fbpx
Таг: оставка

таг: оставка

Ковачевски ја поднесе оставката до Собранието, од утре во оставка е целата влада

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја поднесе оставката до Собранието, а се очекува денеска оставка да поднесе и собранискиот спикер Талат Џафери, кој ќе биде технички премиер. „Сега ќе се видиме со претседателот на Собранието и ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер. Џафери е искусен политичар со големо искуство во водењето...

Ковачевски: Оставка на владата најдоцна до четврток наутро, техничка влада треба да се изгласа до полноќ в недела

Премиерот и целата влада до четврток претпладне ќе бидат во оставка, што ќе остави законски можности да се изгласа техничката влада во законски предвидениот рок - до пред полноќ в недела, порача денеска претседателот на Владата, Димитар Ковачевски. Тој појасни дека нема да има потреба од поединечни оставки на министрите, бидејќи со оставката што ќе ја поднесе премиерот Ковачевски, целиот...

Протест во Тетово: 14 жртви, нула дена затвор за пожарот во модуларната болница

„Денеска цела земја слави, а ние се собравме да им оддадеме спомен на членовите на нашите семејства кои беа изгорени пред две години овде во модуларната болница“, со овие зборови денеска започна протестот што го иницираа роднините на 14-те загинати лица во пожарот во тетовската модуларна болница што се случи пред две години. „Корупцијата убива! Сите политичари зборуваат за интеграција...

Грчкиот министер Митараки поднесе оставка бидејќи бил на одмор додека беснеат шумски пожари

Грчкиот министер за цивилна заштита Нотис Митараки поднесе оставка откако беше забележан на одмор додека шумските пожари се шират низ целата земја. Премиерот Кирјакос Мицотакис ја прифати оставката на министерот одговорен за службите за јавна безбедност, вклучително и полицијата, која и помага на противпожарната служба со повеќекратните шумски пожари во туристичките дестинации, во близина на градовите и воените бази во...

Наместо на свечена заклетва во Собрание, новиот член на Судскиот совет Георгиев даде оставка

Наместо денеска да ја даде свечената заклетва во Собранието, новоизбраниот член на Судскиот совет, врховниот судија Наќе Георгиев, чиј избор беше оспоруван од стручната јавност, даде оставка од позицијата. Оставката ја даде за да му отвори пат на синот Кирил Георгиев да биде избран за кривичен судија, откако деновиве дел од колегите во Советот му укажале дека согласно Законот за...

Ципрас поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА

По изборниот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа изминатиов викенд, Алексис Ципрас си поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА, пренесува грчкиот весник Катимерини.  „Се одлучив да се повлечам. Имам верба во човечкиот капитал на нашата партија и во неисцрпливите сили на општеството и Левицата“, рече Ципрас во своето денешно обраќање. Ципрас ја раководеше СИРИЗА во изминативе...

Зоран Трифуновски доаѓа на местото в.д. директор на ЈП за железничка инфраструктура

Зоран Трифуновски е нов в. д. директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ – Скопје“, одлучи Владата на вчерашната седница. Трифуновски доаѓа на местото на досегашниот директор Хари Локвенец, кој вчера изјави дека поднел оставка од функцијата. Причините за оставката, како што изјавил Локвенец за МИА, ја поднел од лични причини. „Владата заклучи да му препорача на Управниот...

Платформа на граѓански организации: Сите членови на Судскиот совет да поднесат оставка

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара од сите членови на Судскиот совет да си поднесат оставки. Во испратеното барање за поднесување оставки се наведува дека веќе втора недела јавноста сведочи како Судскиот совет континуирано отстапува од Законот за Судскиот совет и од стандардите за транспарентно и отчетно работење на оваа институција. „На 26 април 2023 година, Судскиот...

Оставка на српскиот министер за образование Ружиќ: Трагедијата ќе ја носам како печат на душата

Српскиот министер за образование Бранко Ружиќ попладнево до Владата ја доставил оставката од функцијата, неколку дена по стравотниот настан во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград, кога седмоодделенец со оружјето на својот татко уби осум свои соученици и чуварот во школото, а рани уште шест ученици и една наставничка. Во оставката, која тој ја објави на социјалните мрежи, пишува дека...

Васко Ковачевски поднесе оставка од директорската позиција во ЕСМ

Директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски поднесе оставка од функцијата поради лични причини. Оставката ја потврди и премиерот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека досегашниот директор на ЕСМ ја имал потребата да му се посвети на своето семејство. Писмената оставка ќе биде усвоена на следната владина седница. Премиерот Ковачевски информираше дека ќе биде препорачано за нов директор на...

