fbpx
Таг: ОТА

таг: ОТА

За нов директор на ОТА предложена правничката Марија Јаническа

Собраниската Комисија за избори и именувања денеска едногласно, без расправа, ја предложи Марија Јаническа за директорка на институцијата што треба да оневозможи незаконско прислушување – Оперативно-техничка aгенција (ОТА). Сега предлогот треба да се гласа на пленарна седница, со двотретинско мнозинство, преку Бадинтеров клуч Таа е дипломиран правник на возраст од 45 години, со работно искуство во ОТА и во телекомуникацискиот...

ОТА лани посредувала во 853 следења на комуникациите

Во текот на минатата година Оперативно-техничката агенција (ОТА) за потребите на овластени органи во Република Северна Македонија посредувала во 475 нови активирања на мерката следење на комуникациите и 378 продолжувања на оваа мерка, покажува годишниот извештај на ОТА доставен на разгледување во Собранието. Од вкупниот број нови мерки за прислушкување со техничко посредство на ОТА, 321 биле за потребите на...

Серија закони во Собранието: За слободен пристап до информации, за ОТА, за абортус …

На седници на собраниски комисии, како и на пленарна седница на Собранието, денеска ќе се најдат еден куп закони, од кои дел се со европско знаменце, односно во забрзана постапка. Така, на дневен ред се измените на законот за абортус. Со предлог-законот за прекинување на бременоста, се олеснува достапот до абортус на жените, што досега беше многу долга и сложена...

Доцнат реформите во безбедносните служби, велат експертите

Реформите во безбедносните служби во Македонија доцнат, потребно е ревидирање на постојните и нови закони кои го дефинираат објективниот надзор над работата на ОТА, формирањето на Граѓанскиот совет и комплетирање со експерти на собраниската комисија за спроведување на надзор врз ОТА. Овие критики денес беа упатени во работната средба на експертите на Европската Унија, Маурицио Варенезе и Клое Лаурен со...

Најголем дел од буџетските пари за ОТА ќе се потрошат за плати и надоместоци

Од почетокот на месецов и официјално почна со работа Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе функционира како самостоен независен државен орган и ќе го надгледува следењето на комуникациите од страна на надлежните државни органи односно ќе обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и овластените органи, без можности за активирање или спроведување на снимањето на следените комуникации. Со ребалансот на буџетот, кој е...

Директорот на ОТА: „Бомбите“ никогаш нема да се повторат

Директорот на новата Оперативна техничка агенција (ОТА) Зоран Ангеловски, соопшти дека Агенцијата, која ја презема опремата за прислушување од УБК и која ќе ја има контролата врз следењето на комуникациите, денеска официјално почнува со работа во полн капацитет. На заедничката прес-конференција во Владата со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Ангеловски рече дека контролата врз работата на ОТА ќе биде...

Директорот на ОТА на средба со собраниската комисија за надзор на прислушувањето

Директорот на новоформираната Оперативно-техничка агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, денеска ќе има средба со членовите на собраниската Комисија за надзор над спроведување на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана. Средбата се случува пред најавеното почнување со работа на ОТА, на 1 ноември, како што...

Формирана е Комисија за пренос на техничките уреди и на документацијата од МВР–УБК во ОТА

Владата на денешната 97. седница, донесе одлука за формирање на Комисија за пренос на техничките уреди за следење на комуникации и на техничката документација од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање во Оперативно-техничката агенција (ОТА). „Комисијата, составена од претставници од МВР, од ОТА, од Врховниот суд, од Јавното обвинителство, од Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации,...

Познати имињата на членовите на групата за реформи во УБК

Министерството за внатрешни работи формиралo работна група за реформите во Управата за безбедност и контраразузнавање, чија цел е да создаде професионални, департизирани, транспарентни агенти кои ќе ги штитат граѓаните и државата. Групата се состои од 32 лица, а во неа се вклучени претставници од државни институции и невладини организации, пишува „Порталб.мк“. Дел од работната група за спроведување реформи во УБК...

