fbpx
Таг: оценки

таг: оценки

Оценките ќе продолжат да бидат услов за упис во средно, МОН нема да ја менува уписната политика

Надлежните не планираат да ја менуваат уписната уписната политика за во средно образование. Мета.мк ги праша одговорните во Министерството за образование и наука (МОН) дали нешто ќе менуваат, по апелите на образовните експерти дека не е доволно само оценките да бидат критериум за упис, туку дека предвид треба да се земат и афинитетите и вештините на учениците. Во Законот за...

Наставниците и годинава кинат нерви со е-дневникот, надлежните ќе тестираат нови софтвери летово

„Error, 503 Service Unavailable“, внесени повеќе оценки а регистрирана само една, исфрлање од систем и повторно логирање, потешкотии во подготовката извештаи за успех и поведение. Оваа се само дел од проблемите со кои се соочуваат наставниците деновиве при внесот на податоци во електронските дневници. Пишани дневници веќе неколку години нема, па електронските се единственото место каде што се пишуваат...

Дојавите за бомби го искомплицираа оценувањето на средношколците за тримесечјето

Дојавите за поставени бомби во скопски училишта за средно образование, за кои се покажува дека се лажни, во шест наврати го прекинуваа наставниот процес. Тоа значеше губење часови, како и неможност професорите да ги тестираат и испрашаат учениците, за да можат да им напишат оценки за тримесечјето, како што налага законот. Училиштата досега не добиле насока од Министерството за...

Средната оценка на државната матура годинава е 3,78, лани била 3,61

Од денеска на пладне, се објавени прелиминарните резултатите од државната матура, што е за 12 дена порано од законскиот рок, информираат во Државниот испитен центар (ДИЦ). Оттаму додаваат дека резултатите се испратени до училиштата, а секој кандидат може и електронски да провери што добил на тестот на следниот линк. „Државната матура оваа година се реализираше во согласност со договорот со...

Ќе добијат ли учениците навреме свидетелства за да можат утре да се запишат во средно?

Електронското пријавување за упис во средно образование е утре и задутре, па затоа во многу основни училишта низ државата, за денеска е закажано доделување на свидетелствата за деветто одделение. Во некои училишта се делеле свидетелства и викендов, а во некои пак, закажано е доделување вечерва во 18:30 часот. Директорите со кои поразговаравме велат дека не се доцни со давањето на...

За прв пат годинава учениците ќе добијат додаток на свидетелство

Годинава нема да се повтори минатогодишниот проблем кога во основните и средните училишта недостасуваа свидетелства за учениците, поради што доцнеше процесот на доделување, уверуваат надлежните во Бирото за развој на образованието (БРО). Оттаму информираат дека за учениците од трета и четврта година средно образование, веќе се поделени свидетелствата затоа што се завршни години, a oстанатите ќе бидат поделени во...

„Крпен студентски живот“: Едвај тројка за животот во скопски студентски дом

На скалата од 1 (многу лош) до 5 (одличен),  квалитетот на живот во студентските домови, студентите го оцениле со просечна оценка од 2,93. Просечната оцена за животот во „Стив Наумов“ е 2,51, Во „Гоце Делчев“ - 3,79, а во „Кузман Јосифовски Питу“ е 2,5. Ова го покажало истражувањето за животниот стандард на станарите што живеат во три студентски домови...

Во изборна година економијата замира

Актуелните економски политики пресликани во буџетот за 2020-та навестуваат година во која ќе растат платите на буџетарите, пензиите на пензионерите, дел од даноците ќе се намалуваат, дел незначително ќе се зголемуваат. Банкарите, според досегашните анкети очекуваат стабилна банкарска година во која внимателно ќе одобруваат кредити. Но, дел од стопанствениците за „Порталб.мк“ велат дека 2020, имајќи предвид што е изборна година...

Цело полугодие нема СМС-пораки со оценките на учениците

Во текот на првото полугодие, родителите воопшто не добиваат смс-известувања за поведението, за успехот и за бројот на изостаноци на нивните деца. Во меѓувреме наставниците продолжуваат да пополнуваат податоци освен во пишаниот и во електронскот дневник, бидејќи тоа е законска обврска која продолжи и со новиот Закон за основно образование. - Точно е дека родителите не се известуваат за успехот...

Ученици подгответе се, национално тестирање во училиштата од септември

Во новиот Закон за основно образование кое го изготвува Министерството за образование и наука (МОН), ќе биде вметнато и новото т.н. национално тестирање, кое заедно со другите измени и новини, ќе започне да се реализира од претстојниот септември. Ова тестирање е предвидено со програмата на Владата, како и во законот, чија примена се планира да започне од новата учебна...

