fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

Чавков, Дурловски, Илиевски добија притвор од 30 дена, шест лица добија куќен притвор

Основниот суд Скопје 1 денеска преку соопштение информираше дека за насилствата во Собранието на 27 април годинава, по барање на ОЈО за организиран криминал и корупција, судија на претходна постапка на 13 лица им определил притвор во траење од 30 дена, додека на шест лица им е определен куќен притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и им определи...

За слободата на обвинетите во „Монструм“ сега треба да одлучува Кривичниот суд

Дали по укинувањето на пресудите на кривичниот и на Апелацискиот суд во Скопје обвинетите во случајот „Монструм“ ќе останат во притвор или ќе се бранат од слобода во текот на повторното судење, ќе одлучува Кривичен совет на Основниот суд Скопје 1. Ова за „Мета“ го изјави адвокатот Насер Рауфи, кој е бранител на дел од обвинетите во случајот. Рауфи вели дека очекува...

Џолев даде заклетва и стана претседател на Основниот суд во Скопје

Новиозибраниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Иван Џолев денеска даде свечена изјава пред членовите на Судскиот совет, со што и официјално стапи на функцијата. Судскиот совет пред два дена со 11 гласа „за“ и два „против“, го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Џолев е судијата кој неодамна изјави дека поранешниот претседател на судот, Владимир Панчевски, вршел...

Иван Џолев е избран за нов претседател на Кривичниот суд

Со 11 гласа „за“ и два „против“, Судскиот совет го избра судијата Иван Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1. Помеѓу другите кандидати за претседател на судот беа претходниот претседател Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова. Судијата Оља Ристова ја повлекла кандидатурата за претседател на скопскиот Кривичен суд, информираа на седницата на Судскиот...

Протестот за „Диво Насеље“ мирен, се скандираше „УЧК“

Со скандирања, во кои главно се слушале „УЧК“, под силно полициско обезбедување, заврши протестот против пресудите за „Диво Насеље“. Нема забележани инциденти. Во толпата што тргна од плоштадот Скендер-бег и се упати кон Основен суд Скопје 1, каде беше изречена пресудата за обвинетите, се слушаа скандирања, од кои предничеше „УЧК“. Иако првично беше најавено дека ќе се оди и до...

Протест за „Диво Насеље“ дeнеска пред Кривичен суд во Скопје

На потегот од плоштадот Скендер-бег до Основен суд Скопје 1, денеска со почеток од 13 часот, ќе се одржи протест против судската пресуда за случајот „Диво Насеље“. Протестот го организира Здружението за албанска култура, коe вчера го пријави настанот во полициската станица Бит-пазар. Во повикот за протестот што го пренесоа дел од медиумите е наведено дека треба да присуствуваат сите граѓани...

Најави за масовен протест пред Кривичен суд поради пресудите за „Диво Насеље“

Медиумите на албански јазик најавуваат дека утре пред Основниот суд Скопје 1 (Кривичен суд), ќе се случат протести на коишто ќе биде изразено незадоволство од пресудата изречена во случајот „Диво Насеље“. „Некои невладини организации и граѓански иницијативи организираат протест против казните со кои судот во Скопје ги осуди осудените лица во случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Протестите ќе почнат во недела,...

Денеска пресуда за „Дивo Насеље“

Скопскиот Кривичен суд денеска во 10.30 часот треба да ја соопшти пресудата за настаните во кумановската населба Диво Насеље во мај 2015 година, во кои загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. Пресудата за овој случај требаше да биде донесена на 17 октомври, но беше одложена поради локалните избори на барање на МВР. Обвинителството бара доживотен затвор за сите 37 обвинети...

Итната седница на Судскиот совет за оставката на Рибарев – следната недела

Судскиот совет сè уште не ја закажал итната седница по оставката на в.д. претседателот на Основниот суд Скопје 1, Стојанче Рибарев, а како што изјави претседателот на Советот, Зоран Караџовски, таа најверојатно нема да биде одржана денеска и ќе биде закажана од понеделник. Во врска со тоа какво ќе биде решението на Судскиот совет околу изборот на шеф на Кривичниот...

Четворицата обвинети го признаа грабежот во НЛБ, но не открија каде се парите

Четворицата обвинети за милионскиот грабеж во НЛБ, на денешното рочиште во Основниот суд Скопје 1 го признале кривичното дело, но не откриле што сториле со украдените пари, соопшти Јавното обвинителство. „Тие се изјаснија за виновни, односно дека со умисла и во повеќе временски поврзани дејства, искористувајќи ја својата работна позиција и познавање на процесите на работата во банката, противправно присвоиле...

