fbpx
Таг: Орден

таг: Орден

Претседателот Пендаровски во Њујорк ја одликуваше ООН со Орден на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, вчера попладне во Њујорк ја одликуваше Организацијата на Обединетите Нации (ООН) со Орден на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски му го врачи одликувањето на Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кое се доделува за големата помош и поддршка на ОН при справувањето со последиците од катастрофалниот скопски земјотрес...

Цел свет знае кој е Путин – остри реакции од САД и ЕУ до Република Српска која го одликува рускиот претседател

Доделувањето на највисокото одликување – „Орденот на Република Српска“ на Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација, е за осуда, а застанувањето на страната на Путин во такви околности, значи меѓународно изолирање на Република Српска и нејзините лидери. Вака реагираа амбасадата на САД во Сараево и Европската Унија, откако претседателот на Република Српска, Милорад Додик на 9 јануари 2023 година...

Зеленски постхумно му додели Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин

Претседателот Володимир Зеленски пред синоќешното обраќање до нацијата потпиша указ за постхумно доделување Орден за храброст на фоторепортерот Макс Левин, кој беше убиен од руските напаѓачи во регионот на Киев. „За лична храброст и несебични дејствија покажани за време на покривањето на руската агресија, одлучувам: Да доделам „Орден За храброст- III степен на Левин Максим Евгенијевич – фоторепортер (постумно)“, се...

Пендаровски го одликува Бигорскиот манастир со Орден за заслуги за државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска го одликува Бигорскиoт манастир „Свети Јован Крстител“ со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, за зачувувањето и за продолжувањето на илјадагодишната традиција и за придонес во негувањето на духовното и на културно-историското наследство, соопштија од претседателскиот кабинет. Ова високо државно одликување Пендаровски му го додели на епископот антаниски и игумен на Бигорскиот манастир, Партениј, во...

Вучиќ демантира: Уште не сум добил орден од Путин

Два дена откако голем број српски медиуми блиски до актуелната власт објавија помпезно дека рускиот претседател Владимир Путин го одликувал својот српски колега Александар Вучиќ со орденот „Свети Александар Невски“, кој не бил доделен на ниту еден друг српски државник по Никола Пашиќ, се дозна дека тоа не е вистина. Имено, рускиот претседател на потпишал таков указ, а информацијата за...

Франција ќе ја одликува Шекеринска со орден за заслуги

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе биде одликувана со орден „Командант на Националниот ред за заслуги на Франција“. Високото одликување во име на претседателот на Франција, на министерката Шекеринска ќе и биде врачено од министерката Женевјев Дариесек, државен секретар на Вооружените сили на Франција, утревечер, на прием во резиденцијата на Франција во Скопје. Орденот „Командант...

Франција ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, во име на претседателот на Република Франција, в понеделник ќе ја одликува директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Анета Арнаудовска со орден Витез на Националниот ред за заслуги, соопштија денеска од француската амбасада. „Како директор на Академијата за судии и јавни обвинители, г-ѓата Арнаудовска постојано се залагаше во последните десет...

Писателот Луан Старова одликуван со францускиот орден „Офицер на Легијата на честа“

Амбасадорот на Република Франција, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Франција, го одликува писателот Луан Старова со орден „Офицер од редот на Легијата на честа“. Академик и писател, универзитетски професор по француска и компаративна книжевност и прв амбасадор на Република Македонија во Париз, Луан Старова го добива ова значајно француско одликување за неговиот голем придонес во развојот на односите...

Франција ќе ја одликува Илинка Митрева

Амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Tимоние, во име на претседателот на Република Франција, Франсоа Оланд, ќе ја одликува професорката по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешна министерка за надворешни работи на земјава, Илинка Митрева, со орден „Офицер на Националниот ред за заслуги“. „Госпоѓата Илинка Митрева, професор по француска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје и поранешен...

Иванов: Благодарение на разузнавањето, државниот врв носи одлуки добри за граѓаните

Благодарение на издржаните анализи на Агенцијата за разузнавање и на истражувања на податоците и на информациите, државниот врв може да носи одлуки за доброто на граѓаните и на државата, рече претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето на свеченоста, по повод одбележувањето на 20-годишнината од формирањето на Агенцијата за разузнавање и доделувањето на орденот „Илинден 1903 година“. – Агенцијата постојано нè информира...

