fbpx
Таг: осомничен

таг: осомничен

Истрага против пазарен инспектор осомничен за примање поткуп

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица отворило истражна постапка против едно лице од Струмица за кое постои сомнеж дека примил мито. Струмичанецот бил вработен во Државниот пазарен инспекторат како помлад пазарен инспектор и во два наврата директно побарал и примил парични средства од лица од Радовиш за да не изврши службени дејствија што морал да ги спроведе, информираа од...

Притвор за тетовец кој ја тепал и ја држел заклучена во соба невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Тетово, поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои сомнение дека сторил продолжено кривично дело – телесна повреда од член 130 и кривично дело – противправно лишување од слобода согласно член 140 од Кривичниот законик. „Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19 годишна жена со која живеел во...

Бегалец виновен за измама со криптовалути тешка 40 милијарди долари е уапсен во Црна Гора

Јужнокорејската полиција соопшти дека До Квон, шеф на измамничка шема со криптовалути, виновен за колапсот на токените TerraUSD и Luna тежок 40 милијарди долари, е уапсен во Црна Гора. Би-би-си јавува дека претходно годинава финансиските регулатори во САД ги обвиниле Квон и неговата компанија „Тераформ Лабс“ за организирање измама со хартии од вредност со крипто-средства од повеќе милијарди долари. Јужнокорејските власти...

Дваесет и четири годишно момче осомничено за силување

Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – Силување од член 186 став 1 од Кривичниот законик, соопштија оттаму. Како што објаснуваат во обвинителството, осомничениот 24 годишен скопјанец, на 13 јануари, во стан на улицата „Мавровска“, извршил обљуба врз девојка со која претходно бил...

Уапсен е битолчанец за палењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“, го признал делото

Полицијата уапси триесет и четири годишен маж од Битола под сомнение дека тој го подметнал пожарот на влезната врата на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“. Според Министерството за внатрешни работи од слобода е лишен битолчанецот Л.А.(34). „Имено, по преземени мерки и активности за откривање на сторителот и обезбедување докази во врска со случајот со пожарот на културен центар „Иван Михајлов“ во Битола,...

Осомничен лекар од Гостивар кој за пари давал лажни потврди за негативен ПЦР тест

Основното јавно обвинителство од Гостивар поведе постапка против лекар од Чегране, кој за одреден финансиски надомест, на две лица им издал лажни извештаи за негативен ПЦР тест. Тој е осомничен дека сторил продолжено кривично дело–Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до судијата на...

Панчевски на распит во обвинителтво, осомничен е за две кривични дела

Судијата Владимир Панчевски денеска е на распит во Јавното обвинителство, како осомничен за злоупотреби со АКМИС системот (електронски систем за распределба на предмети) во периодот кога беше претседател на Кривичниот суд во Скопје. Тој се товари за две кривични дела, за злоупотреба на службената положба и овластувања и за несовесно работење во служба. Поканата за распит од обвинителството, Панчевски ја сподели...

ОЈО: Се уште нема осомничен за тројното убиство во Дебар

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар издал наредба за обдукција на тричленото семејство – маж, жена и нивната 14-годишна ќерка кои беа убиени во Дебар. Обвинителот издал и наредба за вештачење на сите траги и материјални докази пронајдени на лице место, информираат од ОЈО. „По наредба на јавниот обвинител беа земени парафински ракавици и беше извршен претрес во...

Приведен дилер на дрога во Неготино, запленети марихуана, хероин, кокаин

Полициски екипи вчера извршиле претрес во домот на 41-годишниот А.Т. во Неготино каде пронашле и заплениле различни видови наркотици, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Како што информираат од Министерството, во домот на неготинецот биле пронајдени и одземени 1,5 килограми марихуана, 20 таблети екстази, 36 шишиња метадон, околу 10 грама кокаин, околу 110 грама хероин, една дигитална вага и 36.000...

Приведен еден од осомничените за 27 април кој се бараше со меѓународна потерница

Полицијата синоќа во Скопје го привела Младен Додевски, еден од осомничените за насилствата во Собранието од 27 април, кој се бараше со меѓународна потерница. Од МВР засега нема официјална потврда за приведувањето на Додевски. Тој, како што пренесува „Телма“ повикувајќи се на полициски извори, се криел во внатрешноста од државата, а наводно бил приведен пред ресторан во Скопје. Министерството за внатрешни работи...

Во Турција уапсен осомничен за убиството на рускиот амбасадор

Осомничен за убиството на рускиот амбасадор Андреј Карлов е уапсен во Турција, пренесуваат локалните медиуми. Според весникот „Дејли сабах“, турските разузнавачки служби го уапсиле осомничениот со иницијали В.К.А кој и бил познат на полицијата поради припадност на терористичката група ФЕТО. За време на истрагата утврдено е дека притвореникот користел програма за мобилно уредување „БајЛок“ за преговори со членовите на терористичката организација....

