fbpx
Таг: Општина Гостивар

таг: Општина Гостивар

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање нови младински барања за...

Британскиот амбасадор Метју Лосон ја посети општина Гостивар

Градоначалникот на општина Гостивар Арбен Таравари денеска во неговиот кабинет го прими британскиот амбасадор во Скопје, Метју Лосон. Тој му се заблагодарил за континуираната поддршка на Обединетото Кралство, како еден од нашите најважни сојузници во НАТО, за развојот и стабилноста на земјата. Ова е прва посета на амбасадорот Лосон на Гостивар. „Со амбасадорот Лосон се согласивме дека во овие турбулентни...

По шест месеци, пратениците го усвоија задолжувањето кај ЕБОР за изградба на регионалните депонии

Речиси шест месеци откако Владата на РСМ го испрати до Собранието предложениот закон за задолжување на земјава кај Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), пратениците денеска го усвоија законското решение со кое ќе се обезбеди кредит од 55,3 милиони евра за изградбата на регионалните депонии за пет плански региони. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека...

Општините спас од ѓубрето гледаат во изведбата на современите регионални депонии

Во Македонија во моментов има само две регионални депонии што се во функција во Скопскиот и Полошкиот плански регион - „Дрисла“ и „Русино“, но единствено скопската депонија има А-интегрирана еколошка дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, иако и кај неа е неопходно да се инвестира во постројки за секундарна селекција и натамошен третман на собраниот отпад. Воспоставувањето...

Депонијата „Русино“ и денес го труе Гостивар, жителите бараат селекција и рециклирање на отпадот (галерија)

На речиси 10 километри од центарот на Гостивар се наоѓа една од најголемите депонии во земјава. Екипата на „Мета.мк“ и „Порталб.мк“ еден дождлив октомвриски ден се упати кон депонијата „Русино“ и за многу кратко време успеа да сними шокантни сцени. Освен десетици кучиња и една жена со неколку деца, на оваа локација не можевме да најдеме ниту едно одговорно...

Две години по автобуската несреќа кај Ласкарци, судскиот процес сè уште трае

Со положување на цвеќе на местото на несреќата кај селото Ласкарци и Меморијален марш во организација на група граѓани и планинари, денеска се одбележуваат две години од автобуската несреќа во која на 13 февруари 2019 година животот го загубија 16 лица. Автобусот на компанијата „Дурмо турс“ кој сообраќал на релацијата Скопје-Гостивар излета од автопатот кај селото Ласкарци, предизвикувајќи ја...

Врнежите предизвикаа излевање на Вардар, Крива Река и Пчиња, во Гостивар водата забранета за пиење

Неколкудневните врнежи од дожд во земјава предизвикаа драстично зголемување на нивоата на реките. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информираат за локални излевања на реката Вардар кај Рашче, на Крива Река и Пчиња во кумановскиот регион, како и на водотеци во охридскиот и во битолскиот регион. Тие известуваат и за појава на заезерени површини на рамниците во Пелагонија и...

Во Полог при крај е формирањето заедничко јавно претпријатие за управување на отпадот

При крај е процесот на основање на заедничкото јавно претпријатие (ЈПЕ) Русино за управување со отпадот во Полошкиот плански регион. Советите на општините во овој регион назначија членови на управниот одбор на ова претпријатие и првиот конститутивен состанок ќе се одржи денес, информираат од Центарот за развој на полошкиот плански регион. „Новоназначените членови се очекува да го усвојат статутот на...

Амбасадорката Галовеј во посета на Гостивар, се сретна со градоначалникот Таравари и општински советници

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј денеска оствари посета на Општина Гостивар, каде што се сретна со градоначалникот Арбен Таравари и со општинските советници, информираат општинските власти. Проблемите со кои се соочува општина Гостивар, досегашните инвестиции, проектите што се очекува да се реализираат во иднина, справувањето со пандемијата Ковид-19 беа теми на денешната средба. Градоначалникот Таравари ѝ се заблагодари на амбасадорката за нејзината...

Порталб: Договорот за депонијата „Русино“ постигнат, блокадата останува, што понатаму?

Договорот за доделување дозвола на Општина Гостивар за рехабилитација на депонијата „Русино“ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање беше постигнат, но сепак блокадата на патот што води од Гостивар кон оваа депонија нема да биде повлечена до потпишувањето на овој договор од сите градоначалници на полошкиот регион, рекоа за „Порталб.мк“ од организацискиот совет на „Стоп...

