fbpx
Таг: Основен суд Скопје 1

таг: Основен суд Скопје 1

На „Поткуп“ денеска нема да се објави целата снимка, Сачевалиев тврди дека Заев барал едно евро и за СДСМ

На денешното рочиште за „Поткуп“ кое се одржува во Основен суд Скопје 1, сепак, нема да се прикаже целосната снимка за овој случај, во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Причината е што Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи сака да се жали за неа на повисок суд. Заев е обвинет дека како градоначалник...

Во Кривичен суд денеска ќе се гледа целата снимка за „Поткуп“

Во судењето за случајот „Поткуп“, во кое актуелниот премиер Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Општина Струмица барал поткуп од струмичкиот бизнисмен Иван Сачевалиев, на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 ќе се прикаже целата снимка, на која и се темели случајот. На досегашните рочишта, Заев тврдеше дека снимката е нецелосна и недостигаат два дела, поради што...

Груевски повторно на суд – денеска рочиште за блиндираниот „мерцедес“

Во Основен суд Скопје 1, познат како Кривичен суд, денеска со почеток во 10.30 часот ќе се одржи ново рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) „Тенк“, односно за набавката на блиндираниот „мерцедес“ вреден повеќе од 550.000 евра. Обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник-министер во МВР, Ѓоко Поповски. На претходното...

Почнува судењето „Титаник 3“ за функционери на ДУИ

Во Основен суд Скопје 1 денеска ќе почне судењето на случајот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник 3“ за изборни нерегуларности. Овој случај е првиот на СЈО во кој се обвинети функционери на ДУИ - Ејуп Алими и Исмет Гури. СЈО ги товари за уништување изборен материјал. Во истиот суд денеска ќе продолжи судењето за случајот „ТНТ“, во врска со уривањето на...

Продолжува судењето на Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски за „Траекторија“

Во скопскиот Кривичен суд (Основен суд Скопје 1) денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Според обвинението на СЈО, тие во втората половина на 2012...

Груевски: Во судот треба да ми дадат канцеларија и плата, толку често доаѓам

Во судот веќе доаѓам толку често што треба да ми дадат канцеларија, а и да добивам плата, изјави поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски пред новинарите по завршувањето на денешното рочиште за случајот  „Траекторија“. Тој повторно се пожали дека против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ се води политички прогон и рече дека „судството“ е претворено во „политичка гилотина“....

Груевски задоцни на судењето за „мерцедесот“, адвокатот приговараше за „свадбарските“ камери

Обвинетиот Никола Груевски, поранешен премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, пак доцнеше на денешното рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Тенк“. На Груевски во Основниот суд Скопје 1 му се суди за набавката на прескапиот блиндиран „мерцедес“. Во овој случај првообвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и поранешниот помошник министер во МВР задолжен...

Заев дојде на „Поткуп“, судењето одложено за 26 февруари, обвинителот бил на службен пат

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“ во кое обвинет е премиерот Зоран Заев, се одложи за 26 февруари, бидејќи не беше присутен обвинителот Владимир Милошевски. Тој, како што соопшти судијата Дарко Тодоров, во петокот го известил судот дека поради оправдани причини, односно службено патување, нема да може да присуствува на рочиштето. Во Основниот суд Скопје 1 на Заев му се суди...

Совети на Кривичен суд ќе утврдуваат кој исполнува услови за амнестија

Основен суд Скопје 1 формирал совети кои треба да утврдат дали одредени осудени лица за кои е надлежен овој Суд ги исполнуваат условите од Законот за амнестија, потврди претседателот на Судот, Иван Џолев на брифинг со новинарите. Тој рече дека бил информиран оти до Судот денеска од затворите стигнале помеѓу 50 и 100 вакви барања, а дека со актот за...

Цаноски бара отштета од 55 милиони евра за урнатиот „Космос“

Бизнисменот Фијат Цаноски по завршувањето на првото рочиште од судењето за случајот „ТНТ“ денеска изјави дека очекува судот да донесе праведна одлука и обвинетите кои „и нанеле голема штета на Македонија" да бидат осудени. Во процесот за уривањето на комплексот „Космос“ на Цаноски, покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), главни обвинети се поранешниот премиер и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола...

