fbpx
Таг: Општина Кочани

таг: Општина Кочани

Дојави за поставени бомби во училиштата во Кочани добила Општината

Наставата во првата смена во дел од кочанските основни и средни училишта денеска била прекината поради дојава за поставени бомби. Ваква заканувачка порака утрово била испратена на електронската адреса на Општина Кочани, потврди за Мета.мк кочанскиот градоначалник Љупчо Папазов. Тој не сакаше да ги коментира деталите, но рече дека повеќе информации треба да соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Нејасно е и...

Мета факт: Дневниот центар за деца со аутизам во Кочани остана само предизборно ветување

Не е изграден Дневниот центар за деца со аутизам со Кочани што во својата предизборна програма го најави актуелниот кочански градоначалник. Ова ветување на градоначалникот Љупчо Папазов, и покрај тоа што рокот истекува, е неисполнето. Во својата предизборна програма за Локалните избори во 2021 година, тогашниот кандидат од редовите на партијата ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Општина Кочани, Љупчо Папазов,...

Мета факт: Долгонајавуваниот старечки дом во Кочани никако да се изгради

И покрај најавите и ветувањата во предизборната кампања на актуелниот градоначалник на Кочани Љупчо Папазов дека овој град на истокот од државата ќе добие старечки дом, ваков објект сè уште не е изграден, ниту пак се знае точната локација каде истиот би се градел. Реализацијата на проектот за изградба на старечки дом во Кочани, претставена од страна на градоначалникот...

Кочанските пожарникари спасуваа куќи, бензинска пумпа и цистерна со гориво од запалените стрништа

Синоќа по 22 часот беа изгасени последните огнови кои догоруваа на стрништата во Кочанско Поле. Пожарникарите од ТППЕ од Кочани во полн состав до доцна вечерта се обидуваа да ги заштитат имотите на жителите на селата Прибачево, Мојанци, Тркање, Уларци, а во опасност беше доведена и Пречистителната станица во Мојанци, која минатата година беше изградена со средства на донатори....

На отворањето на хотел во Кочани собрани пари за 40 таблет уреди за учениците

Бесплатно кафе во замена за донација добија посетителите на новоотворениот хотел „Сити ИН“ во Кочани изминатиот викенд. Собирната акција ја организираше Модната групација „ИНТ“ од Кочани, почнувајќи во петокот вечерта, кога беше отворен хотелот, па во текот на целиот викенд. Од собраните средства ќе се купат четиресетина таблет уреди, кои се наменети за ученици од семејства во социјален ризик...

Жителите на Кочани ја поддржаа иницијативата за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел

Жителите на Кочани ја поддржаа иницијативата за прогласување на дел од Осоговските Планини за заштитен предел. Граѓанските организации, кои вчера присуствуваа на првата јавна расправа во салата на Спомен-домот „АСНОМ“ во Кочани, на која беше презентирана Студијата за валоризација за предлог-подрачјето за заштита на “Осоговски Планини” во категоријата V- Заштитен предел, побараа по прогласувањето на актот што побрзо да...

Почна реконструкцијата на ски-лифтовите на Пониква

Со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка, денеска започна реконструкцијата на ски-лифтовите во зимско-рекреативниот центар Пониква кај Кочани. Со зафатот ќе се опфатат два ски-лифта, на кои ќе им бидат реконструирани машинските и електричните делови, при што ќе бидат променети влечните јажиња, котвите, а ќе се и изврши ремонт на моторите. Во текот на работите комплетно ќе се...

По повикот од Кризниот штаб, жители на Кочани јавно кажуваат дека имаат Ковид-19

Откако пред неколку дена лекарите од Кризниот штаб во Кочани – двајца специјалисти и тројца матични лекари, ги повикаа граѓаните да излезат и јавно да кажат дека се позитивни на корона вирусот, веќе имаше неколку случаи во кои заразени со вирусот јавно го обелоденија тоа. „На седницата на Општинскиот кризен штаб што се одржа денеска, медицинските лица предложија лицата што...

Повик до кочанчани сами да соопштат дека се позитивни на корона вирусот

Институциите немаат право да објавуваат лични податоци и се должни да ги чуваат како приватни податоците од медицинската документација. Тоа е причината поради која институциите не смеат да ги соопштат имињата на заразените граѓани. Затоа пак, заболените можат сами тоа да го направат, со што ќе пројават висока свест во борбата против корона вирусот. Ова е повик од Кризниот...

Кочани и Кавадарци со субвенции за граѓаните за еколошки печки, инвертер – клими и велосипеди

Сто и еден граѓанин на Кочани добија субвенции од општината за купување на печки на пелети и за инвертер - клими. Најголем дел од барањата или 91, се за набавка на инвертер - клими, а само десет граѓани набавиле печки на пелети. Висината на поединечната субвенција по барател односно домаќинство изнесува 10.000 денари. Субвенционирањето се вршеше по принципот „прв...

Казнети административците кои лепеле плакати за трибината на СДСМ во Кочани

Пред синоќешната трибина на СДСМ, како дел од караванот „На прав пат“, плакати со најава на трибината осамнаа на зградата на Општина Кочани, и тоа на местото каде треба да помине секој вработен и со картичката да го евидентира своето работно време. На ова реагираа од ВМРО - ДПМНЕ од Кочани. Ден по трибината, Општина Кочани објави дека со...

Општината Кочани ќе крати од буџетите на училиштата поради долгот за бесплатниот превоз на учениците

Долгот на кочанските училишта кон превозниците, за неколку годни колку што се спроведува владиниот проект за бесплатен превоз, достигна близу милион евра. Ова го тврди кочанската опозиција, која нема точен податок во врска со износот на долгот. Советот на Општината Кочани на последната седница донесе одлука да им одбива од блок-дотациите на училиштата, што стигнуваат од централната власт. Ќе им...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...