Запален кафе-бар во центарот на Прилеп

Утрово околу 3.30 часот лице со иницијали Н.Т. подметнало пожар во кафе-барот „Галери Хаус Паб“ во центарот на Прилеп, соопшти полицијата. Во пожарот нема повредени лица, а внатрешноста на објектот е целосно изгорена. Материјалната штета се проценува на повеќе од 200.000 евра. Како што информираат од полицијата, Н.Т. околу 3.30 часот дошол во кафе-барот носејќи со себе канта со...

Уапсен осомничениот за бомбашкиот напад во Санкт Петерсбург

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денека соопшти дека го уапсила осомничениот за терористичкиот напад што се случи во супермаркет во Санкт Петерсбург, јавуваат руските новински агенции. Рачно изработена експлозивна направа на 27 декември експлодира во супермаркет на трговскиот ланец „Перекресток“ во Санкт Петерсбург, при што беа повредени 18 лица. Во соопштението на ФСБ не е објавен идентитетот на...

МВР има несоборливи докази дека Ф.С. е убиецот на Мартин Јанушев, изјави Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска соопшти дека МВР има „несоборливи докази“ дека лицето Ф.С. го извршил убиството на поранешниот фудбалер Мартин Јанушев, пред две недели во населбата Аеродром. Спасовски рече дека против Ф.С. е поднесена кривична пријава и дека на сила стапуваат и други мерки, како што е распишување на меѓународна потерница за пронаоѓање и за апсење на...

Уапсено лице кое се барало со потерница поради шверц на 20 килограми марихуана

Полицијата вчера го уапсила 39-годишниот М.О., по кој била распишана потерница поради шверц на 20 килограми марихуана од Косово во Македонија, во март годинава, соопшти МВР. По неколкумесечно бегство, осомничениот бил пронајден вчера и веднаш предаден на Основното јавно обвинителство за понатамошна постапка. Тој и 65-годишниот Д.И., кој бил приведен при обидот за шверц на марихуната, се товарат за неовластено производство и...

Арачиновец уапсен пред Врховниот суд, околу појасот носел прачки налик на експлозив

Припадниците на полицијата што денеска го обезбедуваа судскиот комплекс додека траеше изрекувањето на пресудите за случајот „Диво Насеље“, уапсија педесет и седумгодишен жител на Арачиново со иницијали И.И., кој околу појасот имал четири прачки кои личеле на експлозив. Како што потврдуваат од МВР, осомничениот е одведен во полициската станица во Центaр, каде со него се разговара. Прачките ќе бидат предадени на вештачење...

Едно лице уапсено по напад со нож во Минхен

Германската полиција денеска уапси едно лице по напад со нож во Минхен, во кој четири лица се полесно повредени, јавуваат германските медиуми. Портпаролот на минхенската полиција соопштил дека уапсениот маж одговара на описот што го дале сведоци на нападот, но додал дека полицијата засега не може да потврди дека тој е напаѓачот. Нападот се случил утрово во близина на Розенхајмер плац,...

Обвинителството има осомничен во врска со изгореното тело пронајдено кај Љуботен

Основното јавно обвинителство – Скопје издало наредба за истражна постапка за едно лице поради сомнеж дека сторило свирепо убиство. Лицето е осомничено дека е одговорно за пожарот на ливада кај селото Љуботен на 4 август годинава, по чие гаснење е пронајдено изгорено човечко тело. Жртвата била жена. Осомниченото лице е приведено и обвинителството за него побарало притвор од 30 дена.

Пукање во Чарлстон, напаѓачот се затворил во ресторан

Полицијата во Чарлстон соопшти дека во центарот на градот дошло до пукање и апелираше до граѓаните да се тргнат од таа област. Како што пренесуваат американските медиуми, полицијата упаднала во еден ресторан каде што напаѓачот најверојатно се затворил. Пукањата биле пријавени на улицата Кинг околу пладне по локално време, изјави портпаролот на полицијата Чарлс Франсис во соопштение во кое не се...

Расте бројот на загинати и на повредени во терористичкиот напад во Барселона

Шпанските власти соопштија дека расте бројот на жртвите во терористичкиот напад во Барселона што се случи попладнево на улица во близина на плоштадот „Каталуња“. Според последните информации во нападот загинале најмалку 13 лица, а 50 се повредени. Нападот се случи кога комби влетало во група пешаци на улицата Ла Рамбла, прегазувајќи дел од нив, а потоа продолжило да се...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...