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање (АР), соопштуваат во кабинетот на Иванов. Свеченоста по повод одликувањето е закажана за вечерва во Македонскиот народен театар (МНТ).­ Од кабинетот на претседателот соопштуваат дека Агенцијата за разузнавање се одликува по повод 20 години од основањето, а особено за нејзината дејност, како еден од основните сегменти на разузнавачко-безбедносниот...

Путин постхумно го одликуваше Чуркин

Рускиот претседател Владимир Путин постхумно го одликуваше Виталиј Чуркин, амбасадор на Русија во Обединетите нации, со „Орден на храброста“ поради неговата „несебичност, цврстина и голем професионализам“. Во соопштението што Кремљ доцна синоќа го објави, Путин рекол дека смртта на Чуркин е ненадоместлива загуба за руската надворешна политика. Чуркин ненадејно почина синоќа во Њујорк. За амбасадор во ОН беше поставен во 2008 година.

Доктор Илија Џонов, добитник на орденот „Свети Никола“

За особен придонес за афирмација на Штип, неврологот Илија Џонов е добитник на највисокото општинско признание по повод патрониот празник на Штип, Свети Никола. Орденот на доктор Џонов, инаку штипјанец по потекло, ќе му биде доделено вечерва на свечената седница, како што стои во објавата „за искрен и континуиран ангажман и за придонес во афирмација на здравството“. Вечерва ќе бидат...

Престижен француски орден за Гордана Јосифова-Неделковска

Музичкиот селектор на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, е одликувана со престижниот орден на Република Франција, „Витез од редот на уметности и на книжевноста“. Одликувањето синоќа на свеченост во француската резиденција ѝ го врачи амбасадорката на Франција, Лоренс Оер, која го истакна нејзиниот придонес во ширењето на француската култура и на уметноста, односно нејзините достигнувања во промоцијата на уметноста во...

Груевски му додели Орден на Република Македонија на Џорџ Буш

Премиерот Никола Груевски, синоќа, на гала-вечерата на организацијата „Македонија 2025“, на Џорџ Буш, 43. претседател на Соединетите Американски Држави, му врачи Орден на Република Македонија. Премиерот Груевски истакна дека поради големиот придонес на поранешниот американски претседател Буш во градењето на пријателските односи помеѓу Македонија и САД, тој го заслужува Орденот на Република Македонија, кој го доделува Претседателот на Република Македонија. -...

Повици до Иванов да му го одземе орденот на Орбан

Корисниците на социјалните мрежи денеска индивидуално пишуваа статуси со кои го повикуваат претседателот Ѓорге Иванов да му го одземе орденот „8 Септември“ на унгарскиот претседател Виктор Орбан, поради насилството врз мигрантите и новинарите на српско-унгарската граница. Од кабинетот на Иванов ни соопштија дека засега немаат информација дали се размислува во таа насока. И дневниот весник „Вест“ во утрешниот број, на насловната...

МРТ од Иванов доби „Орден за заслуги за Македонија“

По повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија, претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“. Орденот за заслуги МРТ го доби за исклучителните резултати во негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и културното творештво на Република Македонија и нејзина афирмација во светот.

Иванов ќе ѝ додели „Орден за заслуги за Македонија“ на МРТВ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска ќе ја одликува Македонската радио-телевизија со „Орден за заслуги за Македонија“. Орденот се доделува по повод 70-годишнината од основањето на Македонското радио и 50-годишнината од основањето на Македонската телевизија и за нејзиниот придонес за негувањето, презентирањето и промовирањето на духовните вредности и на културното творештво на Република Македонија.

Орденот на општина Штип ќе му биде доделен на премиерот Груевски

Општина Штип денеска официјално ја соопшти одлуката орденот „Свети Никола“ да му биде доделен на премиерот Никола Груевски. Орденот на Груевски ќе му биде врачен на свечена седница, која под повод патрониот празник на градот ќе се одржи в петок. Од воведувањето на Свети Никола за патронен празник на градот пред неколку години, орденот што го носи името на светителот се доделува на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...