fbpx
Таг: општина прилеп

таг: општина прилеп

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање нови младински барања за...

На неколку дена пред фестивалот, откажано одржувањето на прилепскиот „Пивофест“

Годинешното издание на прилепскиот фестивал „Пивофест“ нема да се одржи, соопштија организаторите на фестивалот на околу две недели пред терминот за негово одржување. Настанот секоја година се одржува кон средината на јули, а привлекува илјадници граѓани од целата земја. Од Здружението Интернационален фестивал за пиво и скара „Пиво фест 2003“ од Прилеп соопштија дека овогодинешното издание се одлага за следната...

Пречистителните станици чистат фекалии, ама лани ги „набилдаа“ и сметките за струја на општините

Помалку од половина македонските општини имаат изградено пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ), а постоечките минатата година се соочија со огромни тешкотии во работењето поради набавката на електрична енергија на слободниот пазар. Јавните комунални претпријатија едвај успеаја да се справат со месечните сметки за струја, а владата дури кон крајот на годината одлучи нив да ги врати на регулираниот...

Прилеп годишно селектира отпад колку цела земја заедно, ДЗР бара да го довршат Центарот за секундарна селекција

Општина Прилеп е првенец во земјава во однос на селекцијата на отпадот што се создава од граѓаните и компаниите на нејзина територија. Од вкупно 28.000 до 31.000 тони отпад што се создава во текот на една година, Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Прилеп успева да селектира и продаде меѓу 1.200 и 13.000 тони селектирани отпадни материјали на годишно ниво,...

Општината Прилеп го одбележа Меѓународниот ден на Ромите

Со подигнување на ромското знаме на јарболот пред општинската зграда, во присуство на градоначалникот Илија Јованоски и претседателката на Советот, Елена Ташковска, денеска во Прилеп, се одбележа Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Градоначалникот Јованоски по тој повод, упати честитка до сите граѓани на ромската заедница и го акцентираше значењето на јакнење на мултикултурните и мултиетнички релации во нашето општество. „Општина...

Кризниот штаб во Прилеп бара заострување на полицискиот час, музичарите бараат протоколи за работа

Бројот на инфицирани со корона вирусот и заболени од ковид-19 во Прилеп забрзано расте. Само во текот на вчерашниот ден починаа петмина, новозаболени се 105 граѓани, на инфективното одделение во Прилеп се хоспитализирани 89, од кои 77 граѓани се на кислородна поддршка, а во дневната болница се лекуваат дополнително 92 заболени лица. Во моментов, активни се преку 900 случаи...

Градоначалниците Саша Богдановиќ и Илија Јованоски позитивни на ковид-19

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ денеска на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на корона вирус, поради што останува во домашна изолација, следејќи ги инструкциите на лекарите. „И покрај заштита за целото време на пандемијата на ковид-19, резултатот од тестот кој го направив утринава, откако почувствував покачена телесна температура е позитивен“ напиша Богдановиќ. Иста вест на социјалните мрежи соопшти...

Земјоделците од Прилепско преку метеоролошки станици ќе ги следат временските прилики

Во прилепските села Галичани и Канатларци се инсталирани две метеоролошки станици коишто ќе ги мерат временските прилики, а со тоа ќе им помагаат и на земјоделците во извршување на нивните работи. Овие метеоролошки станици имаат сензори коишто ја покажуваат висината на температурата и влажноста на воздухот, воздушниот притисок, брзината на ветрот, количеството врнежи, како и соларната радијација. Освен тоа ја мерат и температурата на земјиштето - почвата. - Станиците се...

За два дена 74 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

За само два дена во Прилеп се евидентирани 74 случаи на лица инфицирани со корона вирус. Од Центарот за јавно здравје информираат дека денеска едно лице на 73 годишна возраст ја изгуби битката со болеста. Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска категорично порача, граѓаните, институциите и правните субјекти, доследно и без исклучок да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството...

Општина Прилеп гради спортско-рекреативен комплекс кај вештачкото езеро

На локација кај прилепското вештачко езеро започна изградбата на спортско-рекреативен комплекс, којшто ќе им служи на граѓаните за спорт и рекреација, за одржување на културни, музички настани и забави, за прошетки и посета на овој дел од градот, којшто е целосно запоставуван со децении наназад. - Проектот „Нови авантури, нови можности“ го изработи Општина Прилеп во соработката со Владата, а...

Во Прилеп пандемијата ќе се спречува со зголемено полициско присуство и казнени мерки

Преземање засилени заштитни мерки за учениците и наставниците во сите училишта со почеток на новата учебна година. Активно вклучување на училишните одбори и советите на родители со цел доследна примена на заштитните мерки. Засилени редарски служби пред банките и поголемите маркети, со цел да се спречат поголеми групирања. Засилени протоколи, дезинфекција и забрана на влез на потрошувачи без заштитни...

