fbpx
Таг: основно образование

таг: основно образование

Шаќири: Темелни реформи во образованието како единствен начин да се доближиме до посакуваните стандарди

Да имаме европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ. Тоа е потреба на нашите ученици, студенти и сите други што формално и неформално стекнуваат знаења и вештини и се вклучени во нивно обезбедување. Во свет што е високо интегриран, такво треба да биде и образованието, истакна министерот за образование и наука Јетон...

Новите антикризни мерки предвидуваат 16,3 милиони евра за учениците и студентите

Над 120.000 ученици и студенти ќе добиваат месечен паричен надоместок до крајот на тековната учебна и академска година, информира Министерството за образование и наука (МОН). Оваа антикризна мерка претставува поддршка за учениците и студентите и нивните семејства, во услови на зголемени трошоци за живот и продолжени ефекти од енергетската криза. Околу 105.000 ученици од основните и средните училишта кои потекнуваат...

Основците полагаа државни тестови – не влијаат на оценките, но ќе се утврдува што научиле

На 4 и 5 октомври учениците во основното образование полагаа државни тестови. Во Македонија започна да се спроведува сеопфатно државно тестирање кое системски ги следи постигањата на учениците, а очекувањата се да обезбеди информации околу тоа, колку учениците го совладале материјалот предвиден со наставните програми и кои се деловите каде што учениците имаат повеќе потешкотии. Државни тестови полагаа 2.600 ученици...

Платите на наставниците од месецов се зголемуваат за 15 отсто

Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта од месецов ќе се зголемат за 15 отсто. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15 отсто, почнувајќи од...

Шаќири: Со интеграцијата на предмети, ниту еден наставник нема да остане без работа

Ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа, ниту пак ќе добива помала плата поради интеграцијата на предмети која е предвидена со реформите, рекол министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба меѓу највисоките претставници на МОН, Бирото за развој на образованието (БРО) и Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), како и претставници на...

Денеска завршува учебната година за средношколците, основците ќе учат до среда

Денеска завршува учебната 2022/2023 година за сите ученици во средно образование, додека последниот училишен ден основците ќе го имаат во среда, на 14 јуни, откако ваква одлука во јануари донесе Министерството за образование и наука (МОН). Причината за одложениот крај на оваа учебна година за основците е тоа што зимскиот распуст беше продолжен и второто полугодие наместо на 18, започна...

Министерството за образование со нов закон против грешките во учебниците

Работна група составена од експерти во моментов ја работат првата нацрт-верзија на новиот Закон за учебници во основното и средното образование, информираат во Министерството за образование и наука (МОН). Ова се прави за да се зголеми квалитетот на учебниците, откако во декември лани беше обелоденето дека во новиот учебник по Историја и општество има многу содржински и технички грешки. „Ова...

Ученици од „Ѓорѓија Пулевски“ донираа пари за топол оброк за нивните врсници

Ученици во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во Аеродром, донирале пари за да можат нивни врсници да си дозволат да имаат топол оброк додека се на училиште, беше објавено денеска на фан-страницата на хуманитарната организација „Проект среќа“. Оваа акција ја иницирала наставничката Катерина Лазев од одделенито 4-2, која вели дека учениците во ова одделение веќе се навикнати да прават добри...

Испорачани дел од новите печатени учебници за основно образование

Испораката на учебниците за прво, второ, четврто и петто одделение кои беа направени согласно новата Концепција за основно образование, се одвива согласно утврдената динамика, информира Министерството за образование и наука (МОН). Веќе е завршена испораката на учебниците по првиот договор за печатење, што ги опфаќа учебниците за четврто одделение по македонски јазик и по математика на македонски наставен јазик...

Наставниците што имале плата од околу 26.000 денари, од овој месец ќе земаат околу 30.000 денари

За 15 отсто повисоки плати ќе добиваат од овој месец вработените во основното и во средното образование. Така на пример, ако платата на наставникот досега изнесувала околу 26.000 денари, со новата пресметка таа ќе изнесува околу 30.000 денари. Септемвриската покачена плата, вработените треба да ја добијат деновиве. Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура за Мета.мк вели...

