fbpx
Таг: оштета

таг: оштета

Пријава за непознат сторител кој исекол електрични и комуникациски кабли на Железнички Мост

Градските власти заедно со локалните во општината Карпош, поднеле пријава против непознат сторител кој оштетил јавен имот, откако на т.н. „Железнички Мост“ во општина Карпош на булеварот „Васил Чакаларов“, синоќа исекол и оштетил електрични и комуникациски кабли. „Не сакаме да веруваме дека станува збор за намерна саботажа предизвикана од политичка агенда, но, ако судиме по реакциите на политичките партии кои...

Повторно ќе плаќаме отштета поради штетниот договор за ОКТА – овојпат 21,4 милиони евра

Северна Македонија ќе треба да плати над 21,4 милиони евра оштета за непочитување на договорот за ОКТА, пресуди Арбитражниот суд во Париз. Во процесот во кој земјава е тужена страна поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата случен во 1999 година, вкупното оштетно побарување на тужителите, заедно со каматите за периодот од 2008 до 2011 година,...

До 9.000 евра за семејствата на жртвите од автобуската несреќа кај Ласкарци

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија „Еуросиг“ за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата, Кадри Моринај кој изрази сочувство до семејствата на настраданите. -Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата...

Обвинителството бара притвор за четворица поранешни министри за земјоделство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување. Неофицијално, станува збор за поранешните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Ацо Спасеновски, Михаил Цветков, Кристијан Делев и Љупчо Димовски. „Лицата се осомничени дека во својство...

Управата за финансиска полиција лани поднела 74 кривични пријави

Министерот за финансии Драган Тевдовски оствари работна средба со директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми кој информирал дека во 2018 година Управата поднела вкупно 74 кривични пријави за дела со кои е нанесена штета на буџетот во износ од три милијарди денари. Ова е значително повеќе во споредба со 2016 година кога била поднесена 41 кривична пријава со што...

Хаџи-Мишев: „TЕ-ТО“ отвори лажен стечај за да не го плати долгот кон „Топлификација“

„Топлификација“ АД Скопје ја обвини компанијата за комбинирано производство на топлинска енергија „ТЕ-ТО“ дека покренала стечај сама на себе, за да не го плати долгот кон Топлификација и тоа во период, кога по тригодишен период на лоши финансиски резултати, лани остварува добивка од 8 милиони евра. - Причина за овој судски процес во кој фирмата „ТЕ-ТО“ предлага стечај сама на...

Села бара оштета од половина милион евра

Адвокатот на Зијадин Села, Абедин Абдули на денешното судење за обидот за убиство на лидерот на Алијансата за Албанците, истакна дека Села бара отштета од 30 милиони денари или половина милион евра. Села, како што рече адвокатот, бара 30 милиони денари отштета поради материјалните трошоци за неговото лекување, поради претрпена физичка и душевна болка, претрпениот страв и повреда на личниот интегритет. Поради...

СДСМ: ОЈО да ги расчисти злоупотребите во Домот за стари лица во Прилеп

Членот на Советот на Општина Прилеп од СДСМ, Александар Китаноски бара Основното јавно обвинителство да ги расчисти кривичните пријави против поранешниот градоначалник, Марјан Ристески и поранешните директори на Домот за стари лица, Ирена Стерјовска Локвенец и Дарко Рибароски, за кои вчера актуелниот директор на оваа институција ја извести прилепската јавност. - Веднаш да се расчистат сите индиции од кривичната пријава дека, поранешниот...

Централен регистар го оштетил буџетот за 22 милиони денари

Претходното раководство на Централен регистар, добивката од 22 милиони денари за 2016 година наместо во буџетот на Република Македонија, ја исплатил на градежната компанија АД „Бетон“, информираат од Влада. Исплатата била на барање на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор, бидејќи компанијата „Бетон“ ја градела зградата каде што сега е сместена оваа институција, без...

Падна пресудата од милион евра отштета за ЗК „Пелагонија“

Апелацискиот суд во Битола ја укина пресудата од еден милион евра отштета што јавното претпријатие „Стрежево“ – Битола требаше да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот. Апелацискиот суд во Битола расправајќи речиси седум месеци по...

