fbpx
Таг: отчетност и транспарентност

таг: отчетност и транспарентност

„Златен медал“ од новинарите за Данела Арсовска за нетранспарентност

Колку Владата е подолго на власт толку понетранспарентни стануваат институциите, велат повеќе новинари со кои разговараше Мета.мк, а во однос на тоа колку се задоволни од транспарентноста на владините, јавните и државните институции, локалната самоуправа во годината што измина. Општ впечаток е дека по доаѓањето на Димитар Ковачевски на премиерското место, транспарентноста на Владата е намалена, односно често се...

Мета факт: Власта не ги ажурираше податоците за трошењето на функционерите

Владата сè уште нема објавено решение со кое институциите транспарентно, редовно и самостојно ќе внесуваат дигитални податоци за направените службени трошоци на министрите, нивните заменици и државните секретари. Иако од Владата во април годинава за Мета.мк изјавија дека Алатката за отчетност за трошењето на функционерите е во застој поради извесни промени во системот, половина година подоцна, јавноста сè уште...

Наградно прашање е колку пораки и повици се потребни за министерот Меџити да одговори на прашања од јавен интерес

За да се добие било каков одговор од Министерството за здравство за теми од јавен интерес од кои се засегнати граѓаните, мора во чекор да се прати агендата на министерот за здравство Фатмир Меџити, па во периодот додека е на некој настан, во посета на некоја болница или пушта во употреба нов апарат, да се искористи по некоја минута...

Грковска: Етичкиот кодекс го прекршиле Груби, Османи, Тупанчевски, Џемаили и Димовски

Артан Груби, Методија Димовски, Никола Тупанчевски, Хисни Џемаили и Бујар Османи, добиле опомени за непочитување на Kодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од Владата. Ова го кажа на денешниот брифинг со новинарите вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. „Без оглед на сè и без оглед на тоа за кого...

Индекс на активна транспарентност: Министерствата и Владата објавуваат 79 отсто од потребните информации

Активната транспарентност или објавувањето на информации на сопствена иницијатива на институциите, без некој да има доставено барање за пристап до тие информации, на министерствата, Владата и на општините за 2021 година изнесува 63 отсто (од максималните 100 отсто). Во однос на 2020 година, активната транспарентност е подобрена за 5 процентни поени (од 58 на 63 отсто). Министерствата и Владата...

Отворени над 100 податочни сетови од 17 единици на локалната самоуправа

Како дел од напорите за подобрување на транспарентноста и отвореноста на локално ниво, Фондацијата Метаморфозис во рамки на проектот на УСАИД за граѓанско учество, ги продолжи активностите за обезбедување поголема транспарентност и отвореност на единиците на локалната самоуправа. Како што информираат од Фондацијата Метаморфозис, 17 единици на локалната самоуправа отвориле над 100 податочни сетови како резултат на поддршката која ја...

ЦГК: 30 најголеми државни претпријатија лани имале приход од 732 милиони евра, но слаба транспарентност и отчет

Вкупниот приход на 30-те најголеми претпријатија основани од државата и од локалната самоуправа за периодот од 2015 до 2019 година изнесуваат 45 милијарди денари (732 милиони евра), а во нив работеле вкупно 22.140 работници. Приходите се зголемиле за само 2 отсто, а просечната стапка на профитабилност кај нив во овој период изнесувала скромни 6 отсто. Средствата што ги поседуваат...

Полошкиот регион претпоследен по транспарентност со полош резултат од минатата година

Со намалена активна транспарентност од еден процентен поен, Полошкиот регион е претпоследен од осумте плански региони и еден од двата со полоши резултати од лани, покажува Индексот на активна транспарентност за 2020 година, што го објави Центарот за граѓански комуникации. Годинава активната транспарентност, односно објавување информации по сопствена иницијатива, на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) е...

ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и според градацијата на нивоата, спаѓа...

Владината комуникациска стратегија дополнета со три нови документи

Владата на вчерашната седница го усвои дополнувањето на нејзината Комуникациска стратегија за периодот 2019 - 2020 година, која има за цел на транспарентен начин да информира за владините политики, информираат од владината прес - служба. „Комуникациската стратегија се дополнува со три документи во делот на кризните комуникации, внатрешните комуникации, како и со осум модули за официјалната обука за воведување во...

Извршната власт е полуотворена за граѓаните (инфографик)

Македонската извршна власт исполнува половина од индикаторите за отвореност, заклучува најновата студија на јавна политика на  Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ и регионалната мрежа на НВО-и „ACTION SEE“, во која се анализира нивото на транспарентност, отвореност и отчетност на извршната власт во регионот на Западен Балкан. Вкупната оценка од 53 отсто е доделена за исполнување на индикаторите во областите...

Со нова алатка ќе се следи колку капитални инвестиции се реализирани

Министерството за финансии од денеска ја направи достапна алатката http://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/, со која граѓаните ќе можат да следат колку институциите ги реализираат капиталните инвестиции што ги ветиле на самиот почеток од годината. Како што информираат од ова министерство, јавноста ќе може да ја следи реализацијата на капиталните инвестиции за секое министерство, дирекција, агенција, односно секој буџетски корисник одделно, и преку тоа...

Поповски: Ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести

На панелот „Медиумите во дигиталната ера: Борбата против лажните вести“ на Дигиталниот самит кој денес завршува во Скопје, министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, рече дека Велес, за жал, станал синоним на лажните вести. - Ние ќе се обидеме Велес да стане синоним на борбата со лажните вести не само во тој град, туку и во Македонија – рече...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...