fbpx
Таг: општини

таг: општини

Истражување на ЦГK: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Од 2017 до 2020 година, вкупниот број на вработени во министерствата пораснал за три проценти (односно за 540 луѓе), а во општините за два проценти (односно за 154 луѓе), покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните три години по сите основи – редовен работен однос, привремени...

„Мета.мк“ помеѓу граѓаните кога стигна веста за првиот ковид-19 пациент во Македонска Каменица

Марија Мицевска има 77 години. Вели дека е особено внимателна, што беше и забележително, затоа што иако се движеше сама по улицата во Македонска Каменица, на носот и устата ја имаше ставено заштитната маска. Кога побаравме да ја фотографираме, ја симна за да ѝ се види лицето. „Послушни сме, внимаваме колку можеме. Младите се послободни, но секој треба прво да...

Во 16 општини ќе се формираат ковид-центри како подготовка за есенскиот бран

Како подготовка за евентуалниот нов бран на заболени лица од ковид-19 во нашата земја, градоначалниците на 16 општини го поддржаа предлогот на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за формирање регионални „ковид-центри“ во градовите каде веќе постојат општи болници и здравствени домови, информираат од Министерството за здравство. „Овие активности се одвиваат во рамки на подготовките на здравствениот...

Општините ќе се стимулираат да воведат безготовински плаќања, 41 од 66 имаат ПОС терминали

Од 66 општини, 41 имаат ПОС терминали за безготовинско плаќање, покажува анализата која Министерството за финансии ја направило за безготовинското плаќање и ја доставило до Владата. Препораките се дека потребно е зголемување на бројот на општини кои ќе воведат ПОС терминал, зголемување на бројот на услуги кои може да се плаќаат со картичка и стимулирање на безготовинските плаќања со вградување...

Полог годинава ќе прави географски информациски систем и кампања за чистење смет

Центарот за развој на полошкиот регион годинава склучил договори за јавни набавки во вредност од околу 552.000 евра, но само еден од трите склучени договори бил за јавна набавка од годинешниот план. Годинава, според податоците на Бирото за јавни набавки, Центарот за развој на полошкиот регион треба да оствари вкупно 19 јавни набавки: три на стоки, 11 на услуги...

Ахмеди: „Студенчица“ летово веројатно ќе има доволно вода за сите населени места

Ова лето сите општини приклучени на регионалниот водовод „Студенчица“ ќе имаат доволно вода за пиење. Досега изворот има доволни количества вода, а надлежните прогнозираат дека хидролошката состојба и натаму ќе биде поволна, дознаваме од Урим Ахмеди, директор на Јавното претпријатие за водоснабдување „Студенчица“. „Досега врнежи има доволно, нема никакви проблеми, и ниту една од општините не се пожалила на проблеми...

ЦГК: Институциите минимално ја подобриле транспарентноста оваа година

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување на информации од јавен карактер, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Според Индексот, активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максималните 100) и според градацијата на нивоата, спаѓа...

„НВО Инфоцентар“: Општините немаат доволно капацитети за ефикасна инспекциска служба

Општините во државава немаат доволно капацитети човечки, финансиски, техничко-технолошки за да организираат ефикасна инспекциска служба на локално ниво, во некои општини постои практика еден инспектор да врши инспекциски надзор во повеќе области, се вели во истражувањето на „НВО Инфоцентарот“, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг врз инспекциските служби на локално ниво“, поддржан од Амбасадата на САД во државата. „Заради недоволниот...

Најголем дел од регистрираните активни случаи на ковид-19 се во скопските општини Чаир, Бутел, Сарај и Аеродром (инфографик)

Министерството за здравство информира дека според Институтот за јавно здравје, во Скопје заклучно со вчера активни се 450 лица позитивни на Ковид-19, или дадено по општини: во Чаир активни се 111, Бутел – 54, Сарај – 48, Аеродром – 45, Гази Баба – 42, Центар – 28, Карпош – 26, Кисела Вода - 18, Арачиново - 17, Студеничани -...

Предлог за цел викенд во карантин за Скопје, Штип, Куманово и за Тетово

Во претстојниот продолжен викенд, забрана за движење, односно полициски час, да има од четврток (4 јуни) од 21:00 часот до понеделник (8 јуни) до 05:00 часот наутро, и тоа во сите скопски општини, како и во Куманово, Липково, Штип, Тетово, Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Ова е одлуката која во форма на предлог е дадена на усвојување во Владата,...

