fbpx
Таг: овошје

таг: овошје

Се зголемува откупот и продажбата на земјоделски производи

Откупот и продажбата на земјоделски производи во четвртото тримесечје од 2016 година се зголемени за 39,3 проценти во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители има зголемување за 65,4 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство намалување за 2,9 проценти. Зголемување на откупот и продажбата на...

Трошоците за живот во јануари минимално се зголемени во споредба со претходниот месец

Трошоците за живот во јануари во однос на претходниот месец се поголеми за 0,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Зголемување на трошоците е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук освен компирот за 4,5 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,4 проценти, млекото за 1,4 проценти, сувото овошје и јаткастите производи за 1,3 проценти, сирењето и урдата за 0,6 проценти, шеќерот,...

Минимално намалување на трошоците за живот

Трошоците за живот во ноември се намалени за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 0,2 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Намалувањето на трошоците за живот е резултат на пониските индекси на свежото и разладеното овошје за 17 проценти, оризот за 8 проценти, компирот за 1,2 отсто, месото за 0,6 отсто,...

Се зголемува откупот и продажба на земјоделски производи

Во второто тримесечје од годинава, откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 17,3 проценти во однос на истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е забележано намалување за 3,5 проценти, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 47,4 проценти. Зголемување на откупот и...

Продажбата на зелените пазари намалена за 20 отсто поради супермаркетите

Продажбата на зелените пазари бележи пад од 10 до 20 проценти, по појавата на продажба на зеленчук и на овошје во големите супермаркети, истакнаа од Групацијата на пазари при Стопанската комора на Македонија. Една од целите на оваа групација е преку осовременување и модернизација на пазарите, тие да останат атрактивни за купувачите наспроти појавата на големите хипермаркети, кои во еден дел стануваат конкуренција...

Нема застој на албански камиони на македонско-албанската граница

Во врска со шпекулациите на одредени медиуми за застој на албански камиони со свежи зеленчук и овошје на македонската граница со Албанија и наводното прекршување на одредбите од Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА), Министерството за економија информира дека трговската размена меѓу двете земји се одвива во согласност со договорот, односно, според информациите добиени од Државниот инспекторат за земјоделство,...

Зголемени трошоците за живот во март во однос на претходниот месец

Трошоците на живот во март годинава, во однос на претходниот месец, се поголеми за 0,1 отсто, а цените на мало се повисоки за 0,2 проценти, објави Државниот завод за статистика. Повисоките трошоци се должат на повисоките индекси на свежото и разладеното овошје за 2,7 отсто, јајцата за 1,1 отсто, сушениот зeленчук, друг конзервиран и преработен зеленчук, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и...

Производството на грозје лани поголемо за 65,8 отсто во однос на 2014 година

Земјоделските површини лани во споредба со 2014 година се зголемени за 0,1 отсто, објави Државниот завод за статистика. Кај обработливата површина зголемување е забележано кај ораниците и бавчите за 0,4 отсто, кај овоштарниците за 3,6 отсто и кај лозјата за 0,8 отсто. Намалување е забележано кај ливадите за 0,8 отсто и пасиштата за 0,1 отсто. Лани во споредба со 2014 година, поголемо...

Светскиот ден на здравата храна одбележан во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“

По повод Светскиот ден на здравата храна, децата од клонот „Пепелашка“ на градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, денеска имаа практична едукација. Имено, учителките од градинката им покажуваа на децата како и колку треба да се јаде здрава храна. Министерството за труд и социјална политика, под чија надлежност се градинките, последните години практикува проект за здрава храна во градинките. Преку програмата за едукација на...

Бегалската криза заглави 1.000 македонски камиони во Србија!

Македонски транспортери кои превезуваат сезонско овошје и зеленчук до Европа, се заглавени на граничните премини од Србија кон Хрватска откако Загреб ја затвори границата поради бегалската криза. Станува збор за околу 1.000 камиони кои чекаат за влез и за излез на премините Батровце и Бајаково, кои се целосно блокирани и патничките возила се пренасочуваат кон други премини. Околу триесетина камионџии, револтирани поради...

Цените на овошјето и на зеленчукот во август повисоки од јулските

Индексот на трошоците на животот во август 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите, објави Државниот завод за статистика. Пораст е забележан кај свежиот зеленчук за 2,7 проценти, свежото овошје за 1,7 отсто, сувомесните производи и рибата за 0,6 отсто, сувото овошје и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто, трајните колбасичарски производи,...

Свежото овошје во јуни поскапо за 18,5 проценти во однос на мај

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2015 година е на исто ниво како и претходниот месец, но е забележано движење во подгрупите. Пораст е забележан кај свежото овошје за 18,5 проценти, сувото овошје за 4 проценти, маслото и маснотиите за 3,1 отсто, другите прехранбени производи за 1,3 проценти, јајцата за 1 процент, рибата,...

Во октомври трошоците за живот пораснале за 0,2 проценти

Трошоците на живот во октомври, во однос на претходниот месец, бележат зголемување од 0,2 проценти, додека цените на мало се намалени за 0,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Порастот на трошоците на животот од 0,2 проценти во октомври 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на свежиот зеленчук за 5,8 проценти, мармаладите за 1,4 проценти, конзервираниот зеленчук за 0,9 отсто,...

Семинар за извоз на македонска храна и вино во Шведска

Во организација на шведска владина агенција „Опен трејд гејт Свидн“
Семинар на кој 24 македонски компании се запознаваат со можностите за извоз на свежа храна,овошје и на зеленчук на шведскиот пазар се одржуав денеска во Скопје, во организација на шведска владина агенција „Опен трејд гејт Свидн“. Еден од најголемите снабдувачи со вино во Шведска, кој е одговорен за цела Скандинавија, е заинтересиран за македонските вина, особено за „вранец“. Директорот на Агенцијата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...