fbpx
Таг: ослободени

таг: ослободени

Ослободени сите заложници од поштата во Харков, напаѓачот уапсен

Сите заложници во поштата во украинскиот град Харков се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Во инцидентот нема настрадани лица, јавуваат агенциите. „Успешно заврши операцијата за ослободување на заложниците во поштата во Харков. Сите заложници се ослободени, а напаѓачот е уапсен. Им наложив на локалните власти да им ја обезбедат сета неопходна помош на жртвите“, напиша на „Твитер“ украинскиот претседател,...

Нигерија: Ослободена група киднапирани девојчиња од училиште во Чибок

Дваест и едно од девојчињата што пред две години беа грабнати од милитантите на Боко харам од училиште во градот Чибок, на североистокот на Нигерија, се ослободени, соопшти денеска портпаролката на нигерискиот претседател, Гарба Шеху, пренесува „Би-би-си“. Шаху изјавила дека ослободувањето на девојчињата е резултат на преговорите меѓу властите и исламистичките милитанти. Портпаролката на претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари, исто така на „Твитер“...

Косовскиот суд одлучил да нема екстрадиција на првообвинетите во „Монструм“

Основниот суд во Приштина на 29 октомври минатата година донел одлука со која не се дозволува екстрадиција на двајцата првообвинети за случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, соопшти денеска Основниот суд Скопје 1. Како што информираат оттаму, Апелацискиот суд на Косово на 22 јануари годинава, ја одбил жалбата на Основното јавно обвинителство на Косово како неоснована и ја потврдил...

Косовскиот суд ги ослободил двајцата првообвинети за убиствата од „Монструм“

Кривичниот суд во Приштина ги ослободил од затвор двајцата првообвинети во случајот „Монструм“, Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, пренесува весникот на албански јазик „Коха“. Одлуката за ослободување била донесена по заседавањето на судот во Приштина, на кое било заклучено дека аргументите на обвинителството за сериозните кривични дела за кои се товарат Исмаиловиќ и Демири во Македонија, се неиздржани. Според адвокатот на...

Исламска држава во Сирија ослободила 37 христијани

Исламска држава ослободила 37 христијани, поголемиот број жени, кои беа дел од киднапираните 200 припадници на асирското етничко малцинство во февруари, соопшти денеска Aсириската мрежа за човекови права. Во соопштението се наведува дека продолжуваат преговорите за ослободување на другите 124 асирци. Ослободените асирци пристигнале во асирското село Тал Тамр, во североисточната провинција Хасака во Сирија. Се очекува уште една група да биде ослободена в...

Ослободени 70 курдски заложници во воена операција на САД и на Ирак

Седумдесетина Курди кои биле држени како заложници од милитантите на Исламска држава (ИД) во Ирак, биле ослободени во воена операција што денеска ја извеле сили на Соединетите Американски Држави (САД) и на Ирак, пренесуваат американските медиуми. Според сè уште непотврдени информации, во спасувачката операција загинал еден војник на САД. Воената операција се случила утрово, во близина на градот Хавиџа, во провинцијата Киркук,...

Нигериската армија ослободила 178 заложници на Боко харам, главно жени и деца

Нигериската војска денеска соопшти дека нејзини трупи спасиле 178 луѓе, заробени од исламистичката милитантна група Боко харам, во северниот дел на државата Борно. Како што јавуваат медиумите, во изјавата објавена денеска, се наведува дека 101 од ослободените лица биле деца, а 67 биле жени. Во изјавата не се наведува дали меѓу ослободените се и девојчињата што беа грабнати од училиштето...

Мјанмар ослободи близу 7.000 затвореници во пресрет на изборите

Властите на Мјанмар помилувале и ослободиле околу 7.000 затвореници, меѓу нив и 210 странци, пренесуваат медиумите, повикувајќи се на официјални информации од владата. Амнестијата, која, според министерството за информации, била иницирана од претседателот од „хуманитарни причини“, доаѓа пред изборте во Мјанмар, кои се закажни за ноември. Сепак, пренесува „Би-Би-Си“, сè уште не се знае дали меѓу помилуваните се бурманските политички затвореници. Од...

Нигериската војска ослободи 180 затвореници

Нигериската војска ослободила 180 затвореници, соопштувајќи дека тие веќе не се осомничени за поврзаност со екстремистичката група Боко харам. Помеѓу ослободените затвореници има и жени со бебиња и со мали деца. Затворениците се ослободени по завршување на истрагата, која покажала дека не се виновни по обвинувањето, по што тие се пренесени во државата Борно, каде што ќе им се придружат на своите...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...