fbpx
Таг: Општина Штип

таг: Општина Штип

Бистата на херојот Ванчо Прке во центарот на Штип осквернавена со кукаст крст [галерија]

Спомен-бистата на народниот херој Ванчо Прке во центарот на Штип е осквернавена со кукаст крст, којшто е исцртан на неговата глава. Екипа на Мета.мк викендов беше во Штип и го забележа вандалскиот чин врз спомен-бистата, која е лоцирана пред зградата на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип и на помалку од стотина метри од Споменикот на депортираните Евреи...

Кираџиева и Ристова победија повеќе од 500 учесници на првата филантропска Супериор трка во Штип

Билјана Кираџиева и Анастасија Ристова се победничките во категоријата жени на првата филантропска Супериор трка која се одржа денес во организација на  „Супериор ранс“ и општина Штип. Во машка конкуренција Димитар Петровски го освои првото место во трката од 5 километри со постигнато време од 16 минути и 18 секунди, а Дарио Ивановски беше прв кој ја истрча...

Штипскиот градоначалник назначи нови директори на двете комунални претпријатија

Три месеци по преземањето на градоначалничката функција во Штип, Сашко Николов ги разреши двајцата директори на штипските јавни претпријатија „Исар“ и „Стипион 2011“, поставени од неговиот претходник Благој Бочварски. „Досегашните двајца директори достигнаа плато, права линија и затоа се назначени нови, кои ќе донесат нова енергија во двете јавни претпријатија“. Вака смената ја образложи градоначалникот Сашко Николов, кој ја соопшти одлуката...

Барањата за помош за лекување од ковид-19 ја извади на виделина општинската (не)солидарност

Семејството на покојниот новинар и општински портпарол Драган Ристов од Општината Штип ќе добие само 3.000 денари помош, иако сметката за лекувањето во приватна болница е над 20.000 евра. Така вчера одлучи Советот на општина Штип и покрај тоа што некои од советниците најавија дека сами дополнително ќе донираат свои средства. Ристов почина на петти март, а неговото семејство...

Општина Штип вработува советник за возен парк со завршен Рударски факултет

Преку јавно објавен оглас, Општина Штип бара шест нови извршители, меѓу кои и замената за пензионираниот раководител на финансии, но и советник за водење на антикорупциска политика и политика на интегритет. Сепак, најголемо внимание во јавноста привлече работното место советник за возен парк, каде за плата од 26.700 денари месечно, се бара некој со завршен Рударски факултет. „Условите се наместени...

Контрадикторни информации за најавеното поскапување на водата за пиење во Штип

Кој бара повисока цена на водата за пиење, а кој се противи? Оваа дилема се наметна во јавноста, откако ЈП „Исар“ испрати официјално барање до Советот на Општина Штип да одобри нова, повисока цена за водата за пиење од 37,77 денари за кубик вода. Во објаснувањето, „Исар“ се повика на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги...

ТАВ нема да уплати пари за неизградениот карго аеродром, туку ќе ги спроведува општинските проекти

По синоќешната седница, Владата соопшти дека го утврдила текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен со ТАВ Македонија ДООЕЛ, со кој се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во Штип. Проектот за карго аеродромот во Штип требаше да биде готов оваа година, но истиот беше напуштен поради несоодветни климатски услови и економска неоправданост. Наместо аеродром во...

Новиот градоначалник на Штип, официјално ја презеде функцијата

На новоизбраниот градоначлник на Штип, Сашко Николов денеска му беше врачено решението од Општинската изборна комисија (ОИК), по што и официјално ја презеде фунцијата од в.д. градоначалникот Јане Миланов. Само еден час порано, Државната изборна комисија (ДИК) констатира завршување на пратеничкиот мандат на Николов во Собранието на РСМ со предлог на негово место да се верификува мандатот на велешанецот Мухамед...

На погон во Штип ќе му се одземе Б-интегрираната дозвола, горел гума и пластика без заштита

Државниот инспекторат за животна средина бара од Општината Штип да ја одземе Б- интегрираната дозвола на погонот за горење гуми и пластика САНС-АГ, заради непочитување на обврските од дозволата и сериозно загадување на воздухот и почвата. Инспекторите, во вонредна контрола во фирмата, која била направена по преставка на Министерството за одбрана, за да се утврди влијанието на работата на...

Вонредни локални избори за градоначалник, излезноста во Штип е 2,94 а во Пласница 7,37 отсто од запишаните гласачи

Два часа по отворањето на вкупно 77 гласачки места во Општината Штип, Општинската изборна комисија ги сумираше првичните податоци од излезноста на Вонредните локални избори за избор на градоначалник. До 9 часот своето право на глас го оствриле 2,94 проценти од запишаните гласачи, или 1.227 граѓани. Право на глас имаат 41.777 граѓани, запишани во Избирачкиот список во Штип. Според Општинската...