Формирањето на ОТА се уште е финансиска енигма

Надлежните институции си ја префрлаат топката за одговорот на прашањето, колку ќе чини формирањето на Оперативно-техничката агенција (ОТА), новото тело кое ќе раководи со опремата за прислушување во земјава. Собранието денеска го изгласа Зоран Ангеловски за директор на ОТА, но се чини дека никој не знае колку пари од буџетот се предвидени за имплементацијата на новиот Закон за ОТА или...

Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на ОТА

Со 83 гласа „за“, Собранието едногласно го избра Зоран Ангеловски за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА), чиј што мандат ќе биде пет години. Предлогот, Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати. По изборот на Ангеловски, 59. седница беше прекината и ќе...

Зоран Ангеловски едногласно предложен за директор на ОТА

Собраниската Комисија за избори и именување го избра поранешниот разузнавач Зоран Ангеловски за директор на Оперативно техничката агенција (ОТА) во која треба да се пресели опремата за следење на комуникациите, која досега беше во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК). По изборот во Комисијата, следува гласање на пленарна седница во Собранието. Законот за ОТА (Оперативно техничка агенција) беше донесен на 12...

Донесени законите за заштитени сведоци, за ОТА и за следење на комуникациите

Собранието денеска усвои дел од реформските закони од планот „3-6-9“ на Владата за кои беше потребно двотретинско мнозинство. Законите неколку месеци не беа ставани на дневен ред затоа што најголемата опозициска партија реши да ја бојкотира работата на Собранието. Прв со 86 гласа „за“, без против и воздржани беше изгласан Законот за заштитени сведоци. Невенка Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека партијата за овој...

Собраниски комисии ќе ги разгледуваат Законот за ОТА и законот за следење на комуникациите

Предлог-закон за следење на комуникациите во второ читање и Предлог-законот за Оперативно-техничка агенција (ОТА) во второ читање денеска во 13 часот ќе се најдат на дневен ред на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. Овие два закони ќе бидат разгледувани и на седницата на законодавно-правната собраниска Комисија. Во 11 часот на Комисијата за образование, наука и спорт ќе има јавна расправа...

Спасовски: Владата ќе го прифати секој предлог што ќе го подобри законот за ОТА

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека Владата ќе го прифати секој предлог што ќе придонесе во подобрување на законите за новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и за следење на комуникациите, како дел од реформскиот процес во безбедносните служби и системот за следење на комуникациите. - Ние сме подготвени на амандмани по предложеното решение, тоа е демократија за која сите се боревме....

Законите за ОТА и за МВР одложени за в четврток, по обраќањето на Столтенберг

Пакетот закони за реформа на системот за следење на комуникациите и за контрола врз полицијата предложени од Министерството за внатрешни работи не беа разгледани на денешната седница, бидејќи немаше претставник од МВР што ќе ги образложи. Предлог-законот за изменување на Законот за полиција, со кој се предвидуваат ограничување на мерките на присилба што може да ги употребат припадниците на полицијата,...

Прекинувачите нема да бидат во телекомите затоа што се странски компании

Законот за формирање на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА) и новиот закон за следење на комуникациите кои вчера беа утврдени на владина седница се очекува по новогодишните празници да влезат во собраниска процедура за нивно донесување, брифираат од Министерството за внатрешни работи. Двата системски закони се изготвени во рамките на реформскиот процес и препораките на експертската група на Европската Унија предводена...

Владата ги утврди законите за ОТА, за следење на комуникациите и за контрола на полицијата

Владата на денешната 45. седница усвои повеќе предлог-закони за измени и дополнувања на повеќе законски решенија кои се однесуваат на дел од легислативата во правосудството, внатрешните работи и полицијата, како и на регулативата за работата на безбедносните служби, како дел од итните реформи опфатени со планот 3-6-9, соопшти владината прес-служба. На денешната седница владата го утврдила предлог - законот за...

Сигналот за прислушување ќе оди во новата агенција (ОТА), а не во УБК

Контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации станува член 60 од новиот Закон за следење на комуникациите, со новите измени што треба да го регулираат прислушувањето и да го заштитат од злоупотреби, во согласност со препораките од извештатите на експертската група на Рајнхард Прибе. Членот 175, кој беше воведен во 2014 година, ги обврза телекомуникациските оператори да ги обезбедат сите неопходни...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...