fbpx
Таг: општина Ѓорче Петров

таг: општина Ѓорче Петров

Мета факт: Градоначалникот Стојкоски засега не го оствари ветениот проект за млади програмери

Александар Стојкоски, актуелниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, во својата предизборна програма за работа, вети дека ќе организира натпревар за млади програмери кои треба да се натпреваруваат во изработка на апликации. Сепак, досега овој проект не е реализиран и до овој момент не се прават подготовки за организација на истиот, па оттаму ова ветување го оценуваме како неисполнето. Имено, во...

Арсовска тврди дека опасен отпад се истурал на приватна депонија во Ѓорче, од општината демантираат

Откриена е приватна дива депонија во општина Ѓорче Петров од инспекторите за животна средина на Град Скопје и од полициската станица Ѓорче Петров. Сторителите биле затекнати во извршување на криминално дело пред 20 сведоци, а на локацијата дневно од 50 до 100 камиони истурале токсичен отпад, откри градоначалничката на Град Скопје Даниела Арсовска на денешната прес- конференција. „Се работи за...

Скопските улици со посебен режим на сообраќај за Водици

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Утре од 8 часот па до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ –...

Мета факт: Општина Ѓорче Петров не ги отвори вратите за практична работа на младите во аминистрацијата

Градоначалникот на општината Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во својата предизборна програма насловена како „За Ѓорче Петров гарантираме, создади нова иднина!“, на 53 страница дал ветување дека ќе реализира проект наменет за младите насловен како „Практика во општината“. Согласно овој проект, треба да им се овозможи на младите да работат во општинската администрација. Сепак, до овој момент, проектот не е...

Мета факт: Изградбата на мега паркот во Ново Село во тек, ѓубре уште се фрла околу локацијата

Актуелниот градоначалник на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за време на предизборната кампања вети чистење на дивата депонија во населбата Ново Село и изградба на мега парк на оваа локација во близина на пречистителната станица за отпадни води на реката Лепенец. Идентично ветување испорача и скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна кампања „Програма за модерно Скопје“. Ова ветување...

Грижа и поддршка ќе добиваат децата со прележан канцер во центарот што ќе се гради во Кучково

На површина од над 650 квадратни метри, старото училиште во Кучково ќе се адаптира во регионален центар наменет за деца кои се излекувале од канцер. Во овој простор ќе има комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родители. Сепак, треба да се има предвид дека е потребно време да се реконструира и адаптира училиштниот објект во...

Општина Ѓорче Петров бара да не ѝ се верува на „Извесна Ивана“ која нарачувала храна и пијалоци во име на градоначалникот

Општина Ѓорче Петров преку соопштение за јавноста предупреди да не ѝ се верува на извесна Ивана, која во име на Општина Ѓорче Петров и градоначалникот Александар Стојкоски во изминатиот период се јавувала или се појавувала во угостителски објекти и порачувала храна и пијалоци, наводно за општината и градоначалникот, а потоа барала фактурите да се испратат на фирми што соработуваат...

Во Карпош, во вториот круг ќе се натпреваруваат Душко Весковски и Стевчо Јакимовски

По маратонското пребројување на гласовите, на официјалната веб-страница страница на ДИК е објавено кои двајца кандидати ќе се спротивстават меѓусебно во вториот круг на локалните избори во општина Карпош. По преброени 99,86 отсто од гласовите, јасно е дека во вториот круг ќе оди Стевчо Јакимовски од ГРОМ како второрангиран, за кој вчера гласале 6.830 гласачи. Првопласиран во Карпош е Душко...

Во Скопје најголемо намалување на одѕивот, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со 1.660 гласа пред Можеме (инфографик)

Мал одѕив на гласачите во главниот град на одржаните парламентарни избори на 15 јули, како и тесна изборна трка меѓу двата главни конкуренти - коалициите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Незадоволство од работата на политичките партии или страв од можноста за ширење на ковид-19? Овие прашања се поставуваат по објавувањето на конечните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за...

Митревски осомничен за продажба на општинско земјиште за едно евро за квадратен метар

Основното јавно обвинителство Скопје потврди дека води постапка против повеќе лица осомничени за незаконско приватизирање на земјиште кое е сопственост на една општина. Во соопштението на Обвинителството не е наведен идентитетот на осомничените лица ниту, пак, името на општината, но извесно е дека станува збор за поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, како еден од осомничените лица. Според Обвинителството,...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...