fbpx
Таг: отпад

таг: отпад

Вистиномер: Наместо стандардизирано депонирање на отпад, во полошко со децении се создаваат диви депонии

Во последниот Извештај на Европската комисија, во Поглавјето 27 – делот за управување со отпад, меѓу другото стои дека слабите административни капацитети, ниската примена и ограничената меѓусекторска соработка остануваат главна пречка за напредок во овој сектор. Воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и понатаму се соочува со одложувања, а нестандардните и дивите депонии претставуваат важен проблем за...

Лани собрани 11.000 кубици од скопските ѓубришта, се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден

Скопска „Комунална хигиена“ лани собрала 11.000 метри кубни расфрлан отпад по дивите депонии во главниот град, а во 2021 година нивната еко-патрола изготвила вкупно 1.359 информативно-едукативни записници на граѓани и правни субјекти коишто биле затекнати како неправилно одлагаат отпад. Во просек, лани се пишувале по 3-4 записници за расфрлан отпад секој ден, а по врачувањето на записниците, сторителите отстраниле вкупно...

Паднато дрво со денови закотвено во коритото на Вардар, на терен „галиите“ не се рушат [фото]

Паднато дрво и друг отпад со денови се закотвени во речното корито на Вардар во центарот на Скопје. Мета.мк на 2 и 9 јануари ја забележа препреката од дрво кај една од „галиите“ спроти Археолошкиот музеј, додека денеска истото дрво беше закачено на една од врбите и повеќе од една недела наназад не е отстрането. Наталожениот отпад кај „галијата“ ја...

Вистиномер: Тетовци никако да ги наполнат градите со чист воздух, градот под Шара најзагаден во свет

Локалните власти во Тетово, од она што се гледа на терен, немаат спроведено активности за намалување на аерозагадувањето. Погрешните политки со дозволи за градби, индиферентниот однос кон узурпаторите, дивите депонии, придонесоа Тетово да биде број еден загаден град во светот. Сегашната локална власт, пак, во својата предизборна програма вети дека ќе се залага за обновливи извори на енергија, фабрика за...

Како да се живее подобро за животната средина? – Упатства од „Гоу грин“

Животната средина и местата за живеење бараат постојано внимание од секој поединец, бидејќи загадувањето доаѓа од најразлични страни, може секој да го предизвикува, и за тоа треба сите да внимаваме како се однесувам, порачува организацијата „Гоу грин“. Таа акцентот го става на управувањето со отпадот и на законските мерки за тој важен сегмент на заедничкото живеење. Постапувањето со отпадот мора...

Партиските вработувања во комуналните претпријатија како пречка за изградбата на регионалните депонии

Управувањето со отпадот во земјава, особено делот на имплементирањето на законот за отпад, не е имуно на корупција, која ја попречува побрзата реализација на проектот за воспоставување на регионални депонии. Во земјава, и по 17 години од донесувањето на законот, кој е првиот во земјава што е целосно синхронизиран со европското законодавство, сè уште има 54 општински диви депонии...

Еколозите со порака: Отпадот навистина да биде суровина и да се рециклира со новите закони

Отпадот навистина да стане суровина и да се рециклира, а не да се дозволи да биде уште поголема опасност за животната средина, апелираат граѓанските организации во однос на новините кои ги овозможува новиот пакет закони за управување со отпад. Можноста за селекција на отпадниот текстил, гуми, масла и автомобилски школки, не смее да се претвори во начин за создавање на...

Елези: Проблемот со отпадоците не се решава преку ноќ, треба да тргнеме од себе

Зибиџет Елези, еколошка активистка, за Порталб.мк зборуваше за проблемот со отпадоците, депониите и недостигот на рециклирање во Тетово. Според неа, проблемите во животната средина не може да се решат преку ноќ, меѓутоа може да се почне со рециклирање и со личен придонес. Како го гледате вие проблемот со отпадоците во нашата земја? Секој од нас, во населбата каде што живее, се соочува...

Пластичната амбалажа од декември ќе биде забранета во заштитените подрачја во земјава

Од 1 декември нема да смеат да се употребуваат пластични производи за една употреба во угостителските објекти кои се наоѓаат во заштитените подрачја во земјава. Ова денеска го најави министерот за животна средина Насер Нуредини, на прес конференција посветена на новиот пакет закони за отпад. Нуредини потенцираше и дека од декември нема да смее да се продаваат ниту пластични кеси...

Отпадот од топењето старо железо во „Макстил“ ќе се користи како градежен материјал

Отпадната троска, која се добива при процесот на топење на старото железо во скопската фабрика „Макстил“ ќе се користи како суровина за производство на тампон за асфалтирање улици и како делумна замена на цемент во производство на бетонски блокови. Иновацијата, што денеска во кругот на фабриката беше промовирана пред вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за животна...

