fbpx
Таг: откриени

таг: откриени

Спасовски: Заедничките патроли открија 858 мигранти со лажни документи

Македонските полицијци и нивните колеги од неколку земји на Европската унија и од регионот, распоредени на јужната граница, досега откриле 858 мигранти кои користеле лажни или фалсификувани документи за влез во земјава. Ова, меѓу другото, го истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната средба со експерти од полициите на земјите од Вишеградската група (Словачка, Чешка, Полска и Унгарија),...

Во комби пронајдени тројца мигранти од Авганистан, полицијата трага по возачот

Екипа на неготинската сообраќајна полиција вчераноќ кај тунелите во Демир Капија запрела возило во кое, засега непознато лице превезувало тројца мигранти од Авганистан. Како што информираат од МВР, возачот на комбито, марка „мерцедес“, со бугарска национална ознака, не застанал на знакот на полициските службеници и продолжил со движењето, а по околу 500 метри го запрел возилото и се дал во...

Во автомобил откриени осум мигранти од Иран, полицијата трага по возачот

Вчера полицијата регистрирала нов случај на шверц на мигранти, откако при контрола на автомобил открила осум државјани на Иран, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, вчераноќ, околу 1 часот, на автопатот Гевгелија - Скопје, кај бензинската пумпа во Демир Капија, полициски службеници се обиделе да запрат возило, марка „мазда 323“, кое не застанало. Полицајците веднаш тргнале по...

Кај Демир Капија, во возило откриени 16 илегални мигранти

Полициски службеници, синоќа околу 1.35 часот, во возило кое се движело на автопатот Удово - Неготино, откриле 16 илегални мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според МВР, полицајците, откако не успеале да го запрат возилото, марка „рено сценик“, кое не застанало на нивиот знак и продолжило да се движи со зголемена брзина, тргнале по него. Кај клучката Демир Капија,...

Откриени мигранти од Пакистан во куќа во Велес

Полициска екипа вчера, во куќа во непосредна близина на железничката пруга во Велес, открила група од седум мигранти од Пакистан, кои пред четири дена илегално влегле во земјава од Грција. Според полициските информации, откако илегално влегле во земјава, мигрантите тргнале пеш кон Србија, а вчера се сретнале со Р.С. (18) од Радовиш, со кој се договориле за сума од 190...

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во автомобил во Валандовско

Тринаесет мигранти, со потекло од Ирак, во вторникот вечерта биле откриени како се превезуваат во автомобил, чиј возач побегнал откако полицијата се обидела да го запре возилото. Како што информираат од МВР, случајот бил регистриран во вторникот, околу 20 часот, на локалниот пат меѓу селата Марвинци и Удово, кога полициска екипа се обидела да запре автомобил, марка „мерцедес“. И покрај...

Полициска патрола спречила кражба на 21 икона од црква во Дебар

Патрола на дебарската полиција утрово спречила кражба на икони од црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во градот, која се обиделе да ја извршат три засега непознати лица. Како што иформираат од полицијата, патрола на полициската станица во Дебар, утрово, околу 3 часот, на улицата Павле Џиковски забележала три лица како во автомобил, марка „голф“ со дебарски таблички, товараат предмети. Тројцата,...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...