fbpx
Таг: отпад

таг: отпад

„Кепс Монт груп“ ќе се жали на одлуката на Општина Велес да не им даде Б-интегрирана дозвола

Општината Велес не му издаде Б-интегрирана дозвола на концесионерот „Кепс Монт груп“, заради тоа што отпадот во депонијата од топилницата не го третира како историска жешка точка, туку како техногена минерална суровина. Во решението општинарите навеле дека го отфрлаат барањето на компанијата за продолжување на дозволата, бидејќи постоеле опасности, заради начинот на кој се предлага да се работи на...

ЕУ донесе нова регулатива за отпад од пакување, што ја чека Македонија?

Анализа за Порталб.мк на Малинка Ристевска Јорданова, Институт за европска политика Овој месец е постигната согласност во ЕУ за ревизија на не толку одамна ревидираната Директива за пакување на отпадот (во 2018 година). Зошто беше потребна оваа ревизија? Европската комисија признава дека Директивата која е дел од пакетот за циркуларна економија не успеала да ги постигне основните цели – да се...

Тендерот за регионалната депонија во Свети Николе чека одобрение од финансии и од ЕУ

Тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја изгради регионалната депонија во Мечкуевци, Свети Николе сè уште не е објавен. Иако беше најавено дека ќе биде распишан најдоцна во јануари годинава, во моментов тендерската документација е на одобрување во Министерството за финансии и Делегација на ЕУ. Од Министерството за животна средина за Мета.мк информираат дека тендерот ќе биде...

Троската од Велес може да се реупотреби и така ќе се чисти, тврдат од Министерството за животна средина

Троската од депонијата на некогашната топилница во Велес е отпад што може повторно да се употреби заради металите кои ги содржи во себе. Истиот случај е и арсенот од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“, за кој исто така ќе се бара концесионер што ќе треба да го изнесе надвор од државата, за понатамошно искористување на металите кои ги содржи....

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат наведени двете дополнителни дејности кои...

Аеродром се дави во ѓубре, општината бара Град Скопје итно да преземе мерки

По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, реагираат од Општина Аеродром. Фотографии од ѓубрето расфрлано околу контејнерите во Општина Аеродром, кое не е исчистено со денови, се споделуваат и...

Еко-патролата издала 596 записници за непрописно оставен отпад

Еко-патролата на јавното претпријатие Комунална хигиена изготвила вкупно 596 едукативно-информативни записници кои им биле врачени на граѓани и на правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад во реонот на сите скопски општини, информираат во претпријатието. „Еко-патролата реализираше секојдневни дежурства на дваесетина локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини. Беше спроведен зачестен патролен надзор...

Плоштадот „Скендербег“ од 14 милиони евра е во очајна состоја, отпадоци на секој чекор

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје е главното место каде Албанците одржуваат културни, уметнички, но и политички и граѓански настани. Проектот кој граѓаните ги чинеше 14 милиони евра и кој владејачката ДУИ со години го пропагира како гордост и ремек дело, денес е покриен со отпадоци, без функционален лифт и ескалатори, пишува Порталб.мк. Ќе се отстранат двете полусферични тенди Поради ниските температури Општина...

Кривична пријава за 23-годишна скопјанка за тргување со отпад

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднело кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад", соопшти МВР. Од полицијата известија дека при извршена контрола на 27 јули годинава од страна на полициски службеници и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат...

Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница за сметот со градските советници

Вонредна седница на Советот на Град Скопје беше свикана денес за несобирањето на ѓубрето кое деновиве го преплави Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на вонредната седница, исто како и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Според вчерашните изјави, тие проблемот со ѓубрето, односно со еколошката катастрофа која траеше четири дена, веќе го сметаат за...

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот застој со одлагањето на...