Расте бројката загинати во несреќата во Грција, денеска протести низ земјата

Бројката загинати во судирот на патнички и товарен воз во долината Темби во Грција што се случи завчера пред полноќ се искачи до 46 лица, според официјалната информација од пожарникарските екипи на местото на несреќата, пренесува весникот „Катимерини“. Од утрово, од вагон-ресторанот, кој бил здробен од вториот вагон во композицијата се извлечени уште седум изгорени тела, соопшти Василис Ватракојанис, офицер...

По железничката несреќа, оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт

По трагичниот судир на два воза во долината Темби во Грција, на подрачјето меѓу градот Лариса и познатото туристичко место Неи Пори, во која загинаа најмалку 36 лица, а 85 се повредени, попладнево оставка поднесе грчкиот министер за инфраструктура и транспорт, Константинос Караманлис, јави грчкиот весник „Катимерини“. Одговорноста за несреќата врз себе ја презел шефот на железничката станица „Лариса“,...

Заменик-министерот Зоран Димитровски поднесе оставка, премиерот уверува на стабилно мнозинство

Заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитровски денеска си поднесе оставката на функцијата, откако вчера Демократскиот сојуз на седницата на Централниот совет донесе одлука да не ја поддржи реконструкцијата на владата најавена од премиерот Димитар Ковачевски. Оваа политичка партија беше членка на владината коалиција предводена од СДСМ и во парламентот има еден пратеник. Ваквата одлука доаѓа откако претходно и партијата Алтернатива...

Учениците од МИГ и нивните родители на протест пред МОН, побараа оставка од директорката и квалитетни наставници

„Идеја - одлична, реализација - нула“, „Оставка за директорката“. Ова се само дел од транспарентите со кои ученици во Математичко-информатичката гимназија (МИГ) во Скопје и нивни родители, денеска на протест пред Министерството за образование и наука, го искажаа своето незадоволство поради новоизбраните професори кои треба да им предаваат. Тие четврти ден по ред ја бојкотираат наставата, а денеска на...

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, икона за многумина, најави дека се повлекува

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, која беше пофалена за начинот на кој се справи со најтрагичниот случај на масовен вооружен напад и раните фази на пандемијата на коронавирус, во четвртокот најави дека ќе се повлече од функцијата, објави „Асошиејтед прес“. Ардерн се соочува со зголемени политички притисоци дома и злонамерни критики што не беа случај за претходните лидери...

Најмалку 18 лица загинале, меѓу кои и украинскиот министер за внатрешни работи, во хеликоптерска несреќа кај Кијив

Најмалку 18 лица загинаа во хеликоптерската несреќа што се случи утрово во градот Бровари, во Кијивскиот регион, пренесуваат светските медиуми. Си-ен-ен јавува дека меѓу загинатите се тројца високи украински функционери, меѓу кои е и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски. Шефот на украинската полиција, Игор Клименко потврдил дека меѓу загинатите е и првиот заменик-министер и државниот секретар во...

Германската министерка за одбрана Ламбрехт поднесе оставка

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт поднесе оставка. Тоа се случува кога Берлин е под зголемен притисок да дозволи испорака на борбени тенкови од германско производство во Украина, пренесе Би-би-си. Таа, беше критикувана за неуспехот да ја предводи обновата на вооружените сили во Германија во позадината на војната во Украина. „Денеска побарав од канцеларот да ме разреши од функцијата федерален министер...

Претседателката на Судски совет, Павлина Црвенковска, поднесе неотповиклива оставка

Претседателката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тоа го соопшти на почетокот на денешната седница на советот, јави СДК.мк. Потоа таа стана и излезе од салата, а во заминување кон присутните новинари додаде дека за причините јавноста ќе биде дополнително известена. Целиот текст може да се прочита тука.

ВМРО-ДПМНЕ остана без советничката Ирена Попова во Советот на град Скопје

Советничката од ВМРО-ДПМНЕ Ирена Попова од денеска не е дел од советничката група на оваа партија во Советот на Град Скопје. Попова од говорницата на градскиот совет кажа дека од денеска дејствува како независна. Ваквата нејзина изјава беше поздравена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска. „Не се плашам и ќе продолжам да работам за она што го ветив на граѓаните во...

Контраспин: Пресуда за тепачка од 1993 година не може да е основa за оставка

Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...