fbpx
Таг: овошје

таг: овошје

Не е точно дека сето овошје и зеленчук во ЕУ е ГМО

Не може да се потврди дека оној кој го снимал видеото е навистина Украинец и дека е бегалец, а нема ниту докази дека храната што се презентира е генетски модифицирана. Станува збор претежно за овошје и зеленчук, кои се спакувани и снимателот на видеото ги уништува, притоа кажувајќи дека „храната во ЕУ нема нутритивна вредност“, што се разбира е...

Бектеши: Направени се корекции во цените, нема веќе да се кријат производи од рафтови

Денеска на владина седница била донесена одлука за корекција во делот на замрзнување на цените на овошјето и зеленчукот, информираше министерот за економија Крешник Бектеши. „По консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, утврдивме зголемување на увозните цени...

Владата ги замрзна цените на дел од земјоделските продукти

Владата од 5 април па до крајот на месецот ги замрзна цените на доматите, свежите краставици, кромидот, зелените пиперки, гравот, карфиолот, леќата, бананите, портокалите, мандарините и лимоните. „Направивме анализи на овие производи кои покажаа дека на одредени производи имало маржи од дури 200 отсто. На нашите табели може да се видат кои биле цените на овие производи, и симулации со...

Неделава ќе се ограничат цените на зеленчукот, овошјето и дел од хигиенските производи

Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека на утрешната владина седница најверојатно ќе биде донесена одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи на истиот начин како што тоа е направено кај прехранбените производи. Во текот на неделава, владата ќе донесе одлука и за замрзнување на цените на пет до шест земјоделски производи - зеленчук и овошје. „Денеска...

Топлотен бран денеска и утре – пијте повеќе течности и гледајте повеќе да сте под сенка

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска и утре целата територија на земјава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза, а Министерството за здравство упати до граѓаните неколку препораки како да избегнат последици од високите температури врз организмот. - Препорачливо е да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на...

Крајот на вонредната состојба ќе ги „одмрзне“ цените на маските, јужното овошје и основните прехранбени производи

По завршувањето на вонредната состојба престануваат да важат неколку одлуки кои го ограничуваа порастот на цените на основните прехранбени производи, јужното овошје и заштитната опрема, а кои беа донесени за да се спречат манипулации во трговијата по појавата на корона вирусот. Министерството за економија ги информира трговците на мало и на големо дека со крајот на вонредната состојба престанува да...

Русија повторно одобри увоз на праски, сливи и друго овошје од Македонија

Од вчера, во Русија повторно може да се увезуваат различни земјоделски култури од Македонија и Србија, соопшти руското министерство за земјоделство. Одлуката е донесена откако соодветната агенција извршила посета на земјава и на Србија, по што е е дозволен извоз од овие две земји на култури, јави руската новинска агенција „РИА Новости“. Во август минатата година беше наметнато привремено ограничување за...

Откупот и продажбата на земјоделски производи намалени во однос на лани

Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2018 година, откупот и продажбата на земјоделски производи се намалени за 4,4% во однос на истиот период од претходната година. Позитивна промена има кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, каде е забележано зголемување за 14%, а кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано намалување...

Препораки од здравствените власти за заштита од топлотните бранови

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати неколку препораки за граѓаните како да се однесуваат на високите температури, односно како да се заштитат при топлотните бранови. Високите температури ја влошуваат состојбата кај луѓето со кардиоваскуларни болести (разни срцеви тегоби, проблеми со крвниот притисок, тромбози), како и кај оние што имаат проблеми со дишните патишта и кај лицата со ментални заболувања и...

МЗШВ: Штетата од царината на Косово за земјоделските производи е околу 180.000 евра

Одлуката на Косово, со која царините за овошјето и зеленчукот од Македонија беа зголемени за 30 отсто, предизвика штета од околу 180.000 евра или 2.000 тони нереализиран извоз, одговори денеска на новинарско прашање, шефот на кабинетот во Министерството за земјоделство, Трајан Димковски. Тој додаде дека штетите се пресметани врз основа на извозот реализиран лани од 18 до 31 јули, период во кој годинава...

