fbpx
Таг: отплата

таг: отплата

Кина ја одби Србија за одложено плаќање на кредитите, Александар Вучиќ бара помош од ЕУ

Српската влада неодамна се обидела да договори репрограмирање на долгот што го има кон кинеските кредитори, но партнерите од Пекинг не биле заинтересирани за било какви отстапки за одложено плаќање на кредитите, пишува српскиот портал Демостат кој го пренесува и белградскиот неделник Време. По негативниот одговор што го добиле од Кина, претседателот Александар Вучиќ побарал помош од премиерот на Луксембург,...

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата за кредитите на граѓаните

Банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања или високи трошоци за лекување, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со...

Николовски: Деновиве ќе биде исплатена дополнителната субвенција за лозарството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешниот состанок со винарските визби, на кој учествуваше и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, порача дека лани се исплатени сите обврски и субвенции за лозарите и винарските визби, а наскоро треба да стартува и исплатата на дополнителната субвенција од по два денари. -...

Министерството за финансии го отплати заемот од „Дојче банк“

Министерството за финансии соопшти дека денеска во целост го отплатило заемот од „Дојче банк“ од 2012 година, во висина од 77,3 милиони евра. Со оваа исплата, јавниот долг ќе се намали за 0,7 процентни поени од домашниот бруто-производ, се вели во соопштението. „Заемот беше со каматна стапка од 6,4 проценти и беше наменет за финансирање на буџетскиот дефицит и за рефинансирање на...

Хипотекарните кредити во Шведска лимитирани на 105 години

Шведскиот парламент го усвои законот со кој рокот на хипотекарни кредити се ограничува на 105 години, со што се настојува скандинавската нација да ги сопре високите цени на недвижности и да се намали нивото на долг по домаќинство. Како што пишува „Франс прес“, порано во оваа земја не постоеше законско ограничување за должината на траење на хипотеката, така што станбените...

Пад на девизните резерви од 67 милиони евра

Девизните бруто-резерви на крајот од третото тримесечје на 2015 година изнесуваше 2.187,4 милиони евра, што претставува пад од 67,5 милиони евра во однос на претходниот квартал, соопшти Народната банка во најновиот квартален извештај. - Намалувањето на девизните резерви во најголем дел се должи на трансакциите за сметка на државата, како резултат на остварените високи отплати врз основа на обврски кон...

Грција враќа 6,8 милијарди евра од долгот

Грчката влада утринава дала налог за отплата на 6,8 милијарди евра од долгот кон кредиторите, соопшти министерството за финансии. Станува збор за пари кои Грција им ги должи на Европската централна банка, Меѓународниот монетарен фонд и на Централната банка на Грција. ЕЦБ ќе добие 4,2 милијарди евра, а ММФ 2,05 милијарди, кои се заостанатата рата што требаше да биде исплатена до 30 јуни....

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...