fbpx
Таг: осудени

таг: осудени

Aпелација ги потврди казните за убијците на Денис Тот

Скопскиот Апелациски суд ја одби жалбата на обвинетиот Анџело Ѓорѓиевски за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот како неоснована. Тоа ќе значи дека тој ќе треба да издржи казна затвор во траење од 18 години. Делумно уважени се жалбите на осудените Клементина Лефковска и Андреј Костовски. Убијците на Денис Тот добија вкупно 52 години затворска казна. По 18 години затворска...

Јанушев: Пресудата е нарачана, монтирана и производ на неправда

Пресудата за судскиот случај за упадот во Собранието на 27 април според опозициската ВМРО-ДПМНЕ е резултат на политички монтиран процес и е производ на евидентна неправда. -Политички пресуди од вкупно 211 години затвор, се вика погребување на правото. Се потврди нашето тврдење дека казните ќе бидат драконски, не затоа што се праведни, туку спротивното, затоа што во овој случај се...

Обвинитетите за 27 април добија вкупно 211 години затворска казна, Чавков – 18 години

Митко Чавков доби највисока казна за настаните од 27 април и е осуден на 18 години затвор, а вкупната казна за шеснасетмината обвинети е 211 години затвор. Игор Дурловски е ослободен од обвинението. Митко Пешов е осуден на 15 години, Душко Лазаров на 15 години, Горан Ѓошевски – Леви на 15 години, Оливер Поповски на 13 години, Оливер Радулов на 10 години, Мунир...

Во Кривичен досега пристигнале 1.985 барања за амнестија, советите ќе работат и за викендот

До денеска во Кривичниот суд во Скопје пристигнале 1.985 барања поврзани со Законот за амнестија, соопштија денеска од судот. Оттаму појаснуваат дека дел од барањата може да се однесуваат на исто лице кое е осудено во повеќе предмети. Кривичните совети од одделот за кривично полнолетни и одделението за организиран криминал и корупција, кои што постапуваат по барањата, работат постојано и...

Врховниот суд ги укина пресудите и го врати „Монструм“ на повторно судење

Врховниот суд ги укина пресудите за „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Судот донесе пресуда со која ги уважува жалбите на обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи на 12 април 2012 година. Со пресудата на највисокиот суд во земјава се укинати пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шест лица беа...

За семејствата на осудените во „Диво насеље“, косовската влада ќе даде по 10.000 евра

Владата на Косово денеска додели вкупно 219.000 евра за семејствата на осудените за случајот „Диво насеље“ и на загинатите во инцидентот на 9 и 10 мај мај 2015 година, јави „Порталб“. Мерката ја објави премиерот на Косово, Рамуш Харадинај. - Доделени се 219.000 евра за покривање на трошоците на семејствата на осудените и на загинатите во кумановскиот случај - рече Харадинај,...

Се бараат начини за меѓународна истрага за „Диво насеље“, потврди Заев

Владата и претставници на меѓународната заедница бараат начин за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и 10 мај 2015 година, потврди премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција. - Чекор кој што досега е направен е информирање на претставници на меѓунардната заедница околу чекорите и варијантите како тоа би се извело....

Укинување на пресудите и ново судење за случајот „Монструм“, бара Обвинителството

Јавната обвинителка Лилјана Спасоска на денешната јавна седница за случајот „Монструм“ во Врховниот суд побара укинување пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд и враќање на предметот на повторно судење. Врховниот суд на јавна седница денеска ги разгледуваше жалбите на шесттемина осудени за доживотните затворски казни што им ги одреди Основниот суд Скопје 1, а кои беа потврдени и од...

Врховниот суд закажа јавна седница за „Монструм“ за 29 јуни

Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро. Седницата, како што соопшти судот, ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Судот претходно двапати...