Утре ќе се исплатат субвенции за овошје и за градинарски култури

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој утре ќе изврши исплата на 14 милиони денари (227.000 евра) субвенции за произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети, за произведени и продадени градинарски култури во преработувачки капацитети и за интервентните мерки за дополнителна субвенција од 6 денари за килограм праски и 2 денари за килограм лубеници. За овошје ќе се...

МЗШВ: Не се очекуваат позначителни штети од снегот и студот врз овошките

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека не се очекуваат значителни штети на родот на овошките од снегот и студот. Од министерството велат дека во соработка со Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), состојбата се следи внимателно и дека според метеоролозите снежниот бран ги затекнал овошките во фаза на полно цветање, во која нивната издржливост кон ниски минимални температури...

Хрватска и официјално објави дека го повлекува новиот правилник за увоз

Веста за повлекување на новиот и за враќање на стариот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, е објавена на официјалната веб-страница на Министерството за земјоделство на Хрватска, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Со враќањето на стариот правилник, трошоците за контрола на квалитет на овошјето и на зеленчукот од трети земји остануваат 12 евра по производ. - Одлуката...

Србија очекува следните три дена да се најде решение за проблемот со извозот во Хрватска

Српскиот министер за трговија и туризам, Расим Љајиќ, очекува во следните три дена да биде најдено решение за спорот помеѓу Хрватска и земјите во регионот, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, а со кој значително се зголемуваат трошоците при извоз на свежото овошје и зеленчук. - Никому не му е во интерес заострување...

Толушиќ до Шаровиќ: Хрватска ќе ги намали таксите за извоз на овошје и зеленчук

Таксите за извоз на овошје и зеленчук во Хрватска, од земји кои не се во ЕУ, ќе бидат намалени, му соопштил денеска хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, на босанскиот министер за надворешна трговија и економски односи, Мирко Шаровиќ. Како што јавува „Радио Слободна Европа“, сепак, засега не се знае дали Хрватска ќе ги задоволи барањата на земјите од регионот,...

Николовски телефонски разговарал со Толушиќ за крај на трговската војна со Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска телефонски разговарал со министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, поради новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук, што Хрватска го донесе на 15 јули, при што значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук. „Во текот на денешниот ден, министерот Николовски оствари телефонски разговор и со министерот...

Регионот побара од Хрватска да укине одредби од правилникот за увоз на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, надлежните министри од Босна и Херцеговина - Мирко Шаровиќ, од Република Србија - Расим Љајиќ и од Црна Гора - Драгица Секулиќ, на денешниот итен состанок во Сареаво донесоа неколку заклучоци во врска со новиот хрватски правилник за увоз на свежо овошје и зеленчук. Министрите ја повикуваат Хрватска итно да ги укине дискриминаторските одредби од...

Николовски со колегите од Србија и од БИХ ќе дефинира став за извозот во Хрватска

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска во Сараево ќе се сретне со своите колеги од БИХ и од Србија, Шемсудин Дедиќ и Бранислав Недимовиќ. Тројцата министри на средбата се очекува да дефинират заеднички став во врска со правилникот за контрола при увозот на овошје и на зеленчук што го воведе Хрватска. Со новиот правилник за увоз на овошје...

Трошоците за живот се зголемени минимално

Трошоците за животот во мај во споредба со истиот месец лани се зголемиле за 1,2 отсто, објави Државниот завод за статистика. Минимално зголемување на трошоците има и во однос на претходниот месец, од 0,7 отсто. Зголемувањето на трошоците е забележано кај свежото и разладеното овошје за 13,2 проценти, свежиот и разладен зеленчук освен компирот за 12,6 проценти, сувото овошје и јаткастите производи...

Трошоците за авионски превоз и за болнички услуги најмногу се зголемиле во март

Трошоците на животот во март, во однос на претходниот месец, се зголемени за 0,5 отсто, а цените на мало за истиот период се зголемени за 1,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемување на цените има кај свежото и разладеното овошје за 7,3 проценти, тутунот за 2,6 проценти, безалкохолните пијалаци за 0,8 отсто и друго. Во март, најголемо зголемување...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...