Од Центарот за развој на Полошкиот регион најавуваат санација на депонијата Русино до крајот на годината

Со обезбедените средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања, до крајот на годинава ќе се преземат брзи мерки за подобрување на состојбата со гостиварската депонија Русино, информираат од Центарот за развој на Полошкиот регион. „Со брзите мерки е предвидено изградба на систем за управување со исцедок со кој преку мрежа на насипи и ровови ќе се оневозможи доток на...

Ревизија во Општина Гостивар откри дека мостот над реката Вардар бил без технички прием

Неповолно или воздржано мислење изразиле ревизорите за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за работењето на Општина Гостивар во 2018 година, пишува „Порталб.мк“ како продолжение на сите досега објавени ревизорски извештаи за работењето на локалните власти. Ризик од исплати на средства врз основа на непотпишани и неодобрени сметководствени документи, нецелосен и неквалитетно извршен попис кој се однесува на земјиште, градежни...

Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

Советот на Општина Гостивар утре ќе одржи вонредна седница по повод страшната сообраќајна несреќа на патот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица, а околу триесетина други беа повредени. „На утрешната седница, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите. Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување....

Таравари на три јазици вети дека во Гостивар нема да има поделби

Новиот градоначалник на општина Гостивар, поранешниот министер за здравство, Арбен Таравари, денеска на новите членови на Советот на Општината им го честиташе назначувањето на албански, македонски и на турски јазик и повика на соработка. И тој и советниците денеска ги добија уверенијата од општинската изборна комисија и ги почнаа своите мандати. - Кампањата и изборите завршија, од денеска нема да...

Бејта – Тимоние: Поребно е брзо формирање нова влада

Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта по денешниот состанок кој го одржаа во зградата на Општина Гостивар, порачаа дека е потребно што побрзо формирање на нова Влада. По средбата на која било разговарано за актуелната политичка состојба во земјава, амбасадорот Тимоние рече дека државата не е во криза, но не треба да се...

По две децении часовниците на Саат-кулата во Гостивар повторно се во функција

Сите четири часовници на Саат-кулата во Гостивар, по две децении, од денеска повторно се во функција, откако Конзерваторскиот центар постави нови механизми. Часовниците кои воопшто не работеа или покажуваа различно време, ги пуштија во употреба градоначалникот на Општина Гостивар, Невзат Бејта, државниот секретар во Министерството за култура, Бехиџудин Шехапи, и директорот на Конзерваторскиот центар во Гостивар, Аднан Фејзулаи. За механизмите на...

Општина Гостивар ќе има буџет околу 18 милиони евра во 2017 година

Oпштинската каса на Гостивар за наредната година ќе тежи 1.098.684.000 денари или околу 18 милиони евра. Советот на Општината го усвои буџетот на денешната седница со мнозинство гласови и без многу расправа. Според објаснувањето што го дадоа од секторот за финансии, буџетот најмногу ќе се полни од трансфери и од дотации, кои во вкупните приходи учествуваат со 64 проценти. По нив следуваат...

Жителите на гостиварско Сушица со блокади ќе бараат изградба на патот кон селото

Кал и дупки длабоки половина метар. Во ваква состојба е патот кој води до гостиварското село Сушица. Мештаните велат дека земјениот пат уште повеќе се уништува од камионите на комуналните претпријатија од Полошко, кои по оваа делница го транспоритаат сметот до регионалната депонија Русино, која се наоѓа на само неколку километри од нивното село. Жителите од Сушица за наредната недела...

Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема

Општина Гостивар обвинува дека политичките опоненти ја уништуваат урбаната опрема низ градот. Уништени се реквизитите на детското игралиште во градскиот парк во Гостивар. Извадена е оградата и светилките, а расфрлани се делови од куќарките. Од Општина Гостивар велат дека случајот го пријавиле во полиција и очекуваат сторителите да бида откриени. Се сомневаат дека вакви или слични оштетувања на урбаната опрема во градот...

Основци од Гостивар следат настава во студени училници

Од почетокот на второто полугодие, поголемиот дел од учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ во Гостивар следат настава во студени училници. Парното греење на првиот кат од овој училишен објект не работи, а дел од училниците се затоплуваат со греалки, кои родителите на децата ги носат од дома. Дел од родителите најавуваат дека нема да ги пуштаат децата на училиште...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...