fbpx
Таг: основни училишта

таг: основни училишта

Опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси за 40 училишта

Четириесет основни училишта во државата добиваат современа опрема за безжичен и безбеден пристап до дигитални образовни ресурси. Опремата е набавена преку проектот на Министерството за образование и наука за унапредување на основното образование кој е финансиран со средства од Светската банка, информираат од МОН. Оттаму додаваат дека во училиштата се поставуваат безжични пристапни точки преку кои ќе се овозможи интернет...

Дојави за бомби во повеќе училишта во Белград

Основните училишта „Владислав Рибникар“ во Врачар, „Исидора Секулиќ“ во Савски венец, „Јован Миодраговиќ“ во Врачар и „Обединети нации“ во Церак, „Ратко Митровиќ“ во Нов Белград, „Владимир Роловиќ“ и „Бранко Ќопиќ“ во Видиковац се само дел од оние во кои денеска имало дојави за бомби, пренесува Н1.  Учениците од ОУ „Исидора Секулиќ“ биле испратени дома, а од ОУ „Јован Миодраговиќ“ го...

Химната ќе се интонира секој понеделник во основните училишта во Аеродром

Наставата во основните училишта во Аеродром секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, објави Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страница. Тој сподели и видео од учениците во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како ја пеат химната. Според Муцунски, почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст. „Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и...

РЕПОРТАЖА: Трите првачиња од Мустафино ќе ги учи наставничка која патува 160 километри на ден

„Време е за училиште, ѕвончето нас нè вика, сите во училница“. Стиховите од оваа песничка, ги пееја учениците од второ до петто одделение, кои со смислена игра и кореографија, денеска ги пречекаа нивните три нови другарчиња - првачиња во подрачното училиште „Даме Груев“ во село Мустафино, светиниколско. Сега, заедно со првачињата Јоана, Мила и Дарин, сите заедно се вкупно 18...

За поквалитетно образование требаат повеќе финансии и реорганизација на мрежата на училишта

Со зголемување на ресурсите и реорганизација на мрежата на основни училишта може да се подобри квалитетот на образованието. Ова беше главниот заклучок на денешниот меѓународен форум, на кој учествуваа креатори на политики, експерти и практичари кои дискутираа за извлечените поуки и клучните фактори на успех од реорганизацијата на училишната мрежа во европските земји, информираат од УНИЦЕФ. Денешниот форум го организираа...

ФИТР: Млади истражувачи од основни и од средни училишта ќе релизираат зелени проекти

Шеснаесет основни и средни училишта од земјава ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Проектите се наградени во рамките на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #5 – зелени проекти“, кој го спроведува Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР). Како што информираа од ФИТР, од вкупно 57 пристигнати предлог-проекти, одобрени за финансирање се...

МОН со засилени градежни активности во училиштата за време на летниот распуст

Министерството за образование и наука (МОН) соопшти дека ги интензивира градежните активности за време на летниот распуст на учениците, со цел, како што велат, заокружување на повеќе инфраструктурни инвестиции кои ќе значат подобрени услови во основните и средните училишта во новата учебна година. Предвидени се реконструктивни активности во 50 училишни објекти во повеќе општини низ државата, а реконструкцијата се изведува...

Првите три училишта во Општина Центар добиваат фотоволтаични системи

ТД „Енергија Центар“ ќе ги постави првите фотоволтаични централи во општинските основни училишта „Киро Глигоров“, „11 Октомври“ Скопје и „Јохан Хајнрих Песталоци“, откако советниците од Општина Центар на денешната седница на Советот дадоа согласност за поставување фотоволтаични системи на кровните конструкции на првите три општински училишта. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на седницата појасни дека инсталирањето на фотоволтаичните централи...

Ова се потребните документи за упис на прваче

Извод од матичната книга на родените, медицинска потврда од стоматолог, потврда за направен офталмолошки преглед, како и потврда за примени вакцини. Ова се документите кои треба родителите на првачиња да ги обезбедат, за да можат да ги запишат своите деца во прво одделение. Рокот за пријави почнува на 1 мај, а завршува на 31 мај. И годинава, како и минатата,...

