fbpx
Таг: откриени

таг: откриени

Тринаесет мигранти од Ирак откриени во камион на граничниот премин Богородица

Полициска екипа и службеници на Царинската управа синоќа, околу 20.45 часот, на граничниот премин Богородица, при контрола на камион со бугарски регистарски ознаки, управуван од 45-годишен грчки државјанин, откриле група од 13 мигранти од Ирак, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Мигрантите, како што информира МВР, биле пронајдени во специјално направен бункер во предниот дел на приколката, веднаш зад кабината...

Возило со 14 мигранти откриено кај селото Удово

Полициска екипа од Валандово вчера на бензинската пумпа кај селото Удово, пронашла автомобил, марка „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, во кое имало 14 мигранти од Пакистан, информира МВР. По извршениот увид, автомобилот и мигрантите биле преземени од екипа од полициската станица од граничниот премин Богородица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По негова наредба, возилото било задржано во...

Романската гранична полиција открила 111 мигранти во камион

Романската гранична полиција открила 111 мигранти, кои биле сокриени во приколка од камион, и ги спречила да ја напуштат земјата и да се упатат кон Западна Европа, јавуваат агенциите. Полицијата ја открила групата мигранти, меѓу кои имало и деца, на романско-унгарската граница, вчера вечерта. Мигрантите биле со потекло од Ирак, Сирија, Иран, Авганистан, Пакистан и од Индија. Возачот, инаку романски државјанин,...

Притворен српски државјанин фатен во шверц на 47 мигранти кај Демир Капија

Полициска екипа вчераутро во товарно возило, на автопатот Удово - Неготино, кај тунелите кај Демир Капија, открила 47 мигранти од Сирија, Пакистан и од Авганистан, информираше денеска МВР. Според полицијата, вчера околу 7.30 часот полициските службеници дале знак за запирање на автомобил марка „голф“ со скопски регистарски ознаки и на товарно возило „ивеко“, исто така со скопски таблички, кои не...

Откриени 40 мигранти од Сирија во камион на патот Штип – Кочани

Полициска екипа синоќа, околу 23.30 часот, во камион кој се движел на патот Штип - Кочани открила 40 мигранти со потекло од Сирија, информираше денеска МВР. Полицајците го забележале камионот кај местото Штипска петља, и му дале знак да застане, но возачот продолжил, а по околу еден километар, го запрел возилото и побегнал. „При контрола во товарното возило биле пронајдени 40...

Во возило пронајдени 12 мигранти од Сирија, од нив осум деца

Вчераутро, околу 9 часот, полициска екипа на локалниот пат Кавадарци - Конопиште, во возило, марка „рено еспејс“, со скопски регистарски ознаки, пронашле 12 илегални мигранти со потекло од Сирија, информираат од МВР. Според полициските информации, од мигрантите четворица биле возрасни лица, додека другите осум биле деца. Мигрантите биле приведени, а според МВР, шестмина од нив ќе бидат задржани во Прифатниот центар за...

Кичевец се обидел да прошверцува 22 златници на „Александар Велики“

Царински тим на скопскиот аеродром „Александар Велики“, вчера попладне, во багажот на македонски државјанин, кој пристигнал од Рим, открил 22 златници вредни 12.000 американски долари, соопштија денеска од Царинската управа. Како што информираат оттаму, станува збор за кичевецот Н.Р., кој, иако се упатил кон зелениот канал, каде минуваат патници кои немаат што да пријават, цариниците сепак го селектирале за детална...

Откриени 39 мигранти во напуштено комби во Куманово

Полициска патрола вчераутро во населбата Доброшане, Кумановско, во напуштено комби пронашла 39 мигранти, од кои 21 биле малолетници, информираат од МВР. Како што информираат оттаму, вчера околу 3 часот, сообраќајна патрола на кумановската полиција, кај обиколницата Куманово - Свети Николе, забележала товарно возило, марка „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки, кое било придружувано од две возила, марка „ауди а3“ и...

Во „лада нива“ откриени 12 мигранти, возачот побегнал

Полициска патрола синоќа, околу 23.50 часот, на регионалниот пат Гевгелија - Смрдлива вода во возило, марка „лада нива“ пронашла 12 мигранти кои илегално влегле на територијата на државата. Според МВР, при контролата на возилото, кое било без регистарски ознаки, полицајците откриле 11 мигранти од Сирија и еден од Ирак, додека возачот успеал да побегне. При прегледот на возилото, биле откриени гевгелиски...

Во камион откриени 31 мигрант, возачот во бегство

Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ поднел кривична пријава против 21-годишниот Д.И. од Велес, осомничен за криумчарење на мигранти, информираат од МВР. Според полицијата, завчера мешовит патролен тип на автопатот меѓу селата Прдејци и Смоквица, забележал товарно возило марка „рено“, чиј возач, при обидот на полицајците да извршат контрола, успеал да побегне. При прегледот на товарното возило, полицајците откриле 31 мигрант,...