„Стрежево“ треба да му плати милион евра на ЗК „Пелагонија“ за неиспорачана вода

Еден милион евра е сумата што јавното претпријатие „Стрежево“ - Битола треба да му ја исплати на земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ од Битола, заради договорена, а неиспорачана вода за наводнување на земјоделските парцели на комбинатот во летото 2015 година, кога хидросистемот имаше хаварија на цевководот. Ваква пресуда донесе Основниот суд во Битола по тужбата на „Пелагонија“ против „Стрежево“ за надомест на...

Наумов бара привремено буџетско финансирање за следната година

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, остварил средба со министерот за финансии, Кирил Миновски, при што разговарале за актуелни теми како задолжувањето со нова еврообврзница, исплатата на отштети за поплавените, како и за носењето на буџетот за 2017 година. Наумов смета дека во вакви политички околности потребно е да се оди на „привремено буџетско финансирање“, а не да се предлага...

„Фолксваген“ на Американците ќе им исплати 14,7 милијарди долари отштета

Германската компанија „Фолксваген“ постигна договор за исплата на 14,7 милијарди долари отштета на сопствениците на автомобили во САД, бидејќи призна дека користела софтвер за лажирање на контролата на издувните гасови. „Фолксваген“ се согласил да ги поправи или да ги откупи автомобилите во кои е вграден спорниот софтвер и на секој сопственик да му исплати до 10.000 долари. Договорот предвидува и уплата...

Исплатена оштетата за поплавените од Босилово

Владата им исплати 14 милиони денари на 250 земјоделци од Босилово, како отштета за поплавите во јануари и во февруари годинава. Оштета од поплавите досега е исплатена на домаќинствата и на земјоделците од Могила, Новаци и од Демир Хисар. Владата одлучи стопроцентно да ги обесштети земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и во февруари годинава, како и да...

Стотици жители на Новаци бараат обештетување од поплавите

Само за еден ден, во Општина Новаци се поднесени 230 пријави за обештетување од поплавите. Од Општината велат дека жителите на повеќе села во битолскиот дел на Мариово, каде Црна Река и каналите направија најмногу штети, веќе пополнуваат изјави за да им се надомести штетата по нивните ниви, имоти, куќи и штали. - За многу кратко време добивме близу 250...

Душко Илиевски не се согласува со отштетата од 6.500 евра

Фармерите Душко, Цане и Томе Илиевски од Битола добија 6.500 евра отштета за душевна болка за  12 дена поминати во притвор, пред четири години. Тие беа осомничени дека во нивата со компири одгледуваат марихуана. Вештачењето покажа дека во нивната нива, во индустрискиот дел на Битола, расте див коноп. Оваа одлука вчера ја донел Основниот суд во Битола, откако поранешните фармери на...

ВМРО-ДПМНЕ: „Сахара груп“ не оштети никого

Во случајот со индиската компанија „Сахара груп“, граѓаните не се оштетени од ниту еден аспект и државата постапи одговорно, заштитувајќи се и поставувајќи барања за банкарски гаранции, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. Како што тврдат од владејачката партија, Владата и премиерот Груевски никогаш не рекле дека ќе инвестира, ниту дека нема да инвестира. - Владата единствено соопшти дека компанијата...

Поплавените штипјани добија пари од Владата

117 домаќинства и 9 правни субјекти добија повеќе од два милиони и 600.000 денари обештетување од Владата, што е 15 отсто од претрпенaата штета, потврди Лазар Соколовски од општинската администрација. По интензивните дождови минатата година, на 25 и на 26 февруари пукна земјената брана кај Пишица, по што водата се излеа од реката Брегалница. Настрадаа домовите во штипско Ново Село, а во дивата населба...

Петровска: Членството во НАТО отвора можност за развој на науката и технологијата

„Членството во НАТО на сите членови на академската заедница- професори, истражувачи и студенти им отвора нова димензија на поддршка, на можност за соработка со колегите од сојузничките и партнерски...