И попладнево голем број дојави за бомби во училишта во Бугарија

Трендот на дојави за поставени бомби во основни и средни училишта во Бугарија, кои се покажуваат лажни продолжува и денеска во Бугарија, јави Бугарското национално радио (БНР). https://meta.mk/lazhni-dojavi-za-bombi-kako-zakana-za-izborniot-proces-vo-bugarija-mozhe-da-vlijaat-na-oddzivot-na-glasachite/ Слично како со лажните дојави за бомби во Македонија, и во Бугарија цел на овие закани и сеење паника не е само главниот град Софија, туку денеска дојави имаше и во приморскиот град...

Регионален настан во Штип за подобрување на пристапноста и инклузијата во училиштата

Во Штип денеска се одржа регионален настан со претставници од училишта, општини, невладини организации, општествено одговорни компании и семејства на ученици со попреченост кои посетуваат редовно образование, како дел од активностите на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, информираат од Фондацијата „Чекор по чекор“. На настаните воведни обраќања имале претставници од проектот, а...

Поради дојавите за бомби, десетици средношколци повеќе време поминуваат во автобус одошто во клупа

Нови дојави за бомби денеска испразнија 21 средно и 11 основни скопски училишта, едно основно училиште во Прилеп, а мејл со закана доби и Основниот суд во Охрид. Со оглед на фактот дека од почетокот на второто полугодие, речиси секојдневно има дојави и прекин на наставата, се поставува прашањето, како овие случувања влијаат на образовниот процес, но и на...

Дојави за бомби во 18 основни и средни училишта, проверките се во тек

Дојави за поставени бомби на електронските адреси денес добија 18 основни и средни скопски училишта. Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека според процедурите, основните и средните училишта веднаш се евакуирани и се чекаат антитерористичките единици да извршат проверки. Вчера лажните дојави за бомби испразнија  12 средни училишта. Но, беа регистрирани лажни дојави за поставени бомби и во инстиутуции и...

Дојави за бомби во 33 скопски училишта ја прекинаа наставата во првата смена

Нови дојави со заканувачка содржина за поставени бомби биле испратени денеска во 33 основни и средни училишта во Скопје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, веднаш по добиената пријава полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на училиштaтa. Она што е различно овој пат во електронското писмо, е тоа што е потпишано од извесна „Бугарска револуција“. „Во тек се...

Отворена сензорна соба во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода

Основното училиште „Круме Кепески“ доби сензорна соба опремена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Станува збор за проект кој го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со...

Повик до училиштата за меѓународниот натпревар „Европски квиз на пари“

Македонската банкарска асоцијација (МБА) информираше дека петти пат го организира натпреварот „Европски квиз на пари“, којшто е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на ученици од 13 до 15 години. Натпреварот се реализира во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) и Комисијата за хартии од вредност. МБА го објави повикот до основните и средните училишта...

До Здравствениот инспекторат постојано стасуваат пријави за нехигиена во училиштата

Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), постојано стасуваат пријави од училишта во кои хигиената не е на задоволително ниво, вели за Мета.мк в.д. директорката на Инспекторатот, д-р Рената Младеновска. Според неа, пријавите стасуваат од родители, односно од претставниците на Советите на родители, но и од самите наставници кои работат во училиштата во кои не се одржува хигиена. Изминатиов период...

Пет училишта добија на подарок 1.324 книги за подобрување на јазичните вештини на децата

Издавачката куќа за деца „Вермилион“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор - Македонија преку партнерство со сервисот „Конектирај се“ донираа 1.324 книги интересна детска литература за учениците од пет училишта во земјава, информираат од Здружението на граѓани „Конект“. „Од денес учениците од пет училишта ќе читаат интересна детска литература и ќе ги подобруваат своите јазични вештини...

Дојава за бомба во две основни училишта во Скопје, учениците евакуирани

Покрај дојавите за бомба во осум средни скопки училишта, денеска за прв пат откако се испраќаат серија лажни закани, порака за поставен експлозив стигна и во основните училишта „Петар Поп Арсов“ и „Кочо Рацин“. Денеска по 15 часот, на електронската адреса на основното училиште „Петар Поп Арсов“ во Карпош 4, стасал мејл со заканувачка содржина во која е наведено дека...

Порталб: Во Тетово „пинг-понг“ со наставниците, се очекува нов конкурс

На повеќе од 20 наставници, во основните училишта во општина Тетово, на 31 август им истекле договорите за вработување и не им биле обновени. Од Општина Тетово не го наведуваат точниот број на наставници. Неофицијално, станува збор за наставници кои биле пред добивање решение за работа. Наставата во моментов ја изведуваат наставници кои се ангажирани како замена. Државниот просветен инспекторат...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...