Општина Штип доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа

Општина Штип денеска доби готови проекти за изработка на секундарна гасификациона мрежа по што останува уште одобрението за градба, информираат од општината. „Станува збор за три проекти, основен, идеен и инфраструктурен проект и со ова сме чекор поблиску до остварување на онаа желба на граѓаните на Штип, за гасификација на градот. Граѓаните на Општина Штип ќе имаат голем бенефит од...

Поднесени три кандидатури за изборите во Штип, ВМРО-ДПМНЕ до последен момент ќе одлучува

Утре на нов состанок на Извршниот комитет како највисоко партиско тело, ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува дали ќе настапи на Вонредните локални избори за градоначалник на Штип и евентуално со кој кандадат ќе настапи. Ова денеска го брифираат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а попладнето го потврди и лидерот Христијан Мицкоски. Во меѓувреме, во текот на вчерашниот и денешниот ден се поднесени...

Инфективното одделение од Штип предложено за општинското признание „8 Ноември“

На седницата на Советот на општина Штип, во петок (06 ноември) ќе се најдат предлозите за највисокото општинско признание, по повод 8-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Штип. Интензивната работа во изминатите осум месеци од појавата на епидемијата на ковид–19 како единствен голем ковид центар во Источниот регион, Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип го истакна како една од...

Штип добива споменик конец како симбол на борбата на текстилните работници

Споменик како симбол на борбата на текстилните работници ќе биде откриен во Штип за време на 4. Текстилијада, која е закажана за средината на октомври. Советот на општина Штип ќе одлучува за иницијативите за поставување на мермерен споменик во чест на текстилните работници, како и за прогласување на 16 октомври за Ден на текстилните работници во Штип. Делото „Магичен конец“...

Штипските основни и средни училишта ќе одржуваат настава на далечина

Со исклучок на ООУ „Славејко Арсов“ во населбата Баби, сите други основни и средни училишта во Штип ќе изведуваат настава на далечина. Учениците ќе бидат дома, додека наставниците ќе предаваат онлајн од училниците и кабинетите. Оваа одлука следи по вчерашниот состанок на директорите од основните и средните училишта, со новата министерка за образование и наука, Мила Царовска. „Одлучено е настава...

Јане Миланов е в.д градоначалник на Општина Штип

Со размена на пенкало и плакета, претпладнево во Општина Штип беше испратен досегашниот градоначалник Благој Бочварски, а промовиран новиот Јане Миланов кој функцијата в.д. градоначалник треба да ја врши до предвремените избори, што треба да се одржат на општинско ниво најдоцна за шест месеци од денеска. Досегашниот претседател на Советот на Општина Штип, Јане Миланов пред една недела си даде...

Со зборови кои шират говор на омраза, испишан графитот-виножито во Штип

Ѕидот на Градскиот стадион во Штип стана место на содржини што шират говор на омрaза, кои беа испишани преку свежо обоениот графит-виножито, симболот на ЛГБТ-заедницата. Виножитото што го исцртале активисти од Битола, со издадена дозвола од Општина Штип, „преживеа“ само 12 часа, за во текот на вечерта да осамне со испишана порака со големи бели букви, во кои се...

Истечена хемикалија од фирмата „Техникал Текстајл“ од Штип причинител на еко-хаваријата на Брегалница (видео)

Пукање на цревото со кое се преточувала хемикалија којашто се употребува во производствениот процес на фирмата „Техникал Текстајл“ во Штип е причина за вчерашната хаварија во која големи количества опасна материја се слеале преку атмосферскиот канал во реката Брегалница, соопшти на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Вчерашната слика во коритото на река Брегалница беше загрижувачка и...

Во Штип од денеска нема да работи уште една поголема конфекција

Текстилна фабрика со околу 250 работници од денеска не работи, а работниците ќе чекаат да бидат тестирани на Ковид-19. Ова го потврди градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, кој рече дека сопственикот се согласил привремено да престанат со работа, до завршувањето на скринингот. Како што дознаваме, позитивни се четири работнички од оваа текстилна фабрика. Со претходните шест, оваа е седмата текстилна...

Пред штипјани претставена платформата „е – услуги“

Последна алка во дигитализацијата на услугите на јавната администрација – вака денеска во Штип беше претставена новата дигитална платформа „е - услуги“, на првата јавна трибина на Министерството за информатичко општество и администрација. Вкупно 127 услуги се достапни до граѓаните, кои од дома преку својот компјутер ќе може да завршат некоја административна работа. Новиот национален портал е надополнување на системот...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...