Пресудата за „Диво Насеље“ одложена за почетокот на следниот месец

Поради презафатеноста на МВР со обезбедување на локалните избори, изрекувањето на пресудата за случајот „Диво Насеље“ е одложено за 2 ноември, соопшти Основен суд Скопје 1 на својата веб-страница. Судот вели дека поради големиот број полициски службеници ангажирани за обезбедување на локалните избори и за обезбедување на делегации од странство во Република Македонија, судското рочиште за „Диво Насеље за 17...

Панчевски: Со претресот на СЈО настапи целосен мрак за правдата во Македонија

Судијата Владимир Панчевски денеска обвини дека во четвртокот минатата недела настапил „целосен мрак за правдата во Македонија“ со, како што вели, „незаконитиот и брутален претрес“ што врз него го извршиле Специјалното јавно обвинителство и истражители на Министерството за внатрешни работи. Панчевски, во интервју за „Алсат-М“, тврди дека не бил извршен претрес во простории во Кривичниот суд во Скопје, туку станувало...

Судот го одобри обвинението, случајот „Триста“ на СЈО оди на судење

Советот за оценка на обвинителен акт го одобрил обвинението за случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство, кое сега треба да биде распределено кај судија кој треба да закаже тремин за почеток на судскиот процес. Како што соопштија денеска од Основниот суд Скопје 1, Советот, составен од судиите Верка Петковска, Горан Бошевски и Татјана Михајлова, донел решение со кое приговорот на одбраната...

Затворено рочиште за „Тврдина 2“ денеска

Во скопскиот Кривичен суд денеска почна главната расправа за предметот „Тврдина 2“, по обвинението на СЈО, кое ги товари поранешниот началник на петтата управа на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујовски, и шест вработени во Управата за уништување опрема за следење комуникации непосредно откако опозицијата во 2015 година почна да ги објавува „бомбите“. Грујовски е во бегство од 18...

Судот одлучи и на Мијалков да не му го врати пасошот

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков кој е обвинет во случајот „Таргет“, останува без пасош, откако судот го одбил како неосновано неговото барање да му биде вратена патната исправа што му беше одземена како мерка за обезбедување на присуство. „Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи...

СЈО ќе се жали во Апелација за изземањето на „бомбите“ од три случаи

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе поднесе жалба на одлуките на Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 да се издвојат „бомбите“ од случите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“. Советот проценил дека телефонските разговори се доказ прибавен на незаконит начин и со кршење на правата и слободите утврдени со Уставот на Република Македонија. - Одлуките стасаа вчера и...

Никола Груевски останува без пасош, „бомбите“ отфрлени како докази во три случаи

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, не го прифатил барањето на Никола Груевски да му биде вратен пасошот, објави судот на својaта веб-страница. Истовремено, прислушуваните разговори се отстранети од доказниот материјал во три случаи, со образложение дека се незаконски прибавени. Освен Груевски, пасошите си ги бараа и поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков,...

Урко доби условна казна за сообраќајката по која почина повреденото момче

Дејан Митровски - Урко, кој едно време беше телохранител на тогашниот премиер Никола Груевски доби само условна, но не и затворска казна за сообраќајката на 27 јуни лани, кога кај Стара рампа на булеварот Борис Трајковски во Скопје со автомобил удри млад мотоциклист, кој почина од повредите пет дена подоцна в болница. Пресудата е донесена на 20 јуни годинава, а...

Врховен суд го потврди притворот за Грујовски и за Бошковски, Јакимовски останува без пасош

Врховниот суд денеска ја одбил жалбата на бранителите  на поранешниот началник на петтата управа во МРВ, Горан Грујовски, и на неговиот соработник Никола Бошковски и ги потврдил решенијата од Апелацискиот суд Скопје за притвор од 30 дена за обајцата, се вели во соопштението. Петчлениот совет на Врховниот суд истовремено ја уважил жалбата на бранителите на обвинетиот Тони Јакимовски, поранешен функционер...

Судскиот совет одлучи да објави нов оглас за избор на претседател на Кривичниот суд

Судскиот совет на денешната седница донесе одлука да објави оглас за избор на претседател на најголемиот кривичен суд во државата, Основниот суд Скопје 1. Огласот, како што најави претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, најверојатно ќе биде објавен утре во „Службен весник“ и ќе трае 15 дена. Одговарајќи на новинарско прашање зошто токму во овој период се објавуваат огласите кога се...

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...