fbpx
Таг: Основно јавно обвинителство

таг: Основно јавно обвинителство

ОЈО утврдува кривична одговорност за смртта на двегодишното дете од Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид го доби наодот од обдукција и од токсиколошката анализа на двегодишното дете кое почина во август годинава на детското одделение во Медицинскиот центар Охрид. „Патолошко-хистолошката дијагноза и резултатите од токсилошките анализи укажуваат дека смртта кај детето настанала поради воспаление на двете белодробни крила, по што инфекцијата, навлегувајќи во крвта, предизвикала сепса. Детето првпат било примено на...

Обвинителство ќе бара притвор за напаѓачот во Кичево кој рани носител на советничка листа

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар извршил увид во центарот на Кичево, на местото каде што синоќа во вооружен инцидент ранети беа три лица, меѓу кои и носителот на независна листа за советници во општината, Алит Абази. „Според првичните сознанија, до инцидентот дошло кога лицето А.А. од зад грб истрелало неколку куршуми од пиштол кон А.А. и А.Д. При нападот,...

Јавните обвинителства, како и судовите, со ново работно време од 7.30 до 15.30 часот

Лилјана Спасовска, в.д. јавниот обвинител на Република Македонија, денеска донела одлука за воведување ново работно време во јавните обвинителства во Република Македонија. Новоутврденото работно време, кое ќе се применува од понеделник, 4 септември 2017 година, почнува во 7.30 часот и трае до 15.30 часот. Одлуката за утврдување на работното време ќе се применува во Јавното обвинителство на Република Македонија, вишите јавни обвинителства...

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО нема легитимитет да отвора нови истраги

Мандатот на Специјалното јавно обвинителство за отворање и спроведување на истраги заврши и тоа нема легитимитет да отвора нови постапки, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ во контекст на приведувањето на скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски - Палчо по налог на СЈО. Од опозициската партија велат дека доколку Палевски го прекршил законот, тој за тоа треба да одговара пред Основното јавно обвинителство. - Согласно закон...

ОЈО поднесе обвинение против лицето што ја влечеше Шекеринска за коса

Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против лицето што за време на насилниот упад на граѓани во Собранието на 27 април, за коса ја влечеше сегашната министерка за одбрана, а тогашна пратеничка, Радмила Шекеринска. „Спроведена беше истражна постапка и до Основниот суд Скопје 1 е поднесен и обвинителен акт против осомничениот. Имено, лицето се товари дека за време на настаните во законодавниот...

ОЈО отворило предистражна постапка за исчезнатите уметнички дела од Владата

Основното јавно обвинителство отворило еден предмет за исчезнатите уметнички дела од Петар Мазев и од Владимир Величковски кои се наоѓале во објектите на Владата и на Министерството за одбрана, објави телевизија „Телма“. „Јавниот обвинител кој работи на предметот веднаш презеде дејства во насока на утврдување на фактите. Издадена е наредба за прибирање на претходно известување од Министерството за внатрешни работи, како...

Во истрагата за 27 април се вклучува и Обвинителството за организиран криминал

Основното јавно обвинителство - Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека дел од истрагата за насилствата во Собранието на 27 април целосно ја предава на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. ОЈО Скопје утврдило дека постоела соработка на неколку осомничени и затоа заклучило дека истрагата за тие случаи треба да ја водат нивните колеги кои гонат организиран криминал....

МВР привело уште тројца за нападите во Собрание, Обвинителство ги ослободило

Единицата за насилен криминал во СВР Скопје во врска со нападите во Собранието на 27 април по наредба на Судија на претходна постапка извршила претреси во домовите на четири лица од Скопје А.Д. (43), С.П. (51), А.М. (22) и А.К. (43). „По извршениот претрес три од лицата (С.П., А.К. и А.М.) се лишени од слобода, а по насока на јавен...

Обвинителството сослушува полицајци за насилството во Собрание

Основното јавно обвинителство Скопје информираше дека досега се идентификувани 15 лица инволвирани во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија и дека се сослушани поголем број припадници на полицијата. „До Обвинителството во врска со овој настан е поднесена кривична пријава од страна на МВР и по неа интензивно се постапува. Во Основното јавно обвинителство Скопје досега се сослушани поголем...

Сè уште нема утврдени кривични дела за насилствата во Собранието, информира ОЈО

Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација со Министерството за внатрешни работи во врска со идентификација на учесниците во нередите што се случија во Собранието на Република Македонија, а дежурните јавни обвинители ѝ даваат насоки на полицијата за понатамошното постапување, велат од ОЈО преку соопштение. „Поради обемноста во постапувањето на обвинителството, до овој момент се вклучени шест јавни обвинители, но...