Почна бркањето врски – родители молат за уште една шанса и за петки во дневниците 

Како што се приближува крајот на учебната година, во училиштата сè почести стануваат ургенциите за повисоки оценки. Родители бараат оценка плус за своите деца, посебно оние во повисоките одделенија, затоа што крајните оценки во предметна настава се важни при уписот во средно училиште. Во овој период, и во основно и во средно образование во тек се тестирања по сите предмети,...

Најголемиот број наставници оценките ги вадат од ракав, тврдат просветните инспектори

Просветните инспектори во делот „Настава и учење“ во нивниот последен извештај за квалитетот на воспитно-образовниот процес, констатирале дека слаба страна на наставниците е изготвувањето на критериуми за оценување на учениците. Таму е наведено дека најголем број наставници во државата, не изготвуваат и не користат критериуми за оценување. Наставници со кои поразговаравме, се изненадени од ваквата констатација на ДПИ. - Секој наставник...

Едвај тројка за училиштата од просветните инспектори, само шест добија четворка

Со оценка 2,77 просветните инспектори го оцениле квалитетот на воспитно-образовниот процес во македоските училишта. Ова стои во последниот извештај на Државниот просветен инспекторат, кој се однесува на квалитетот на наставата во основното и во средното образование. Вакви извештаи инспекторатот подготвува еднаш годишно, за секоја измината учебна година. Оценката се дава по претходна проверка на наставните планови и програми, постигнувањата на учениците,...

Избрана фирма што ќе го одржува е-дневникот

Постапката за избор на компанија која ќе го одржува електронскиот дневник е завршена, односно избрана е компанијата „Сорсикс“ и потпишан е договор, информираa денеска за „Мета“ во Министерството за образование и наука (МОН). Оттаму потенцираат дека сите податоци кои наставниците не ги внесуваа од почетокот на учебната година, ќе треба да ги внесат затоа што тоа е законска обврска. Оваа...

Екстерното се укина, државното никако да почне

На почетокот на оваа учебна година, заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов најави дека државата ќе спроведе тестирање на државно ниво кое треба да ги замени екстерните тестови. Првото тримесечие од оваа учебна година измина, а сè уште е неизвесно од кога би почнало да се спроведува ова тестирање. Министерот Арбер Адеми досега не ја информирал подетално јавноста во врска...

Вучиќ: Ова ми е последен мандат

Повеќепати кажав дека ова ми е последниот мандат, вели српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто што вчера го даде за српската телевизија „Пинк“, зборувајќи за неговите политички непријатели. Тој првин ја разчисти дилемата околу оценките на факултетот, која стана актуелна откако шефот на пратеничката група на Српска напредна странка, Александар Мартиновиќ, во српското Собрание ги донесе индексот и фотокопија од...

Ѓорчев очекува продлабочување на односите, Шекеринска разочарана од поразот на Клинтон

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, е разочарана што во Белата куќа не влезе жена претседател, додека Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ очекува продлабочување на односите меѓу САД и Македонија, по завршувањето на изборите во двете земји. Ова се оцeнките на Шекеринска и на Ѓорчев по изборот на Доналд Трамп за нов претседател на САД. Шекеринска, Ѓорчев и Артан Груби, шеф на...

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ не може да ги поправи штетите од екстерното тестирање

„По сите штетни последици што ги нанесе на образованието со екстерното оценување, ВМРО-ДПМНЕ почна да се повлекува. Со новите законски решенија ВМРО-ДПМНЕ не сака и не може да ги поправи штетите што ги нанесе. Само се обидува да ги ублажи последиците по партискиот рејтинг. Решенијата со кои се менува терминот на примена на екстерното оценување и чудното решение оценките од екстерното да не влезат...

Екстерното излегува од сведителството и ќе почнува од шесто одделение

Резултатите од екстерното тестирање нема да влегуваат во конечниот успех на ученикот, односно нема да влијаат врз просекот на успехот и на оценките во сведителствата, предвидуваат измените на Законот за основно и за средно образование, кои се во собраниска процедура. Ќе се воведе додаток во сведителството во кој ќе се наоѓаат резултатите од екстерното тестирање, а не како што...

СДСМ: Екстерното тестирање е погрешно и непрецизно, оценките да бидат поништени

Оценките од небулозното екстерно тестирање не смеат да се внесуваат во свидетелствата на учениците, тие треба да бидат поништени. Ова тестирање е погрешно и непрецизно и не може ништо да измери, вели претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов. - Учениците и родителите се под стрес. Наставниците се понижени со одземање на правото да оценуваат. Поради нападот врз...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...