fbpx
Таг: отчет

таг: отчет

Османи: Успеавме во последен миг да ја извлечеме државата од балканскиот вртлог

Бевме сведоци на еден интензивен и динамичен период со многу случувања во надворешната политика на сите нивоа, од глобални, преку европски, до регионални, а посебно на домашни случувања кои никого не оставија рамнодушен, но сепак беа историски одлуки што даваат одредени насоки на движење на надворешната политика, но и на државата и општеството во целина. Ова го истакна министерот...

Истражување: Само 38 отсто од општините годинава дале отчет кон граѓаните

Во 2020 година само 38 отсто од општините дале отчет кон граѓаните за преземените и спроведени активности во 2019 година, покажува новото истражување на Центарот за економски анализи (ЦЕА) со наслов „Фискалната транспаретност на општините во Северна Македонија“. „Ова укажува на ниска свест на општините за нивната отчетност за сработеното во минатиот период. Честопати, општините се повикуваат дека годишниот извештај...

Бочварски најави стадион во Штип според стандардите на ФИФА

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски понуди нов проект за граѓаните, на отчетот за неговата едногодишна работа. Станува збор за проектот за стадион со хотелски комплекс и две трибини со капацитет за 5.900 гледачи според стандардите на ФИФА, каде би можела да игра и репрезентацијата. Стадионот не беше во позначајните проекти од неговата програма, но синоќа, на отчетот, градоначалникот рече дека...

Димитров ќе дава отчет за надворешната политика пред пратениците

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика ќе го презентира извештајот за остварувањето на надворешната политика и меѓународната положба на Република Македонија, а ќе бидат претставени платформите за дипломатските активности на вонредните и ополномоштени амбасадори на Република Македонија во Осло, Кралството Норвешка Серџим Мухамед, во Република Полска Васил Пановски, во Црна...

Проблемот со загадениот воздух, еден од приоритетите на Шилегов за 100 дена мандат

Заштита на животната средина и подобрување на состојбата со загадениот воздух, биле приоритетите на градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во првите 100 дена од мандатот. Тој денеска даде отчет за сработеното. „Тројно го зголемивме буџетот за заштита на животната средина, кој за 2018 година изнесува 141 милиони денари, што претставува речиси трипати повеќе од ребалансот на буџетот од 2017 година, кој...

Таравари: Советот за јавни набавки е виновен за доцнење на испораката на лекови

Министерот за здравство, Арбен Таравари, вината за доцнење на испораката на некои лекови ја лоцира во Советот за јавни набавки, а не во Министерството за здравство. Тој појасни дека кога пред шест месеци една фирма конкурирала за испорака на лекови, немало проблем, а сега, кога истата фирма конкурира со истите стандарди, има проблем пред Советот за јавни набавки. - Има еден Совет за...

Алаѓозовски: „Скопје 2014“ е како вирус што прво треба да се стави во карантин

Проектот „Скопје 2014“ го сметаме како еден вид вирус што прво треба да го ставиме во карантин, да го третираме изолирано, па откако ќе направиме одлуки што понатаму со овој проект, може, евентуално, да го планираме во идниот развој, изјави денеска министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, на прес-конференција за првите 100 дена од мандатот на Владата. Тој информираше дека петчлена...

ВМРО-ДПМНЕ: Барањето алиби за увоз на струја е погрешен потег

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на генералниот директор на АД ЕЛЕМ, Драган Миновски, за која од партијата велат дека е обид на Владата да се „испере за скандалозните тендери во ЕЛЕМ, кои ги добиваат фирмите на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев“. „Барањето алиби за увоз на електрична енергија со однапред познат увозник е погрешен потег. Доколку новото раководство на...

Тевдовски: Економијата се придвижува, очекувам порастот на БДП да остане на 2,2 отсто

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, денеска изјави оти очекува дека нема да има потреба од ревидирање на предвидениот пораст на домашниот бруто-производ (БДП) од 2,2 отсто. Според министерот, негативните показатели за порастот на економијата се привремени, а одговорноста за минусното салдо на домашниот бруто-производ вели дека е кај претходната влада, односно во проблемите кои произлегоа со автопатиштата. - Последните податоци за...

ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе како Спасовски не заслужуваат да го водат МВР

МВР е во хаос, а единствени кои се задоволни од неговото работење се криминалните банди низ Скопје и низ државата, кои излегоа од подземје и почнаа да владеат со државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес-конференцијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за неговиот отчет за стоте дена на фукнцијата. „Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно...

