fbpx
Таг: ОпштинаБутел

таг: ОпштинаБутел

Се запалил автомобил во движење во скопската населба Бутел

Патничко возило марка „форд куга“ попладнево, околу 18 часот, се запалило на раскрсницата на улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула. Како што соопштија од МВР, возилото, од засега непознати причини, се запалило во движење. Повредени нема, а пожарот е локализиран. Полицијата работи на расветлување на случајот.

Трајановски и Латиновски ќе се сретнат со жителите на Бутел

Утре, во 13 часот, на улица Бутелска, во близина на расадникот на ЈП „Паркови и зеленило“, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Бутел, Коце Трајановски и Петре Латиновски, ќе присуствуваат на акцијата за чистење што ќе се спроведува во оваа општина. По акцијата, градоначалниците ќе присуствуваат на средба со жителите на општината Бутел.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...