fbpx
Таг: Основен суд

таг: Основен суд

Бомба во Основниот суд во Подгорица – загина мажот што ја активирал

Во Основниот суд во Подгорица, главниот град на Црна Гора, денеска се случи тежок инцидент, во кој извесен 40-годишен Младен Булатовиќ, жител на Подгорица, активирал бомба. Тој загинал, а седум лица се повредени, јави Радиотелевизија Црна Гора. Инцидентот се случил во 11:35 часот. Бомбата била активирана во просторот меѓу двете врати во првиот влез во судот. Мотивите на Булатовиќ се...

„Телма“ реагира на АВМУ која поднесе жалба на пресудата дека телевизијата не го прекршила изборниот молк

Телевизија „Телма“ реагираше на тоа што АВМУ се жали пред Апелациониот суд за ослободителната пресуда од Основниот суд Скопје 1, кој утврди дека „Телма“ не го прекршила изборниот молк со изјавата на министерот за здравство Венко Филипче, која беше емитувана на 13 јули. Судот утврдил дека е од јавен интерес и исклучиво во функција на информирање на јавноста за...

Основен суд Штип: Игор Спасов доби отпуст врз основа на медицинска документација

Специјалецот Игор Спасов, осуден за убиство на Мартин Нешковски, кој се бара по меѓународна потерница, добил условен отпуст по претходно прибавено мислење од страна на ОЈО, како и врз основа на соодветна медицинска документација во оригинал издадена од стручни медицински лица. Дополнително, и врз основа на искази на вешти лица од областа на медицината и известување од установата каде...

Во Јавно обвинителство пристигнале вкупно 66 барања за амнестија

Јавното обвинителство извести дека пристигнале вкупно 66 барања за амнестија доставени согласно Законот за амнестија од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. „Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнаа 29 барања, од кои до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно обвинителство Скопје пристигнати се 37 барања за амнестија. Поднесените...

Меѓународна потерница за Груевски откако судот ќе потврди дека е во Будимпешта

Од Кривичниот суд чекаат да се потврди информацијата дека осудениот пратеник Никола Груевски е во Будимпешта, па потоа ќе издадат наредба за распишување на меѓународна потерница. „Во однос на евентуално распишување меѓународна потерница, во оној момент кога надлежните органи ќе утврдат дека обвинетиот не се наоѓа во земјата, или ја потврдат автентичноста на информацијата дека истиот се наоѓа во Будимпешта,...

Распишана потерница по Груевски

Откако неколку дена не можеше да го најде и да му врачи решение сам да се упати во затвор, Основниот суд побара од МВР да издаде потерница по екс премиерот Никола Груевски. Од МВР соопштија дека „постапуваат по наредбата“, што би требало да значи дека издале наредба за приведување. „Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето...

Укинат домашниот притвор на пратеникот Крсто Мукоски

Апелациониот суд до Основниот суд, денеска доставил решение со кое ја уважил жалбата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсте Мукоски, обвинет за настаните од 27 април 2018 година во Собранието и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор. На Мукоски му се определени мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова...

Судот го прифати обвинението за настаните во Собранието од 27 април

Кривичниот суд соопшти дека е прифатен обвинителниот акт поднесен од Јавното обвинителство за настаните во Собранието на 27 април минатата година. „Советот за оценка на обвинителен акт при одделението за гонење организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи во оценка на обвинителниот акт со КОК ООА 10/18 повезан со настаните од 27 април 2017 год....

Давидовиќ: Повторното апсење на обвинетите од 27 април е непочитување на Врховниот суд

Основниот суд се прави попаметен од Врховниот кога е во прашање повторениот притвор за дел од учесниците во насилниот упад во Собранието, смета адвокатот на еден од обвинетите Ѕвонко Давидовиќ. Според него, Обвинителството е привилегирано во постапката, бидејќи додека бранителите спијат, судот преку ноќ, во црни темници заседава и носи нови решенија и не остава можност за одбрана на...

Пратениците Тарчуловски и Пешевска дојдоа на распит во Кривичниот суд

Во Основниот суд Скопје 1 утрово на распит пред судија на претходна постапка пристигнуваат шесте пратеници кои се осомничени за учество во насилствата во Собранието на 27 април годинава. Досега пристигнаа пратеникот Јохан Тарчуловски и пратеничката Жаклина Пешевска. Пред Кривичниот суд се и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и Крсто Јовановски и Зоран Илиевски, како и роднини на осомничените...