Скопјанец шверцувал мигранти во багажник од автомобил

Синоќа, околу 22.45 часот, при контрола на автомобил на автопатот Гевгелија - Скопје во близина на Демир Капија, полициска екипа во багажникот на возилото открила двајца илегални мигранти од Пакистан, информира МВР. Станува збор за возило, марка „бмв“, со скопски регистарски ознаки, што го управувал 23-годишниот Н.Н. од Скопје. Како што информираат од МВР, возачот бил приведен и задржан во...

Скопјанец и државјанин на Србија фатени при транспорт на 34 мигранти

Полициски екипи, вчера, во два одвоени случаи откриле поголема група на илегални мигранти, кои биле превезувани со возила, што ги управувале жител на Скопје и државјанин на Србија. Во едниот случај, како што информираат од МВР, полициска екипа, вчера околу 5 часот, во возило, марка „цитроен“, со штипски регистарски ознаки, затекнала 10 мигранти, од кои девет биле со потекло...

Српски државјанин фатен при шверц на 29 илегални мигранти

Вчера, околу 7.30 часот, на стариот пат Удово - Демир Капија, полициски службеници откриле 29 илегални мигранти при контрола на возило со српски национални ознаки, информираат од МВР. Товарното возило, марка „ивеко“, го управувал 23-годишен српски државјанин со иницијали Н.Т. Против него е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од 30...

Откриени 12 илегални мигранти на патот Демир Капија – Неготино

Дванаесет илегални мигранти утрово биле откриени од полицијата на регионалниот пат Демир Капија - Неготино. Мигрантите, од кои 11 биле од Авганистан и еден од Пакистан, се превезувале со возило, марка „фолксваген пасат“, чиј возач успеал да ѝ побегне на полицијата. „На регионалниот пат Демир Капија - Неготино, полициски службеници забележале патничко возило „фолксваген пасат“, кое во близина на село...

Македонски државјанин фатен со 99.000 евра и со 47 пакети злато на српската граница

Српски цариници при контрола на возило марка „фолксваген пасат“, со кое управувал македонски државјанин, пронашле големо количество девизи и златен накит, јавуваат српските медиуми. Возилото било пријавено за влез во Србија, а парите и златото биле пронајдени сокриени кај менувачот на автомобилот. Според првичните информации, станува збор за сума од 99.000 евра и за 47 пакети со злато, кое сè уште...

Полицајци спречиле шверц на осуммина мигранти кај Василево, Струмичко

Синоќа, околу 20.30 часот полициски службеници спречиле обид за криумчарење на мигранти кај селото Василево. Како што информираат од МВР, полицајците во возило, марка „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, пронашле осум мигранти, од кои шестмина биле со потекло од Пакистан и двајца од Ирак, односно од Либија. Возачот успеал да побегне и полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и расчистување...

Во куќа во Ваксинце откриени 77 мигранти

Вчера попладне, околу 17.30 часот, во Секторот за вантрешни работи Куманово мигрант пријавил дека бил нападнат од непознато лице во куќа во селото Ваксинце, кое го удирало по главата и му барало пари, информираат од МВР. Мигрантот пријавил дека успеал да побегне, но во куќата останало неговото семејство. Полициска екипа заминала на местото, каде бил извршен разговор со мигрантот, но...

Германската полиција истражува документи со идентитети на борци на ИД

Германската полиција за борба против тероризмот почнала истрага во врска со документи што ги откриваат идентитетите на голем број борци на Исламска држава (ИД), јавува „Би-би-си“. Според британските и германските медиуми, кои дошле до документите, станува збор за прашалници за регрутирање кои го откриваат идентитетот на илјадници поддржувачи на ИД од околу 50 земји. Како што пренесува британскиот национален сервис, документите содржат...

Српски државјанин низ Македонија шверцувал мигранти од Пакистан и од Иран

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднел кривична пријава против 36-годишниот српски државјанин Н.Х., во чие возило полицијата вчера открила 33 илегални мигранти од Пакистан и од Иран, информира МВР. Според пријавата, српскиот државјанин се товари за криумчарење мигранти. Тој вчера, околу 18.45 часот, бил предаден во истражниот затвор „Скопје“, откако судија на претходна постапка му одредил мерка притвор од...

За два дена откриени девет илегални мигранти во Кумановско

Синоќа, околу 23 часот, полициска екипа при контрола на возило во близина на наплатната станица Романовце, открила пет илегални мигранти со потекло од Пакистан. Како што информираат од МВР, возилото, марка „бмв“, во кое биле мигрантите, го управувал 50-годишен српски државјанин. Според полициските информации, еден ден претходно, при претрес на куќа на жител на кумановското село Ваксинце, полициски службеници го...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...