Општините немаат посебни механизми за спречување на корупцијата

Општините во најголем број случаи немаат развиено посебни практики и механизми за спречување на корупцијата. Свесноста за корупцијата и особено за судирот на интереси е на многу ниско ниво, додека заложбите во насока на спречување на корупцијата и судирот на интереси сè уште се само декларативни, се вели во истражувањето на НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Рефлектор врз...

Бектеши: Со Законот за енергетска ефикасност општините ќе може да штедат на улично осветлување

Со новиот Закон за енергетска ефикасност кој од вчера официјално влегува во сила, нашата држава во целост ги имплементира соодветните прописи за енергетска ефикасност на Европската Унија, истакна министерот за економија Крешник Бектеши. „Покрај другото законот ќе овозможи реализација на долгорочни договори за енергетски услуги од страна на друштва даватели на енергетски услуги – ЕСКО. Со ова законско решение, се...

Гостивар има инвестирано најмногу за проблемот со кучињата скитници (инфографик)

„Порталб.мк“ го истражуваше третирањето на проблемот со кучињата скитници во Гостивар, Дебар и Тетово. Резултатите покажуваат дека најефикасни чекори има преземено општина Гостивар. Земајќи го во предвид бројот на жители и горливиот проблем со кучињата скитници, средствата предвидени за овој проблем од општина Дебар и Тетово се недоволни. Присуството на кучињата скитници во секое ќоше од градовите во Полошкиот регион,...

МТСП: 10,8 милиони евра на располагање на општините за развој на социјални услуги

Министерството за труд и социјална политика ги повикува општините коишто претходно на јавен повик изразиле подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво, да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот. „Една од главните цели на Проектот е развој и подобрување...

Општините ќе ги делат субвенциите за инвертери во 10.000 домаќинства

Локалните самоуправи во Скопје, Тетово, Кичево и Битола ќе бидат задолжени за делењето на субвенциите за купување на инвертер клими во 10.000 домаќинства во земјава. Владата на вчерашната седница ги усвоила измените во Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, со која се издвоени 12 милиони евра за неколку намени, информираат од владината прес-служба. Наместо средствата да ги распределува...

Општините ќе ја јакнат локалната демократија со над еден милион франци

Во рамките на проектот за зајакнување на општинските совети, Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) потпиша договор за соработка со 18 општини Центар, Куманово, Брвеница, Желино, Гостивар, Струга, Кочани, Кавадарци, Могила, Ѓорче Петров, Тетово, Крушево, Вевчани, Зрновци, Чашка, Богданци, Битола и Берово. Преку проектот, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, советниците од овие општини добиваат обуки и...

Сугарески оптимист дека гасот до општините ќе стигне догодина

Сите експропријации и службени процедури се комплетно завршени и гасодовот напредува со силна динамика, а наредната година веќе може и општините да се приклучат, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески од Теарце, каде заедно со општината се работи на реконструкција на секундарна водоводна мрежа. „Извонредната динамика на реализација, за која очекуваме краците преку Тетово до Гостивар и...

Голем број од општините сè уште се затворени како „црни кутии“

Локалната власт во нашата земја исполнува само 25 отсто од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност. Оваа просечна оцена, која е значително под просекот во регионот, покажува ниско ниво на ангажираност и посветеност на општините на исполнување на стандардите за отвореност. Ова е еден од главните наоди во студијата што ја подготви Фондацијата за интернет...

Со вкупен грант од 10,8 милиони евра од МТСП, општините ќе развиваат социјални услуги

Градоначалници и други преставници од локалните самоуправи денеска во просториите на ЗЕЛС учествуваа на презентација на „Проектот за подобрување на социјалните услуги“ со цел локалните власти детално да се информираат за можности за развој на социјални услуги во локалната заедница, согласно со потребите на корисниците. „Една од главните цели на проектот е развој и подобрување на квалитетот на социјалните услуги...

На секои 36 часа ново вработување во локалната самоуправа

Заклучно со септември, годинава 192 вработувања биле реализирани во локалната самоуправа во земјава, покажуваат податоците на Агенцијата за администрација. Со оглед на тоа што се изминати 300 дена од годината, математиката покажува дека во локалната самоуправа било реализирано по едно вработување на ден и половина односно на секои 36 часа. Анализата на огласите за вработување покажува дека ваквиот тренд продолжува...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...