fbpx
Таг: оставки

таг: оставки

Собранието ги констатираше оставките на членовите на ДИК

Спикерот на Собранието, Талат Џафери денеска на пленарна седница констатираше дека им престанува мандатот на членовите на ДИК откако тие си поднесоа оставки. Тој не соопшти кога и како ќе продолжи постапката за избор на нови членови на ДИК. Нивните оставки следуваа по притисок на јавноста откако американскиот амбасадор Џес Бејли обелодени дека на затворена седница членовите одлучиле да си поделат...

Шесте оставки ДИК ги доставила до Собранието, Срцев и Бонева ќе ги однесат сами

Шесте оставки на членовите на Државната изборна комисија (ДИК) поднесени вчера и денеска, односно тие на претседателот Александар Чичаковски, потпретседателот Реџеп Прекопуца, Атанас Урумов, Виолета Дума, Игор Милев и Субхи Јакупи се веќе доставени во архивата на Собранието, дознава „Мета“ од извори во ДИК. Според информацијата што ја добивме, членовите на ДИК предложени од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева и Сашо Срцев,...

Заев ги поздрави и ги оцени како морален чин оставките на членовите на ДИК

Премиерот Зоран Заев ја поздрави одлуката на членовите на Државната изборна комисија да ги вратат парите од бонусите, како и оставките на дел од нив, кои ги оцени како морален чин. - Се работи за исклучителни професионалци кои имаа сериозна улога во едно сериозно време и ја завршија професионално. Одлуката што ја донесоа знам дека е законска, но, веројатно е...

Чичаковски и членовите на ДИК си поднесоа оставки на функциите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, за државната новинска агенција МИА потврдил дека си поднел оставка на функцијата. Околу причините за оставката, Чичаковски навел дека тоа е негов личен чин. Инаку, оставката на Чичаковски доаѓа откако во јавноста беше обелоденето дека членовите на ДИК си зеле високи бонуси за последните изборни циклуси, а беше почната и интернет-петиција со која...

Интернет-петиција за оставка од членовите на ДИК поради бонусите

Повеќе од 1.600 граѓани досега се потпишале на интернет-петицијата со која се бара оставка од членовите на Државната изборна комисија поради бонусите што си ги доделиле без да ја информираат јавноста. „Бараме оставка на деветте членови на Државната изборна комисија (ДИК) поради неетичко однесување и кршење на принципите за работа, објавени на веб-страницата на ДИК, кои меѓу другото гласат: 'Постојано вршиме самоевалуирање...

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Вевчани поднесоа колективна оставка

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесоа колективна оставка од своите функции во Советот на Општина Вевчани, во знак на протест против, како што велат, „политиката и начинот на владеењето на СДСМ, како и во знак на поддршка на нивниот сопартиец во Собранието, Крсто Мукоски.“ - Во знак на револт и протест од начинот на владеење на оваа гарнитура предводена од СДСМ, како и последните...

Укината титулата национален уметник, прифатени оставките на Мизо и на Грозданов

Владата на вчерашната 16. седница ги прифатила оставките на директорот на Дирекцијата на технолошки индустриски развојни зони, Виктор Мизо, како и на Цветко Грозданов, генералниот директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, информираше владината прес-служба. Разрешени се и Муедин Кахвеџи, директор на Педагошка служба, Весна Хорватовиќ од должноста директор на Бирото за развој на образованието и Костадин Богданов...

Еди Рама ќе ги објави замениците на четворицата министри што дадоа оставки

Почнувајќи од денеска, албанскиот премиер Еди Рама ќе назначи нови министри на местото на четворицата од неговата влада што дадоа оставки. Рама вели дека оставките се само поради тоа „да им се дозволи на изборните координатори да се фокусираат со свежи сили на изборната кампања“. Оставки вчера дадоа Бленди Клоси, министер за социјална заштита, Бледи Кучи, министер за локална самоуправа,...

Двете години политичка криза ја стопија владата на Никола Груевски

Министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески денеска си поднесе оставка на функцијата. Ставрески е петтиот министер од најблиското опкружување на поранешниот премиер Никола Груевски и од неговата влада, кој во овие две години, колку што трае политичката криза, си поднел оставка на функцијата во владата. Досега, покрај Ставрески, оставки си поднесоа премиерот Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска,...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“

Одбивањето на СДСМ да учествува во расправата за донесување на измени на Законот за помилување е ново бегство на Зоран Заев од одговорноста и излегување на површина на лицемерието дека наводно се залагал за укинување на аболициите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Заев. „Заев досега не побара да му биде укината аболицијата за „Глобал“, случај во кој што истиот...