Во Прилеп одбележана 118 годишнината од раѓањето на Методија Андонов – Ченто

По повод 118 годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто, денеска во паркот што го носи неговото име, во центарот на неговиот роден град Прилеп, делегации од Општина Прилеп и Советот на општината положија свежи цвеќиња пред споменикот, оддавајќи му почит на херојот. Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902...

Градоначалникот Јованоски бара владата да преземе поригорозни мерки за Прилеп

Поригорозни мерки за Прилеп, слични на оние што ги изрече Владата за општина Куманово, побара прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, откако вчера се евидентирани нови 9 случаи на заразени од корона вирусот, со што вкупниот број на заболени од КОВИД-19 достига 33. - До овој момент, нема нови случаи денеска. Но, имајќи предвид дека за два дена бројот на инфицирани се...

Општина Прилеп ја субвенционира набавката на инвертери и велосипеди за домаќинствата

Околу 100 граѓани од Прилеп, изминативе 3 дена доставиле комплетна документација со барање за користење на субвенциите за инвертери и велосипеди, што овој месец ги доделува Општина Прилеп, како една од сетот мерки против аерозагадувањето. - Купив клима со инвертер во вредност од околу 35.000 денари. Ја комплетирав документацијата брзо и ќе ја доставам до Општината. Верувам дека ќе добијам...

Обновен е споменикот посветен на масакрот кај Дабница во 1941

Во чест на 3 Ноември, денот на конечното ослободување на Прилеп, во месноста Дабница каде што на 19 септември 1942 година е извршен масакрот на 19 жители на селото, е откриена реплика на поранешниот споменик што беше вандалски уништен од сѐ уште непознати сторители. Уништувањето е извршено пред 17 години, а полицијата подоцна пронашла бронзени делови од споменикот во...

Индустриските потрошувачи во Прилеп ќе може да се приклучат на гас кон крајот на 2020

Општина Прилеп склучи договор со компаниите „Простор“ ДОО Куманово и „Геинг Кребс унд Кифер Интернешнл“, Скопје за изработка на проектна документација за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа. Од Општина Прилеп за „Мета“ велат дека во тек се изработката на идејниот проект за дистрибутивна мрежа и проектот за инфраструктура кои треба да завршат кон крајот на ноември. До тој рок треба...

Неисправна водата за пиење од јавните чешми во Лениште и на Плетвар

Одделот за хигиена на Центарот за јавно здравје информира дека јавните чешми во Лениште и кај ресторанот „Че“ на Плетвар немаат исправна вода за пиење, соопшти денеска Општина Прилеп. Според препораките на медицинските стручњаци од одделот за хигиена, пред употреба водата задолжително треба да се преврива 10 минути. „Овие чешми се во надлежност на Општина Прилеп, а не на Јавното претрпријатие...

Кривични пријави за вработени во Општина Прилеп за незаконско легализирање деловен простор

Кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластување поднела полициската станица од Прилеп, против раководителот на секторот за урбанизам во Општина Прилеп, како и против уште четворица вработени во Општината, еден геометар и директорот на „Пелагонија турс“ од Прилеп, поради незаконска легализација на деловен објект, соопшти МВР. Пријави добиле И.К. (61), раководител на сектор за урбанизам во Општина Прилеп,...

ДИК отфрли еден приговор на ВМРО-ДПМНЕ, друг предизвика жестока дискусија

Државната изборна комисија денеска едногласно го офрли приговорот на ВМРО-ДПМНЕ, со кој партијата бараше да се поништи гласањето на две избирачки места во Прилеп, поради тоа што копиите од записниците не одговарале на оригиналот. ВМРО-ДПМНЕ ги достави копиите со приговорот, а ДИК откако го провери ориганалот од општинската изборна комисија, заклучи дека копиите и оригиналите не се еднакви, но процени...

Судот го отфрли обвинението против адвокатот Стеваноски и за графитот „Кај ви е хилтата?“

Основниот суд Прилеп го отфрлил и второто обвинение против адвокатот и еден од водачите на „Шарената револуција“ во градот, Жарко Стеваноски, поради испишувањето на графитот „Кај ви е хилтата?“ на асфалтот пред старата зграда на Општина Прилеп на 18 мај минатата година, пренесува порталот „Публикум“. Прилепската полиција го товареше Стеваноски дека графитот што го испишал на асфалтот имитирал, односно личел на...

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...