fbpx
Таг: отповикување

таг: отповикување

Се повлекува чоколадо „Милка Орео“ од 37 грама, содржело пластика

Од средата, 6 март, се врши отповикување на чоколаден бар „Милка Орео“ од 37 грама, извести Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Отповикувањето го врши операторот со храна ТД Нелт СТ ДООЕЛ, која воедно е и увозник и дистрибутер на чоколадото, додека производител е компанијата „Mondelez Polska Production SP Zoo“. Причината за отповикување, според АХВ, е „присуство на пластични фрагменти“. Серискиот, односно...

Руски разорни дезинформации ја потпалуваат американската политичка сцена

Kлучниот сведок во истрагата за импичмент на претседателот Џо Бајден,  за наводно примање мито од украинска фирма преку неговиот син Хантер Бајден, покрената од републикански политичар од претставничкиот дом на САД, испадна дека не ја говорел вистината кога споделувал доверливи информации до Федералното истражно биро (ФБИ). Не само тоа, туку и според неговите изјави, тој имал контакт со руски претставници кои...

МНР го отповика амбасадорот од Чешка, Најчевска тврди хајка е поради критичките настапи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешниот брифинг информираше дека македонскиот амбасадор во Чешка, Сашко Тодоровски е отповикан од функцијата поради констатирани нерегуларности во извршувањето на мандатот. „Има констатирано нерегуларности во извршувањето на мандатот, има лажно претставување на сопругата како културен аташе, непочитување на инструкции на Министерството за надворешни работи. Ова е процедура што трае повеќе месеци“, изјави министерот...

Претседателот на бугарскиот парламент разрешен, новото мнозинство сака да ја турне и владата

Никола Минчев повеќе не е претседател на Народното собрание, односно парламентот на Бугарија откако денеска пратениците изгласаа негово разрешување. Од вкупно 239 пратеници, 125 гласаа „за“, 113 беа против негово разрешување, а еден пратеник од „Продолжуваме со промената“, партиската алијанса на премиерот Кирил Петков, беше воздржан. Во дискусиите бугарскиот премиер беше обвинуван за национално предавство во врска со Северна...

Сенатот го ослободи Трамп за обвинението дека ги поттикнал насилствата во Капитол Хил

Сенатот го ослободи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп за обвинението дека ги поттикнал немирите на шести јануари во Капитол хил, во кој имаше и загинати. На судењето, 57 сенатори гласаа дека Трамп е виновен, а 43 против. Иако имаше повеќе гласови за покренување обвинение, сепак за Трамп да биде отповикан требаше да гласаат 67 од стоте сенатори. По повод...

Сенатот гласаше да му се суди на Трамп – постапката за отповикување продолжува

Судењето во Сенатот на доскорешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е уставно правилно и ќе се одржи во рамките на постапката за негово отповикување, поради поттикнувањето на насилствата на Капитол Хил на 6 јануари и упадот во Конгресот, реши Горниот дом на Конгресот, односно парламентот на САД, јавија светските медиуми. Мнозинството сенатори не се согласија со аргументацијата на адвокатите на...

Отповикувањето на Трамп половично – претседавачот на Сенатот нема да свика седница

Откако вчера доцна вечер по македонско време Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД со 232 гласа „за“, меѓу кои и 10 пратеници од Републиканската партија, и 197 гласа „против“ донесе одлука Трамп да биде отповикан од претседателската функција, постапката речиси сигурно нема да биде завршена и тој ќе остане на функцијата до 20 јануари, кога му истекува...

Отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом, конечниот збор е на Сенатот

По неколку часа парламентарна дебата, Претставничкиот дом односно долниот дом на Конгресот на САД ја изгласа резолуцијата за отповикување (импичмент) на претседателот Доналд Трамп на помалку од една седмица пред крајот на неговиот мандат. Резолуцијата, односно одлуката, го товари првиот човек на САД за „поттикнување бунт“ за неговиот говор минатата седмица, кој доведе до насилни протести и упад во Законодавниот...

Конгресот ќе го отповикува Трамп, но за неговото отстранување од власт конечниот збор е на Сенатот

Се очекува Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД денеска да го отповика од функцијата американскиот претседател Доналд Трамп, на само една седмица пред истекот на неговиот мандат. Причината се неговите изјави кои минатата седмица доведоа до насилствата и упадот во Конгресот, при што пет луѓе ги загубија животите. Инаку, вчера Претставничкиот дом исто така изгласа Резолуција со...

Расте бројот на конгресмени што бараат Трамп да биде отповикан или отстранет од функцијата

Иако до крајот на неговиот мандат остануваат помалку од две седмици, актуелниот претседател Доналд Трамп би можел да се соочи со отстранување од функцијата во овој краток период, откако одреден број на конгресмени или сенатори од Демократската партија побараа актуелниот претседател на САД да биде отповикан или отстранет. На нив им се приклучи и еден пратеник од Републиканската партија. Причината...

Српски медиуми веќе го сменија Трамп!

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, Мета.мк редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Трамп до поддржувачите: Ваша грешка ќе биде ако ме отповикаат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на предизборен митинг во Билингс, главниот град на државата Монтана, вчера повторно се наврати на кампањата за негово отповикување од функцијата, велејќи дека ако до тоа дојде, виновни ќе бидат неговите поддржувачи што не гласале. На митингот на Мет Розендејл, кој е противкандидат за место во Сенатот на сегашниот сенатор од Демократите, Џон Тестер, Трамп...

ОМД бара конгресменот Рорабакер да биде отповикан поради изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повика претседателот на Конгресот на САД, Пол Рајан, и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти, итно да го отповикаат конгресменот Дана Рорабакер (републикански претставник од Калифорнија) од функцијата претседател на Подкомитетот за европски работи, поради неговата изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Од ОМД велат дека Рорабакер „уште еднаш се посрамоти сам...

Изгласано отповикувањето на Дилма Русеф

Бразилскиот сенат изгласа да се продолжи процесот на отповикување на претседателката Дилма Русеф, кој, според првите информации, може да трае шест месеци. Сепак, по гласањето во сенатот, а имајќи предвид дека горниот дом на парламентот минатиот месец ѝ изгласа недоверба, таа од 12 мај автоматски е суспендирана од должноста. Русеф е обвинета за нелегално манипулирање со финансиите, за во пресрет на нејзиниот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...