ВМРО-ДПМНЕ ќе блокира три крстосници и ќе протестира пред Кривичен суд

ВМРО-ДПМНЕ и денеска ги повика членовите и симпатизерите од 15 до 17 часот да ги блокираат крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу Васил Чакаларов и Ангел Динев во Карпош. Во 18 часот, ВМРО-ДПМНЕ закажа протест пред Основниот суд Скопје 1 бидејќи, според партијата, СДСМ спроведува класичен партиски реваншизам и брутален политички притисок. „СДС го злоупотребува...

Почна судењето за „Транспортер“, Талески тврди дека не работел криминално

„Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија“, изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески, по денешното прво рочиште за случајот на СЈО, „Транспортер“, кое беше одложено бидејќи во судницата не беа присутни сите обвинети. Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина Никиќ-Десановска имала сообраќајна несреќа на...

Судот на 17 октомври ќе донесе пресуда за „Диво Насеље“

Основниот суд Скопје 1 за 17 октомври го закажа соопштувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонската полиција. Денеска се одржа последното рочиште на кое беа изнесени завршните зборови на обвинетите и на нивните адвокати. Обвинетите останаа на барањето дека во судница треба да се повикаат...

Рочиштето за „Поткуп“ oдложено, судот одби да ги изземе снимките објавени на „Јутјуб“

Рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е премиерот Зоран Заев, денеска беше одложено поради боледување на судијката Дијана Груевска-Илиевска. Следното рочиште е закажано за 20 ноември. Судијката Ленка Давиткова на одбраната ѝ го врачи решението од Основниот суд Скопје 1 дека одбиено им е барањето од предметот да бидат изземени доказите од посебните истражни мерки (ПИМ), односно снимките што беа објавени...

Основниот суд му определи 30-дневен притвор на Едмонд Темелко

Основниот суд во Скопје го прифатило барањето на СЈО за притвор на Едмонд Темелко, потврдија за „Мета“ од Кривичниот суд во Скопје. На градоначалникот на општината Пустец во Албанија му е одреден 30-дневен притвор за случајот „Титаник“, кој се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година. Медиумите пишуваат дека СЈО побарало притвор за Темелко затоа што и покрај...

Судот по барање на СЈО денеска пак ќе одлучува за притворот на Кочан

Обвинителот на Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски, и адвокатот на Сеад Кочан, Никола Додевски, утрово пристигнаа во Основниот суд Скопје 1, каде судија на претходна постапка повторно треба да одлучува по барањето на СЈО за притвор на бизнисменот Кочан, првоосомничен во случајот „Труст“. СЈО и одбраната на Кочан пред судијата на претходна постапка ќе ги соочат доказите и аргументите за...

Кривичен суд: Доказите од кодираното уесбе, СЈО ги достави како фотокопии

Специјалното јавно обвинителство доцна попладнево, пред завршување на работното време, ги доставило до судот во форма на фотокопија доказите за определување мерки за претпазливост против четири лица, информираат од Основен суд Скопје 1. Оттаму велат дека предлозите биле доставени, откако во текот на денешниот ден како суд ја информирале јавноста дека СЈО доставило докази на кодиран мемориски стик кој не можел...

Нема мерки за претпазливост за лицата обвинети во „Тврдина“

Судија на претходна постапка во Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост на лицата Т.Ј., Н.Б. и В.С., обвинети во случајот „Тврдина“, соопштија од Кривичниот суд. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на...

Судот в среда ќе одлучува за мерките против четворицата осомничени во „Тврдина“

Кривичниот суд следната недела ќе одлучува за барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да им бидат одредени мерки на претпазливост на четворица од осомничените во случајот „Тврдина“, меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Од судот за „Мета“ потврдуваат дека е испратена покана до Специјалното обвинителство да ги образложи пред судија на претходна постапка причините поради...

Сведок во „Диво Насеље“: Полицијата бараше злато и дрога

На денешото рочиште од судењето за настаните од Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година, пред судот искази дадоа тројца сведоци, предложени од обвинителството. Двајца од нив беа ќерката и сопругата на обвинетиот Фадиљ Фејзулаи, кој, според обвинителниот акт, им ја издал куќата на членовите на вооружената група. Ќерката, Артизана Фејзулаи, на прашања од обвинителите, рече дека утрото...

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...