации за авионски летови, особено на долгите дестанции во Европа. Како што јавуваат светските агенции, акциите на германскиот гигант денеска паднале за 5,6 отсто и сега чинат 10,47 евра по акција. Покрај заканите од тероризам, Европа се соочува и со политичка нестабилност...

Брексит ги урна светските берзи, фунтата изгуби дел од вредноста

Брексит предизвика економски тектонски движења на светските берзи, со голем пад на вредноста на индексите, но и на британската валута која е на најниско ниво од 1985 година. Фунтата падна за речиси 9 отсто и чини 1,34 долари, што претставува најниско ниво во последните 31 година. Стручњаците предупредуваат дека вредноста на фунтата ќе падне и до 1,2 долари. Еврото, исто така, изгуби...

Депозитната база на банките во април забележа пад од 2,2 проценти

Депозитната база на банките во април забележа значителен пад од 2,2 проценти на месечна основа, поради неизвесниот домашен политички амбиент. - Првичните податоци за мај покажуваат понатамошен тренд на намалување на депозитите, но многу послабо во однос на април, при што од дневните податоци за втората половина на мај и за првата половина од јуни се забележува значително стабилизирање на...

Падна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, загинаа две лица

Се урна воен хеликоптер на Обединетите Арапски Емирати, при што загинаа пилотот и копилотот, соопштија официјални воени лица. Причината за падот и типот на хеликоптерот сè уште не се познати. - Несреќата се случила за време на рутински лет над меѓународните води – се наведува во соопштението на војската на ОАЕ. ОАЕ, една од најдобро воено опремени земји, е дел од меѓународната коалиција предводена...

Авион се урна на аеродром во Тенеси, две лица загинаа

Две лица загинаа во пад на мал авион во Тенеси, а две лица се повредени во инцидентот, пренесуваат американските медиуми. Авионот се урнал во градот Колиџдејл, соопшти портпаролката на службата за итни случаи, Ејми Максвел. Таа додаде дека двајцата повредени се пренесени со авион во медицинскиот центар „Ерлангер“. Едно лице е во критична состојба.

Анкета на ИРИ: Паѓаат рејтинзите на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, но сè уште водат

Педесет и пет отсто од граѓаните сметаат дека поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не си ја завршува добро својата работа и не заслужува реизбор, а 33 отсто сметаат дека заслужува повторно да се најде на таа функција, покажува најновото истражување на направено од Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Груевски, од 66 отсто поддршка во  јуни 2008 година, падна...

Русија сè уште чека извинување од Турција за соборувањето на „су-24“

Властите во Москва сооштија дека Анкара треба да се извини за соборувањето на рускиот авион „су-24“ на границата со Сирија. Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изрази жалење поради тоа што Анкара сè уште не презела мерки против агресивниот чин. Билатералните односи на двете земји се влошија откако Турција го собори рускиот бомбардер „су-24“ над Сирија, тврдејќи дека авионот навлегол во турскиот воздушен...

Четворица загинати при пад на хеликоптер на романската итна помош

Во село на југот на Молдавија се урнал хеликоптер на романската итна помош, при што загинале четири лица. Според официјални лица во Молдавија, хеликоптерот се урнал поради магла, во близина на шума. Портпаролот на итната служба на Романија, Џорџ Ханган, изјави дека хеликоптерот пренесувал болно лице од тој регион во молдавскиот главен град Кишинев. Романија има договор со Молдавија за превоз на пациенти во итни случаи.

Пад на градежните работи во странство

Во првите три месеци од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2.547.838.000 денари, што е за 18,2 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податoците на Државниот завод за статистика. Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 147.748.000 денари, што е за 66,2...

Намалена ликвидноста на банките за 7 милиони денари

Ликвидноста на банкарскиот систем забележа месечен пад од 7.035 милиони денари, информираат од Народна банка. - Ликвидноста позначително се намали во втората половина од месецот, кога се зголеми неизвесноста поврзана со политичката ситуација во земјата, што беше проследено со шпекулации за стабилноста на банкарскиот систем и за девалвација на курсот на денарот. Во вакви услови беше зголемена склоноста на економските...

Пад на европските берзи по терористичкиот напад во Брисел

По терористичкиот напад на бриселскиот аеродром и во метрото, акциите на европските берзи паднаа, со што најголем пад доживеаја акциите на патничките и на авиокомпаниите, јавува „Ројтерс“. - Геополитичките ризици, вклучувајќи ги и терористичките акции кои директно го погодуваат тргувањето или движењето на инедксот, сè уште претставуваат исклучително ризичен фактор кој треба да се следи - велат аналитичарите. Инвеститорите остануваат фокусирани...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...