Заев: Стоте дена ги посветивме на граѓаните, на економијата и на пријателство кон соседите

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција даде отчет за сработеното во првите 100 дена од формирањето на Владата - под мотото „Зборот е збор“. Заев подвлече дека активностите и мерките на Владата во првите сто дена биле насочени кон пет сектори: враќање на парите кај граѓаните, економијата, враќање на институциите во служба на граѓаните, пријателство со соседните земји и отвореност...

Џафери: Утре ќе закажам седница за разрешување на Зврлевски

Продолжениетo на седницата за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата републички јавен обвинител, ќе биде закажано утре, соопшти денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, на прес-конференција на која даваше отчет за првите 100 дена од неговиот мандат. - Според деловникот, кога заседава Комисијата за финансирање и буџет, не може да има пленарна седница затоа што седниците од Комисијата се емитуваат во...

СДСМ ја уништи локалната самоуправа во Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ е добро позната како партијата која со своите одлуки ја уништи локалната самоуправа во Македонија, а пред сè во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за отчетот на градоначалникот Коце Трајановски. „Поразениот СДСМ е партијата која со серија штетни одлуки го упропасти Град Скопје, одземајќи ги сите средства и ингеренции од неговите раце. СДСМ ги приватизираше АД...

СДСМ: Трајановски ќе даде отчет за криминалот

„На граѓаните не им е потребен денешниот отчет на Трајановски. Тие ги живеат последиците од неговото неодговорно владеење“, порача СДСМ, реагирајќи на денешното излагање на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, за проектите реализирани или почнати во 2016 година. Партијата обвини дека Трајановски не направил ништо за заштита на здравјето на граѓаните, како и дека во многу делови нема елементарни услови...

Што прескокна и што заборави да каже Коце Трајановски во отчетот

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска пред новинарите го презентираше отчетот за реализираните проекти во 2016 година и најави некои проекти кои ќе почнат годинава. На прес-конференцијата тој зборуваше и за проекти што се почнати минатата година, а ќе се реализираат годинава. Трајановски се пофали со проекти почнати уште на крајот на 2015 година, кажувајќи дека се почнати лани....

Арифи даде отчет за сработеното, но ги заборави најгорливите проблеми во градот

Успешна година со многу реализирани проекти. Вака градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, на прес-конференција ја оцени 2016 година. Според неа, општинската власт решила голем број проблеми во градот, вклучувајќи реконструкција на училишта, асфалтирање на улици, нови контејнери, засадување на дрвја. Таа се пофали дека за време на нејзиниот мандат е изградена последната траса од цевководот на новиот тетовски водовод. -...

Вучиќ даде отчет за работењето по повод 100 дена од формирањето на српската Влада

По повод 100 дена од формирањето на Владата на Србија, српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави дека оваа држава може да се пофали дека ги сочувала економската и политичката стабилност како и добрососедските односи, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Србија е стабилна и е на добар пат економски да напредува,“ изјавил Вучиќ на прес-конференција на која присуствувале сите членови на...

Градоначалникот Бакрачески со отчет пред граѓаните на Охрид

Со обемна илустрирана публикација на 200 страници, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, даде отчет за сработеното на локалната самоуправа во текот на изминатите три години. - Успешно го трасиравме патот за финансиска консолидација на општината и покажавме дека децениската сага за долгот на Општина Охрид на подолг рок може да има успешна разврска. Со искрен и чесен пристап, домаќинско работење и...

Собраниската комисија за политички систем ќе ја чека Јанева за да расправа по извештајот

Почна и речиси во исто време заврши седницата во салата 4 во Собранието на Република Македонија, каде Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците требаше да го разгледува извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева. Седницата ја отвори пратеникот Влатко Ѓорчев, а во салата имаше метеж затоа што присуствуваше целата претеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека била поканета и специјалната обвинителка, која...

СДСМ: Никола Груевски ќе треба да даде отчет за извлечените повеќе од 5 милијарди евра

Таканаречениот отчет на Никола Груевски и на криминалната банда што 10 години ги краде и ги манипулира граѓаните е врв на лицемерството и на потценувањето на граѓаните на Република Македонија, реагираат од СДСМ на вчерашниот јавен отчет на ВМРО-ДПМНЕ. „Парадата на криминалните ликови е нова компилација од лаги, нереални лажни инвестиции и од лажни работни места. Единствен резултат преточен во дела...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...