Нухиу: МВР и Чавков се одговорни за нередите во Собранието, јас се повлекувам

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, ги осуди настаните што се случија во Собранието и рече дека дел од структурите на Министерството не си ја завршиле работата за што ќе мора да одговараат. Тој вели дека како министер инсистирал да се формира оперативен штаб уште кога почнале протестите, а во него биле вклучени раководни лица од МВР. „Оперативниот штаб имаше подготвено планови...

Основното јавно обвинителство – Гостивар трага по напаѓачите на британски државјанин

Британски велосипедист бил пресретнат и нападнат од три непознати лица, вчера на патот од одморалиштето Бунец кон Маврово, соопштија од Јавно обвинителство. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гостивар зел изјава од оштетениот и издал наредби за да се расветли настанот. „Според исказот на оштетениот, лицата го врзале, го внеле во возилото и во исто време му ги одзеле...

Заев: Секогаш кога СЈО ќе отвори нов случај, јас сум таргет на Зврлевски

Секојпат кога Специјалното јавното обвинителство ќе отвори нов случај, Зоран Заев е таргет на Републичкото јавно обвинителство, изјави лидерот на СДСМ по денешниот „распит“ во ОЈО Скопје. Заев во обвинителството се задржа околу половина час и, како што изјави по излегувањето, денеска нему и на неговиот адвокат, Ване Андреев, им биле усно презентирани сомневањата за кои обвинителството ги товари него,...

Заев пристигна во ОЈО на распит за изборни нерегуларности

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, точно напладне пристигна во Основното јавно обвинителство Скопје, каде треба да даде исказ во врска со истрагата што се води против него за изборни нерегуларности. Заев во обвинителството дојде заедно со неговиот адвокат, Ване Андреев. Тој не даде изјава и најави дека по завршувањето на распитот, ќе излезе со коментар за медиумите, кои во голем...

Заев денеска на распит кај Зврлевски за изборни нерегуларности

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во 12 часот е повикан на распит во Основното јавно обвинителство, во врска со истрагата за злоупотреба на пари во изборна кампања, пренесуваат медиумите. Покрај Заев, според информациите во медиумите, на распит се повикани уште неколку раководни лица во партијата. Од СДСМ потврдија дека поканата од Јавното обвинителство пристигнала вчера. Како што пренесува порталот „Нова“, од...

ОЈО со мерки за обезбедување на присуство на осомничените за трговија со дрога

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради постоење на законските основи, како и заради избегнување на попречување на водењето на кривичната постапка до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднел предлог за изрекување на мерки за обезбедување на присуство на петмина осомничени за трговија со дрога. „Наредба за спроведување на истражна постапка против пет...

ОЈО води постапка против организирана група за трговија со дрога

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека во текот на вчерашниот ден во координација со Министерството за внатрешни работи – Оддел за организиран криминал е спроведена акција за откривање на организирана група што извршува нелегална трговија со дрога при што приведени се три лица. „Работејќи на континуирано откривање и гонење на организираниот криминал, Основното јавно...

Одбраната за Заев побара изземање и на обвинителот Златко Биковски за „Поткуп“

Обвинителот Владимир Милошевски, поради истечениот мандат во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал, на денешното рочиште за случајот „Поткуп“ беше заменет од неговиот колега и в.д. претседател на ова обвинителство, Златко Биковски. Одбраната на обвинетиот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, побара и тој да биде изземен од случајот. Причините за барањето за изземање ги образложи Заев, кој рече дека...

Полициска акција во Универзитетот МИТ во Скопје

Полицијата денеска, по наредба на Основното јавно обвинителство, спровела акција во Универзитетот МИТ, поради, како што пренесуваат дел од медиумите, неправилности во работењето. Од МВР и од обвинителството засега нема официјални информации за акцијата. Порталот „Прес24“, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека во рамки на акцијата под кодно име „Еразмус 2“, при претресот на станот на сопственичката на Универизитетот МИТ биле...

По падот на „пајперот“, теренот се снима со дрон и се врши распит на двајца италијански пилоти

Во Јавното обвинителство Скопје се врши испитување на двајца пилоти од Италија кои биле со други две летала и слетале на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје. Исто така, обезбеден е дрон кој треба да изврши воздушно снимање на теренот каде што се случила авионската несреќа, информираат од ОЈО Скопје. „Во тек е увидот на местото на несреќата раководен од јавното...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...