Димитриев бара да се констатираат оставките на министрите на СДСМ

Премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, денеска до Собранието на Република Македонија ги достави оставките на министрите за внатрешни работи и труд и социјална политика Оливер Спасовски и Фросина Ременски, како и на дополнителните заменици - министри од редовите на СДСМ. Тој доставил нови предлози за министри и тоа Митко Чавков за внатрешни работи и Диме Спасов за труд...

Мај – месец на важни и на тажни датуми, искушенија и на тешки моменти

Mај минатата година беше месец на голем број настани, искушенија и на тешки моменти. Во тие триесетина дена се случија конфликтот во Диво Насеље, оставките на тројца високи функционери на владејачката партија, протестите за Мартин Нешковски, три лидерски средби, средба во Стразбур, големиот протест на опозицијата и на граѓанските организации по што се формираше „Кампот на слободата“ и масовниот собир...

СДСМ бара на итна седница да бидат констатирани оставките на министрите

Координаторот на пратеничката група на СДСМ побара од техничкиот премиер за спроведување на изборите, Емил Димитриев, да ги достави оставките на функционерите на опозицијата до Собранието. - Министрите и дополнителните заменици министри на опозицијата денеска си поднесоа оставки и сакам јавно да го повикам премиерот Емил Димитриев итно да ги достави оставките до ова Собрание. Имаме и барање за итна...

Министрите и дополнителните министри на СДСМ поднесоа оставки во Владата

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ денеска поднесоа оставки на функциите во Владата. „Доколку Собранието се распушти, односно доколку се одлучи да се применува одлуката на Собранието донесена на 23 февруари, со која се врши изменување на одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат. Според Договорот од Пржино, министрите...

Напладне во Собрание ќе се гласаат новите министри на ДУИ

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, за денеска напладне закажа седница на која пратениците ќе треба да ги изгласаат новите министри што ги предложи Демократската унија за интеграција (ДУИ). Фестим Халили е предложен за заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми за заменик претседател на Влада задолжен за спроведување на Рамковниот договор, Валдет Џафери за министер за правда, Пиштар...

Вељаноски ги констатираше оставките на министрите и на замениците на ДУИ

Претседaтелoт нa Сoбрaниетo, Трaјкo Вељaнoски, нa денешнaтa пленaрнa седницa, ги кoнстaтирaше oстaвките нa министрите и на зaмениците министри нa Демoкрaтскaтa унијa зa интегрaцијa (ДУИ). Вo текoт нa денoт се oчекувa Вељaнoски дa свикa нoвa седницa и нa дневен ред дa се стaви тoчкaтa за избoр на нoвите министри, кoи вчерaвечер ги предлoжи ДУИ. Фестим Халили е предложен за заменик претседател на...

Димитриев: Во тек се консултации за нови министри од ДУИ

Во тек се консултации за избор на нови министри од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), а засега нема најави од ВМРО-ДПМНЕ за промени на министерскиот состав од оваа партија, соопштиле од кабинетот на техничкиот премиер Емил Димитриев за „Телма“. „Премиерот Емил Димитриев ги прифати оставките на министрите од ДУИ и согласно процедурата тие се испратени до Собранието. Право...

Протекувањето на снимките ја избркале ДУИ од Владата

Демократската унија за интеграција издаде подолго соопштение во кое ја дообјаснува синоќешната одлука за напуштање на Владата. Во соопштението акцентот е ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција. „Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога со цел да се врати стабилноста и безбедноста во...

Белгискиот премиер ги отфрли оставките на двајцата министри

Белгиските министри за внатрешни работи и за правосудство денеска поднесоа оставка поради нападите изведени во Брисел, но премиерот Шарл Мишел ги отфрлил, јавуваат белгиските медиуми. - За време на војна не можете да го напуштите фронтот – им порача премиерот на министерот за внатрешни работи, Јан Јамбон, и на министерот за правосудство, Коен Гинс. Белгиските власти се најдоа во незгодна ситуација...

Шилегов: Уставниот судија Јосифовски е партиски поврзан со ВМРО-ДПМНЕ

Јован Јосифовски, судија на Уставниот суд, и Елена Гошева, претседателка на Уставниот суд, имаат конфликт на интереси и треба да си поднесат оставки, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Како што рече Шилегов, Јосифовски и неговото семејство се партиски поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, поради што тој не може „непристрасно, објективно и во согласност со закон да одлучува за...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...