Елези: Загадувањето на реката Пена носи голема опасност од ширење на болести

Коритото на реката Пена во Тетово е преполно со отпадоци. Несовесните граѓани, освен отпадоци од домаќинствата фрлале и градежен шут, мебел и најразлични материјали. Сликите што можат да се видат во коритото на реката Пена се доста вознемирувачки, бидејќи поради овие отпадоци може да се појават големи опасности. Порталб.мк разговараше со Зибиџете Елези, магистер по животна средина, која подетално...

Лани загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина [инфографик]

Во Македонија лани е забележано загрижувачко намалување на трошоците за заштита на животната средина. Во развиените земји, надминувањето на загадувањето се решава по принципот „загадувачот плаќа“, што повлекува со себе подмирување на трошоците за заштита на животната средина, кои треба да ги сноси правното или физичкото лице кое го врши самото загадување на почвите, водите, воздухот, шумите или пак...

Тетово полно со отпадоци, одговорните за чистота не одговараат на повици бидејќи се „на состанок“

Надлежните за чистење на отпадот на градот Тетово, немаат време да одговорат на новинарите за нечистотијата во градот, бидејќи се „зафатени“ со состаноци, додека граѓаните и понатаму го „поднесуваат“ ѓубрето и реата што се шири од нечистотијата, во ова време со високи температури и во состојба на пандемија. И покрај тоа што градоначалничката на Тетово, Теута Арифи ветуваше транспарентност,...

Се работи на иновација на нова пластика која би се разградувала за една недела на сонце и кислород

Пластиката како еден од најголемите загадувачи на животната средина за пет до десет години би можела да постане отпаден материјал којшто би се разградувал за една недела на сончева светлина или кислород, јавува Независен.мк. Во престижното научно списание „Journal of the Americal Chemical Society“ е објавен трудот од девет научници, предводени од Лианг Луо од Универзитетот за наука и...

Екологистите бараат Владата да каже кој е стратешкиот партнер за фабриката за отпад во Неготино

Граѓанскиот инспекциски совет и еколошките активисти од О2 Иницијатива бараат Владата да ги каже сите детали за најавената стратешка инвестиција во фабрика за отпад во Неготино. Екологистите се незадоволни што информациите протекуваат парцијално и од различни извори, а многу често се и спротиставени меѓу себе. Од Испекцискиот совет велат дека проблемите со депониите во Македонија веќе се огромни и загрозувачки...

Владата ја означи за стратешки проект фабриката што ќе согорува и обработува отпад во Неготино

Друштвото за трговија и услуги „Зока енерџи солушн увоз“ од Неготино, ќе добие статус на стратешки инвестициски проект, одлучи Владата на вчерашната седница. Одлуката е донесена, како што соопштуваат од владиниот кабинет, врз основа на предлогот на Комисијата за стратешки инвестициони проекти, која го разгледала целокупното барање и документација и извршила техничка, финансиска и правна проценка на досието на проектот:...

02 Иницијатива ќе предложи амандмани на законите за управување со отпад, бараат регулативата да биде применлива на терен

За нас клучно треба да биде носењето на закони кои ќе овозможат подобра состојба на терен, а не дали законите се од збор до збор препишани од ЕУ регулативата без осврт на нашата реалност, велат за „Мета.мк“ од граѓанската 02 Иницијатива во однос на пакетот закони кои се однесуваат на управувањето со отпад, кои се наоѓаат на разгледување во...

Со селектирање пластика во новите вендинг машини граѓаните ќе добиваат зелени поени и награди

Пластичните шишиња во иднина ќе може да се селектираат во новите вендинг машини, што од денеска се поставени во некои од маркетите низ државата. Граѓаните кои пластичната амбалажа која ја употребиле ја однесат на рециклирање ќе можат да добијат „зелени поени“ кои можат да ги искористат за купување производи, како и за плаќање на општински и јавни услуги. „Вендинг машините...

Кампањата „Чиста Преспа, моја Преспа“ со голем број на активности за чистење на Преспанскиот регион

Во текот на изминатите десетина денови се интензивираше чистењето на Преспа во рамките на кампањата „Чиста Преспа, Моја Преспа“, информираат организаторите на овој настан. „Од 14 јуни започнаа поголеми зафати со тешка механизација за чистење и уредување. Вработените од специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација-Отешево, спроведоа акција на чистење во дворот на болницата. Во исто време во Општина Ресен,...

Неформалните собирачи на пластика да се вмрежат во одржлив и зелен систем на селекција на отпад

Речиси 90 отсто од селектираниот отпад во земјава, најчесто пластика и хартија, го собираат неформалните собирачи. Неколку илјади луѓе од најниското социјално скалило живеат од овој бизнис и имаат потреба да се вмрежат во одржлив и зелен систем со кој правилно ќе се управува со отпадот. Паралелно со тој процес неопходно е да се работи на јакнење на свеста...

Во Нежилово одржана работилница на која 12 млади изработија стрипови

Во село Нежилово, од 18 до 21 април беше организирана четиридневна едукативна стрип работилница, на која 12 млади таленти од различни градови кои цртаа стрипови. Потоа, заедно со нивниот...