fbpx
Таг: Општина Кисела Вода

таг: Општина Кисела Вода

Мета факт: Кисела Вода сепак доби втора мерна станица за квалитет на воздухот

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во ноември 2021 година најави дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Иако две години подоцна, единствено беше функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода, градоначалникот Ѓорѓиевски неодамна, на 29 февруари 2024, го исполни ова ветување и...

Мета факт: Орце Ѓорѓиевски подзаборави на еколошките проекти против аерозагадувањето

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски пред локалните избори во 2021 година вети општински субвенции за реализација на еколошки проекти со кои ќе се намали аерозагадувањето, нагласувајќи дека загадувањето е еден од најголемите проблеми во општината. Ваквото предизборно ветување е во тек на реализација, иако средствата што ги издвојува Општина Кисела Вода за решавање на проблемот со загадениот...

Мета факт: Новата населба за млади во Кисела Вода допрвa ќе се реализира

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната програма има ветено проект - реализација на нова населба за млади „Чупино брдо“. Локалните власти информираат дека на ветувањето се работи, односно дека Деталниот урбанистички план за идната населба ќе биде донесен во 2024 година. Реализацијата на ваквото предизборно ветување е во тек. Во предизборната програма на градоначалникот Ѓорѓиевски „За...

Општина Кисела Вода набавува мерна станица за квалитет на воздух што ќе се постави кај Цементарницата

Ќе се реализира ветувањето на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски за поставување на мерна станица што ќе го следи квалитетот на воздухот во близина на скопската Цементарница. Општина Кисела Вода вчера го распиша огласот за избор на компанија од каде ќе се набави и ќе ја монтира мерната станица, што ќе се постави на кружниот тек пред Цементарницата. Огласот...

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање нови младински барања за...

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства од странство за да...

Мета факт: Мерните станици ветени од Орце Ѓорѓиевски чекаат на реализација во Кисела Вода

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во ноември 2021 година вети дека мерни станици што ќе го определуваат квалитетот на воздухот ќе се постават околу сите големи загадувачи во општината. Речиси две години подоцна, единствено е функционална мерната станица до Домот на културата во Кисела Вода кога и беше дадено ветувањето од градоначалникот, а до крајот на...

Заеднички Центар за талентирани ученици отвораат општините Центар, Карпош и Кисела Вода

Денеска во основното училиште „Димитар Миладинов“ во Скопје се отвори Центар за талентирани ученици, кој е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу општините Центар, Карпош и Кисела Вода. Како што соопштија од Општина Центар, центарот располага со површина од 120 квадратни метри и вклучува три посебни простории и тоалет, опрема за планетариум и физика, биохемиска лабораторија и лабораторија за уметности. Просторот е...

Ѓубрето се расчисти, останаа кавгите меѓу Арсовска и градоначалниците

Сите општини можат да одлагаат отпад во ЈП „Дрисла“ и за тоа да им се изработи фактура и да им се наплати, како што било и досега, рече денеска градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, по најавите дека општината ќе добие казна од над 85 илјади евра. Казната следува откако во неделата, а по сериозниот застој со одлагањето на...

Општина Кисела Вода ја презеде руинираната спортска сала „Расадник“ [галерија]

Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт денес ја предаде спортската сала „Расадник“ во владение на Општина Кисела Вода, откако го раскина договорот со фирмата „Империал Данела“. Објектот, кој сега е заклучен, е преземен на трајно користење без долгови. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски рече дека општината нема да има никаква обврска за подмирување на долговите кои ги остави „Империал Данела“. „Јавното...

ДЗР: За хонорарци во 2021 година Општина Кисела Вода потрошила над 300.000 евра

Општина Кисела Вода во 2021 година преку приватна агенција за вработување ангажирала лица на кои им исплатила над 300.000 евра (над 18 милиони денари) за вршење редовни работни задачи, од кои дел, спротивно на законот, траеле и повеќе од две години, констатира Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите во својот извештај го опфаќаат периодот и кога градоначалник на Кисела Вода...

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејно решение за Расадник

Општина Кисела Вода го реобјави меѓународниот конкурс за идејниот лик на градскиот кварт Ј14, попознат кај нашите граѓани како ДУП Расадник, информираат општинските власти. Од денес, па во наредните четири месеци тој ќе биде предизвик за изработка на идејно урбанистичко-архитектонско решение за идниот изглед на оваа локација во населбата Кисела Вода. „Иако посакуваните решенија, не ги добивме во првиот обид,...

Мета факт: Во тек е реализацијата на ветувањето за меѓународен конкурс за избор на идејно решение за „Расадник“ во Кисела Вода

Градоначалникот на скопската општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски во предизборната кампања пред локалните избори во 2021 година им вети на граѓаните дека ќе спроведе меѓународен конкурс за избор на идејно решение за урбанизација на локацијата „Расадник“ во населбата Кисела Вода. Ова ветување што треба да се спроведе во неговиот мандат до 2025 година во моментов е во тек на...

Отворена сензорна соба во основното училиште „Круме Кепески“ во Кисела Вода

Основното училиште „Круме Кепески“ доби сензорна соба опремена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи преку проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Станува збор за проект кој го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со...

Поништен конкурсот за локалитетот „Расадник“, доставени само четири труда а потребни биле најмалку седум

Меѓународниот архитектонско-урбанистички конкурс за избор на идејно решение за локалитетот „Расадник“ во скопската населба Кисела Вода е поништен, затоа што до истекот на крајниот рок биле доставени само четири конкурсни труда, информираат од Општина Кисела Вода. „Со оглед дека согласно конкурсната документација минимален број на конкурсни трудови кои ги исполнуваат условите беше седум, жири комисијата констатира дека не се исполнети...

РЕДИ-Рециклажа ќе собира селектиран отпад и од зградите во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

Градоначалниците на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода потпишаа меморандуми за соработка со социјалното претпријатие „РЕДИ-Рециклажа“ кое повеќе од една година работи со примарна селекција на отпадот од станбените згради во Скопје. Меморандумите за соработка беа потпишани во рамките на вториот меѓународен „РЕДИ Самит“ кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски го...

Младите од четири општини ги доставија нивните проекти за зелени општини за 2023 година

Нови паркови, екоработилници за климатски промени во училиштата, еко-акции во училиштата, повеќе велосипедски патеки, засадување на дрвја, субвенции за набавка и поправка на велосипеди, се само дел од десетиците проекти коишто младите од четири општини во земјава - Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Куманово ги предложија како барања за зелени проекти поднесени до општините што би се реализираше догодина,...

Град Скопје изрече казна од 1.800 евра на Општина Кисела Вода за исеченото дрво

Поради бесправно исечено дрво на булеварот „Борис Трајковски“, Инспекторатот на Град Скопје денеска на Општина Кисела Вода и одговорното лице им изрече максимална казна во висина од 1.800 евра, соопштија од Град Скопје. На социјалните мрежи денеска имаше бројни реакции за сечењето на дрвото. Градската управа вели дека дрвото е исечено без дозвола од Град Скопје и поради тоа е изречена...

Општина Кисела вода ќе го расчистува просторот кај депонијата во село Драчево за да направи парк

Започнаа активностите за расчистување на депонијата во село Драчево, со цел просторот напролет да стане зелен парк, соопштија од Општина Кисела Вода. „По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 м2, Општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки...

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти - коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...