Судењето за „Шамари“ одложено за следната година, судијката Михајлова прераспределена

Поради прераспределувањето на судијката Татјана Михајлова, судењето за случајот нсилство во Општина Центар во јуни 2013 година покренат од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска беше одложено во Основен суд Скопје 1. Миихајлова е прераспределена во друг оддел на судот, според новиот годишен распоред на судиите, што го подготви новиот претседател на Кривичичниот суд, Иван Џолев. Во случајот „Шамари“ обвинети се 14...

Груевски стаса на рочиштето за „Траекторија“ дури откако тоа се одложи

Откако судијата Горан Бошевски на самиот почеток го одложи за денеска закажаното рочиште за случајот „Траекторија“ а потоа замина и обвинетиот поранешен министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, во Основен суд Скопје 1 со задоцнување стаса и поранешниот премиер Никола Груевски. Судијата Бошевски даде два предлога за следното продолжение на судењето - 31 јануари и 14 февруари, но не...

Јанакиески и Пешевски пристигнаа во суд, се чека Груевски

Во Основен суд Скопје 1 пред малку пристигнаа поранешните министер и вицепремиер Миле Јанакиески и Владимир Пешевски, а се чека и Никола Груевски, пред да почне судењето за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“, во кој се обвинети за злоупотреба на службената положба за незаконско склучување договори за изградба на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип. Притоа,...

Јанакиески и Кочан денеска во суд за „Топлик“ и „Труст“

Во Основниот суд Скопје 1 денес стартува судењето за случајот „Топлик" во кој првообвинет е поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Во „Топлик" заедно со Јанакиески, осомничени се уште пет лица за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев град во скопско Сопиште. Истовремено, во судот ќе се одржи и ново рочиште за предметот на СЈО...

Џолев донел нов распоред во Кривичен, дел од предметите на СЈО ќе добијат нови судии

Новиот претседател на Основниот суд Скопје 1, Иван Џолев донел нов годишен распоред на судиите, со кој, дел од предметите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе добијат нови судии, јавува телевизија „Телма“ повикувајќи се на свои извори. Со новиот распоред, голем дел од досегашните судии во одделот за организиран криминал, кои ги судат предметите на СЈО, се префрлени во одделот за прекршоци,...

И „Шамарите во општина Центар“ одложено – единствениот систем за снимање зафатен за друго судење

Судењето за случајот со насилствата во Општина Центар во 2013 година, попознат како „Шамарите во Општина Центар“ денеска се одложи кратко по почетокот на денешното рочиште, бидејќи единствениот систем за снимање во Основен суд Скопје 1 бил резервиран уште пред еден месец за судењето за обидот за убиство на тогашниот министер за здравство, Никола Тодоров. Судијката Софија Лаличиќ го резервирала...

Груевски и Јанакиески денеска на две судења

Поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ во заминување, Никола Груевски, и пораншниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, денеска поголем дел од денот ќе го поминат во Основен суд Скопје 1, поради неколку судења. Во 9.45 часот почнува рочиштето за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) наречен „Траекторија“, во кој освен двајцата обвинети се и поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски...

Мукоски, Арнаудов, Дамовски и Јовановски остануваат во притвор, одлучија Кривичен и Апелација

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ги отфрли жалбите и ги потврди притворите на пратенците Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и решенијата со кои им беше одредена мерка домашен притвор на нивните колеги Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска. Во врска со жалбата на пратеникот Сашо Василевски, судот дополнително ќе информира, откако ќе го донесе решението. Пратеникот Љупчо Димовски, пак,...

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе блокира улици и ќе протестира

ВМРО-ДПМНЕ денеска во 18 часот повторно ќе протестира пред Основен суд Скопје 1, а од 15 до 17 часот ќе ги блокира крстосниците кај ТЦ „Мавровка“, кај Рампа во Кисела Вода и крстосницата помеѓу улиците Васил Чакаларов и Ангел Динев во Влае. „Република Македонија сега е единствена земја каде што се притвораат пратеници и невини граѓани во судски монтирани случаи....

Тројца осомничени за 27 април од куќен притвор одат во истражен затвор

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 вчера уважил дел од жалбите на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и на тројца осомничени за насилствата во Собранието од 27 април, им го заменил куќниот притвор, што претходно им беше одреден, со построга мерка - притвор, потврдија од судот. Како што соопштија оттаму, станува збор за лицата М.П., Г.Ѓ....

Од четврток ќе сообраќаат автобуските линии „100“ и „200“ за полесен пристап до Саемот на книгата

Од четврток, во редовниот линиски превоз на ЈСП Скопје ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“ со кои ќе се овозможи полесен пристап на посетителите до Меѓународниот саем на...