Врховниот суд повторно ја одложи седницата за „Монструм“, еден од адвокатите бил болен

Јавната седница на Врховниот суд на која треба да се разгледуваат жалбите на шестемина осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“, а која беше закажана за утре, повторно е одложена, овојпат на барање на еден од адвокатите, кој бил болен. Претходно седницата требаше да се одржи на 30 мај, но петчлениот Кривичен совет на Врховниот суд, со кој претседава Јово...

Врховниот суд денеска ќе одлучува по жалбите на осудените во „Монструм“

Врховниот суд на Република Македонија денеска на јавна седница треба да одлучува по жалбата на шестемина осудени во случајот „Монструм“, кои добија доживотни затворски казни за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро пред пет години. Седницата е закажан во 11 часот, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд. Инаку, највисокиот суд во земјава овој предмет го стави на...

СЈО е подготвено да се произнесе за „Шпион“, седницата на Апелација повторно одложена

Јавната седница во Апелацискиот суд за случајот „Шпион“, на која денеска требаше да се разгледуваат жалбите на обвинетите, повторно беше одложена. Судијката Љиљана Ивaновска-Шопова, која претседавата со Советот, денеска, како што пренесува „Академик“, прочитала известување од Специјалното јавно обвинителство, кое ја презеде надлежноста врз предметот, во кое било наведено дека тие се подготвени да се произнесат за предметот, но...

Петмината обвинети во случајот „Ќелија“ осудени на вкупно 15 години и 7 месеци затвор

Основниот суд Скопје 1 денеска ја објави пресудата за петмината обвинети во случајот „Ќелија“, откако тие на рочиштето, кое се одржа во понеделникот ја признаа вината за кривичните дела за кои беа обвинети, односно за регрутирање на лица и учество во паравоени формации на воените жаришта на Блискиот Исток. Како што соопштија од Кривичниот суд, со пресудата петмината обвинети се...

Затворениците бараат Иванов и нив да ги помилува

Речиси 2.000 затвореници од машкиот и од женскиот оддел на КПД „Идризово“, но и од штипскиот затвор, со заедничко писмо и со барање преку адвокатите Звонко Давидовиќ и Душко Јанковиќ побараа од шефот на државата, Ѓорге Иванов, да бидат помилувани, објави „Плусинфо“. Иако писмото денеска и официјално ќе биде доставено до кабинетот на Иванов, се очекува во заедничкото барање да им...

Апелација драстично им ги намали казните на осудените за кражбата на артефакти

Апелацискиот суд Скопје донел одлука со која им ги намали затворските казни на седуммината осудени за кражбата на артефакти од Музејот на Македонија, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд ги прифатил жалбите на осудените и по оддржаната седница на 18 јануари годинава, донел пресуда со која ја потврдил првостепената пресуда, но ја преиначил во...

Камерунските власти осудија на смртна казна 89 припадници на Боко харам

Властите во Камерун осудиле на смртна казна 89 припадници на нигериската исламистичка група Боко харам, јавува „Би-би-си“, повикувајќи се на извештаи на камерунските медиуми. Одлуката ја донел воениот суд на земјата, а осудените се товарат за тероризам поради нивната вмешаност во повеќе напади во североисточниот регион на Камерун што граничи со Нигерија. Камерун во 2014 година го донесе законот против тероризам, во...

Во Апелацискиот суд во тек е расправата по жалбите на осудените во „Монструм“

Во Апелацискиот суд во Скопје во тек е јавна седница на која се разгледуваат жалбите на петмина осудени во случајот „Монструм“, за убиството на четири момчиња и средовечен маж, кое се случи на Велики четврток, во април 2012 година, кај Смиљковско Езеро. Седницата почна утрово, околу 10 часот, откако беа исполнети сите услови, односно од затворите во Скопје, Битола и...

Бројот на осудени лица, зголемен за 22,5 проценти

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица - познати сторители во 2014 година, во споредба со 2013 година, е зголемен за 7,3 проценти. Во 2014 година, во споредба со 2013 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 22,5 проценти, а  бројот на обвинетите лица, исто така, е зголемен, за 11,4 проценти. Бројот на пријавени...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...