МОН: Mатеријалите и учебниците од основно образование ќе се достават пред 1 септември

Во тек е дистрибуцијата на новите материјали за учење кои ги подготви Министерството за образование и наука (МОН) во соработка со Бирото за развој на образованието (БРО), а кои се наменети за учениците од прво, второ, четврто и петто одделение за предметите за кои се изготвени нови наставни програми и истата ќе се заокружи пред почетокот на учебната година...

Ќе доцнат новите учебници за четири одделенија, се средуваат ракописите и се бара фирма што ќе ги печати

Согласно новата Концепција за основно образование, од септември учениците во прво, второ, четврто и петто одделение треба да учат по нови учебници. Наставните програми се готови, но учебниците ќе доцнат во првите месеци од учебната година. Како што за Мета.мк информираат во Министерството за образование и наука (МОН), сите постапки за одобрување на учебниците за прво, вторo, четврто и...

Оваа учебна година ќе започне на 1 септември, а секоја следна ќе започнува на 10 септември

Основците и средношколците во земјава годинава се враќаат на училиште од 1-ви септември, иако имаше идеја учебната година да стартува 10 дена подоцна, односно на 12-ти септември, потврди за Мета.мк министерот за образование и наука Јетон Шаќири. Тој најавува дека оваа нова пракса е предвидено да се воведе од следниот септември, а учебната година во тој случај ќе трае...

Една година нова Концепција во образованието: Учениците покритички размислуваат, но недостасува опрема

Во прво и во четврто одделение сѐ уште има недоволно опремени училници со потребната опрема, средства и материјали за соодветна реализација на новите наставни програми, согласно новата Концепција за основно образование. Oд друга страна, задачите кои ги даваат наставниците, најчесто за учениците се предизвик, со што го поттикнуваат критичкото размислување и анализа на дадени ситуации. Ова го согледале советниците од...

Сѐ е подготвено за првото државно тестирање во училиштата на 1 јуни

Околу 4.200 ученици во државата, на 1 јуни за прв пат ќе полагаат државни тестови, кои се дел од државното тестирање кое го спроведуваат образовните власти. Процесот го организира и реализира Државниот испитен центар (ДИЦ). Годинава, државен тест ќе полагаат само третоодделенци, избрани по случаен избор. Планот е сега ваков тест да полагаат третоодделенците, в година - петтоодделенците, а...

Доделени 596 стипендии за ученици Роми и поддржани 47 основни училишта

Вкупно 596 стипендии се доделени на ученици Роми запишани од прво до четврто одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „РЕДОВНО НА ЧАСОВИ: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија, заедно со Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата...

Вистиномер: Мали чекори кон големи промени за децата со попреченост во македонското образование

Образовната инклузија е процес што трае повеќе од две децении, којшто се оддолжува не само поради лошите закони, туку и поради ниската јавна свест во општеството, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Четириесет ученици со попреченост од Полошко од оваа учебна година имаат образовни асистенти кои обезбедуваат поддршка во учењето, во рамки на училиштата каде што следат настава. Овој вид...

До крајот на неделава ќе се знае дали наставата ќе се одвива онлајн или со физичко присуство

Одлуката за започнувањето на наставата онлајн или со физичко присуство на учениците во второто полугодие ќе биде донесена на седница на Владата до крајот на неделава, а МОН ќе има состаноци со надлежните во здраството, соопшти денес министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. „До крајот на неделата ќе имаме состаноци и пред почетокот на второто полугодие ќе се има...

Владата го продолжи зимскиот распуст за учениците до 1 февруари

На вчерашната втора седница на Владата на РСМ е одлучено зимскиот распуст за учениците и средношколците од основното и средното образование да продолжи до крајот на месецов, а второто полугодие да почне на 1 февруари. Инаку, второто полугодие требаше да започне задутре. Одлуката за продолжување на зимскиот распуст е донесена на препорака на Главниот координативен кризен штаб за справување со...

Пандемијата им ги искриви `рбетите и стапалата на учениците, предупредуваат наставници

Долгото седење, ниското ниво на физичка активност која ја наметна пандемијата на ковид-19, негативно се одрази на физичкото и на менталното здравје кај децата. Променетиот начин на живот кој го наметна пандемијата, „удри“ по нив во клучните години во кои се случува најважниот раст и развој. За деформитетите на телото и за намалените моторни способности, кои не беа непознаница...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...