За два дена Комунална хигиена подигнала 1.130 тони отпад

Во текот на изминатите два дена беа подигнати и транспортирани вкупно 1130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства, соопшти денес ЈП Комунална хигиена-Скопје. Екипите на ова јавно претпријатие, според соопштението, отстраниле и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини. „Почнувајќи од првата смена...

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или се соочува со казна до 98.000 евра

„Комунална хигиена“ мора да го собира ѓубрето или ќе се соочи со санкција до 98.000 евра. Државниот инспекторат за животна средина вчера и денеска правеше вонредна контрола во скопското јавно комунално претпријатие по случувањата со протестот на вработените што резултураше со преполнување на контејнертите и затрупување на градот со отпад. Директорот на ДИЖС, Сретен Стојковски вели дека денеска на директорката...

Во акциска контрола утврдени неправилности во четири отпади

Полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола, во Битола, Ресен и Прилеп, заедно со инспектори од Државен инспекторат за труд, УЈП и Министерството за животна средина спровеле акциска контрола во фирми кои се занимаваат со откуп на секундарни суровини. Од МВР соопштуваат дека во Битола биле контролирани три отпади, од кои во два биле констатирани неправилности. Во Ресен била извршена...

Светски ден на животната средина: Половината од произведената пластика е за еднократна употреба

Под мотото „Време е да го победиме загадувањето од пластиката“ (It is time to #BeatPlasticPollution), денеска се одбележува Светскиот ден на животната средина. Годинава, фокусот е ставен на отпадот, особено пластиката, како потсетник дека активностите на луѓето за намалување на загадувањето на природата се важни, како и дека транзиција кон кружна економија и чекорите што владите и бизнисите треба...

„Генералка викенд“: Волонтери ја чистат депонијата кај Јажинце

„Отпадот што нè окружува е наш производ. Ние луѓето сме го создале и сме го оставиле зад нас. Да покажеме совесност и одговорност за своето однесување кон природата, да се вклучиме во најголемата волонтерска акција „Генералка викенд“ и собирајќи го отпадот да и го вратиме сјајот на природата“, рече министерката за животна средина и просторни планирање, Каја Шукова од...

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе за регионалната депонија за отпад

Министерството за животна средина ги одзема ингеренциите на Општината Свети Николе и градоначалникот Дејан Владев, за управување со јавното претпријатие кое треба да управува со идната регионална депонија и шесте претоварни станици. Одлуката на Министерството следува откако Општината и градоначалникот не ја прифатија предвидената локација на која треба да се изгради регионалната депонија. Живка Михајлова координатор на проектот од Источно...

Исчистени 25 кубни метри отпад од Капан Ан

Во текот на последните неколку дена, тимовите на ЈП Комунална хигиена-Скопје исчистија приближно 25 кубни метри отпад од Капан Ан во Старата скопска чаршија. Според изјавата на в.д.директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, вработените излегле на терен по пријава од граѓаните, кои се пожалиле дека голема количина отпад го пречи движењето на луѓето околу Капан Ан и го...

Еко-свест: Аерозагадувањето зависи од нас, да не се горат несоодветни материјали при затоплување

Греењето на домаќинствата е најголемиот извор на загадување на воздухот, а повеќе истражувања спроведени за квалитетот на воздухот од последнава декада од институции како што се: МЖССП, УНДП, Град Скопје и научни студии, покажуваат дека загревањето на домаќинствата е најголемиот извор на цврсти честички, велат од „Еко-свест“. Овие истражувања покажуваат дека кулминацијата на високо загадување, многу над нормалата и...

Утре на Школка се организира прв саем на социјални претпријатија кои нудат еко услуги/производи

Утре од 11 до 16 часот на Школка во Градски парк во Скопје ќе се одржи првиот саем за социјални претпријатија кои нудат услуги и/или производи за намалување, реупотреба, селектирање и рециклирање отпад во организација на Биди Зелен  Bëhu i gjelbër – REduce, REuse, REcycle. „Потребата за организирање на ваков тип на настани е исклучително важна поради нискиот процент на...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...