fbpx
Таг: ориз

таг: ориз

Видеото не прикажува пластичен, туку вештачки произведен ориз

Доколку отидете на официјалната веб-страница на компанијата којашто го емитува видеото  споделено во постот – кинеската „Sunspring“,  ќе видите дека не се работи за пластичен материјал, туку за вештачки ориз. Главната разлика меѓу вештачкиот и вистинскиот ориз, според „Sunspring“,  се нутритивните вредности. Вештачкиот ориз, кој се произведува со брашно од различни житарки и се додаваат минерални соли и витамини...

Владата ги замрзна цените на јајцата и оризот, ограничен извозот на јајца

Владата ги замрзна цените на јајцата и на оризот и го ограничи извозот на јајца. Цените се замрзнуваат на нивото на кое биле на 15 март, што значи дека не може да се продаваат по повисоки цени од тие што биле на тој датум. Одлуката ја соопштија премиерот Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши по денешната владина седница....

Од утре замрзнуваат цените на јајцата и оризот, ќе се анализираат цените на месните производи

Цените на оризот и на јајцата од утре ќе замрзнат на ниво на една од цените која важела во текот на март, рече министерот за економија, Крешник Бектеши на денешната прес-конференција. „Нема да биде денешната цена, но тоа ќе биде една од цените во текот на месец март. Не сакаме да кажеме која, за да не се подготват трговците и...

Нема докази за производство на пластичен ориз

Видеото што се споделува во постот не е од производство на пластичен ориз, туку реклама за машина за ориз збогатен со микронутриенти. Вистиномер го пронајде оригиналното видео што е објавено на страницата на компанијата „СанПринг“ – производител на опрема за машинска обработка на ориз и други прехранбени производи. Од нивниот Јутјуб канал е евидентно дека имаат разни машини и...

Владата го забрани покачувањето на цените на оризот, јајцата и тестенините

Цените на оризот, јајцата и тестенините се „замрзнуваат“, односно за нив ќе важат цените кои се применувале во трговијата на мало и на големо од 1 декември годинава, соопшти денес министерот за економија Крешник Бектеши на неговата Фејсбук страница. Ваквата одлука ќе важи до 31 јануари. „Листата се проширува со три нови основни прехранбени производи ориз, јајца и тестенини и...

Се увезува ориз од Грција наместо да се произведе во Македонија

Кочанско поле и годинава се очекува да даде принос од околу 15.000 тони на ориз, засаден на близу 3.000 хектари. Повеќе ќе се увезе, главно од Грција, велат производителите. Па така, во пакувањата под име „кочански ориз“ ќе јадеме грчки ориз, чие производство е поефтино, благодарение на финансиските олеснувања со европските субвенции. - Нашиот ориз не е конкурентен поради високата...

АХВ: Запленети повеќе од тон генетски модифицирани соја и ориз

Вкупно 510 килограми соини шницли и соини трошки произведени во Србија со генетски модифицирана соја и увезени во Македонија, по откривањето се повлечени од продажба, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов. Во мај, пак, се откриени 550 килограми генетски модифициран ориз произведен во Кочанско од увозно семе. Оризот бил пронајден во магацин на операторот, но...

Притворен грчки државјанин кој превезувал 300 килограми марихуана

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за производство и промет на дрога, информираат од таму. „Осомничениот, грчки државјанин, на 28 јануари пренесувал наркотична дрога, марихуана во количина од 309,6 килограми што била наменета за продажба. Дрогата ја пренесувал во товарно возило „сканиа“ со грчка регистарска ознака. Во возилото, помеѓу разновидната стока наменета за превоз од Атина до...

Министерството за финансии исплатило 13 милиони евра субвенции на земјоделците

Министерството за финансии исплатило 463 милиони денари (7.528.455 евра) субвенции за земјоделците за 2015 година и 364 милиони денари (5.918.699 евра), за дел од 2016 година, соопштуваат оттаму. „Целосно се намирени обврските за субвенции заклучно со 2015 година, односно за фуражни култури, житарици, ориз, градинарство, овошни насади, лозови насади, говеда, несилки, млеко, органзко производство и за рурален развој. Во рамки...

Цветков: Во буџетот нема ставка за интервентен откуп на ориз

Интервентен откуп на ориз за државните стокови резерви тешко може да се изведе, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Како што изјави министерот, проблемот e во тоа што во државниот буџет не била предвидена таква ставка. Пред само една недела, заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, на производителите на ориз им најави дека Владата ќе...

Државата ќе го откупи оризот од земјоделците

Вишокот оризова арпа што стои во амбарите на земјоделците во Кочанско, заминува во стоковите резерви. Иако оризот уште пред 12 години е прогласен за производ кој не треба да биде складиран за државни резерви, Владата донела одлука повторно да го стави на листата. Со тоа го реши проблемот кој производителите на ориз ги натера да протестираат. Нема пресметка колку пари ќе чини...

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип - Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари за оризова арпа, како што...

Протест и контрапротест на оризопроизводителите го блокираа патот Штип – Кочани

Членовите и приврзаниците на здружението на оризопроизводители „Бело злато“ од Облешево со блокада на едната коловозна лента од патот Штип - Кочани, денеска простетираа поради тоа што нема откуп на оризот. Наспроти нив, на другата коловозна лента, сообраќајот го попречија нивните колеги, оризопроизводители, кои не се задоволни од откупната цена од 50 денари за еден килограм бел ориз, ама се задоволни од...

Производителите на ориз тврдат дека редовно добиваат субвенции

Има или нема субвенции за кочанските земјоделци? По разговорите со кочанските земјоделци, заменскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој е од редовите на СДСМ, побара итна исплата на субвенциите. - Груевски да не манипулира со дополнителни субвенции бидејќи и тие што им следуваат за 2015 година не им се исплатени. Нема земјоделец што има добиено субвенции и овде....

78 лица и пет фирми осомничени за фалсификување документи за добивање субвенции

Штипската полиција поднела кривични пријави против сопственикот и управител на фабриката БМФ - Зрновци и против уште 77 физички и пет правни лица за фалсификување или за уништување деловни книги, бидејќи внесувале поголеми количества откупена оризова арпа од реалните за да добијат поголеми суми од субвеници. Меѓу петте фирми, против кои е поднесена кривична пријава е и БМФ - Зрновци. Како што...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...