fbpx
Таг: општина Чаир

таг: општина Чаир

(АНАЛИЗА) Наплата на даноци и трошоци за плати и комуналии во 2023: Струга, Тетово, Чаир и Скопје

„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ се претставуваат податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк. Приходи и расходи на општините Поголема наплата од планираното по основ на данок на доход и добивка, помала од данок...

Обвинителството четири месеци не постапува за узурпираниот паркинг зад Поликлиника Бит Пазар

Поминаа четири месеци откако полицијата поднесе кривична пријава против две лица во врска со узурпација на државен имот и трансформација на истиот во приватен паркинг со наплата, но Обвинителството сѐ уште нема преземено конкретни мерки. Нелегалното паркиралиште продолжува да функционира во нормални услови, како ништо да не се случило, пишува Порталб.мк. „Предметот е во фаза на предистражна постапка во рамки...

Недоизграден половина од „Мега-паркот“ што го ветија општина Чаир и Град Скопје [галерија]

Состојбата на терен на „Мега-паркот“ е далеку поразлична од дигитализираните фотографии од проектот за овој парк што го промовираа општина Чаир и Град Скопје во март минатата година. Овој простор и претходно беше парк, но со новиот проект е реконструиран и додадени се некои патеки и реквизити. Во паркот нема ниту корпи за отпадоци, а ги нема и фонтаните,...

Пропадна проширувањето на улицата „Цветан Димов“, Град Скопје пренаменил 2,3 милиони евра за исплата на долгови

2,3 милиони евра за проектот за проширување на улицата „Цветан Димов“, или поинаку позната како улицата кај „Јахја Паша“, Градот Скопје ги повлекол и ги пренаменил за покривање на обврските на Град Скопје кон Министерството за финансии, велат од Општина Чаир еден месец откако градоначалникот на оваа општина,  Висар Ганиу, изјави дека со Данела Арсовска немаат ни комуникација, ни соработка...

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање нови младински барања за...

Плоштадот „Скендербег“ од 14 милиони евра е во очајна состоја, отпадоци на секој чекор

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје е главното место каде Албанците одржуваат културни, уметнички, но и политички и граѓански настани. Проектот кој граѓаните ги чинеше 14 милиони евра и кој владејачката ДУИ со години го пропагира како гордост и ремек дело, денес е покриен со отпадоци, без функционален лифт и ескалатори, пишува Порталб.мк. Ќе се отстранат двете полусферични тенди Поради ниските температури Општина...

Доаѓа сезоната на загаден воздух – државата и општините глуви за потребата од повеќе мерни станици

Деновите со енормно загадување на воздухот се пред нас, а нема нови мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот во македонските градови. Властите на национално и на локално ниво си ги префрлаат меѓусебно обврските за тоа кој треба да постави нови мерни станици низ населените места, а општ е впечатокот дека сите чекаат средства од странство за да...

Владата ѝ дала објект на општина Чаир за изградба на базен, кој е веќе издаден под кирија до 2049 година

Општина Чаир со владина одлука од 30 јули 2021 година, го зеде во употреба објектот во кој треба да изгради базен за граѓаните на општината. Но, овој објект има два активни договори со различни субјекти кои имаат право на користење - едниот до 2035 година, а другиот до 2049 година. Затоа сега општината бара да се раскинат договорите бидејќи...

Левица го преименува паркот „Украина“ во „АСНОМ“, случајот е пријавен во полиција

Општина Чаир најостро го осудува вандалскиот чин на таблата со името парк „Украина“ која се наоѓа на нашата територија, поточно во близина на општинскиот објект, реагираше Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир, откако Црвена Младина - активисти на политичката партија Левица го преименуваше паркот Украина во парк АСНОМ. Случајот е веќе пријавен во полиција, а општина Чаир бара „што поскоро...

Обвинителството отвори предмет за узурпираниот паркинг позади поликлиниката „Бит-пазар“

По објавување на истражувањето на Порталб.мк во врска со узурпирањето на државните парцели позади поликлиниката „Бит-пазар“, Јавното обвинителство оформил предмет и презема мерки за утврдување на состојбата.  „Јавното обвинителство оформил предмет и истиот е пратен на надлежен јавен обвинител. Се преземаат мерки за утврдување на фактите“, велат кратко за Порталб.мк од Обвинителството.  Отворањето на предметот доаѓа по најавата на Обвинителството дека...

Обвинителството за узурпираниот паркинг зад поликлиниката „Бит Пазар“: Ќе постапиме ако не постапат другите институции

Основното јавно обвинителство нагласува дека ги следи информациите за случајот за кој известуваше Порталб.мк, за узурпираниот паркинг зад Поликлиниката „Бит Пазар“ каде граѓаните незаконски се принудени да им плаќаат пари за паркирање на приватни лица, иако овие локации се наоѓаат на државно земјиште, пишува Порталб.мк. „Јавното обвинителство ги следи сите информации и ќе постапи доколку бидат утврдени елементи на кривично...

Ганиу за узурпираниот паркинг на Поликлиниката „Бит Пазар“: Адресата за овие девијантни работи е Владата

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, во разговор со новинарот на Порталб.мк ги отфрли тврдењата на Владата, Државниот градежен инспекторат, но и на претседателот на ЗЕЛС според кои надлежна да постапува во врска со узурпираниот простор позади Поликлиниката „Бит Пазар“, кој на илегален начин долги години се употребува како паркинг простор со наплата е Општина Чаир. Според него, надлежни...

Узурпиран паркингот на поликлиниката „Бит Пазар“, Општина Чаир дозволува парите на граѓаните нелегално да завршат во приватни џебови

Позади објектот на поликлиниката во Бит Пазар граѓаните се принудени да плаќаат паркинг и покрај тоа што парцелите се во државна сопственост и се узурпирани. Парите на граѓаните наместо во касата на болницата, општината или државата, незаконски завршуваат во џебовите на приватни лица. Со години наназад општина Чаир и општинските инспектори дозволуваат да се одвива една ваква активност и...

Градот Скопје нуди 2,3 милиони евра за улицата „Јахја Пашa“ во Чаир

Решавањето на проблемот со хаосот во булеварот „Цветан Димов“, познат како улица „Јахја Пашa“, предвидено е да се реши со одлука за меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Чаир. Оваа одлука на седницата на 25 април не е донесена во Советот на град Скопје, но се очекува повторно да се стави на дневен ред на некоја од следните...

Не е вистина дека улицата „Јоаким Крчовски“ е преименувана во „Ибрахим Ругова“

Улицата „Ибрахим Ругова“ нема никаква врска со улицата „Јоаким Крчовски“, односно не станува збор за истата улица, како што се тврди во оваа вирална објава на Фејсбук. Точната информација е дека поранешното име на улицата „Ибрахим Ругова“ е „Славеј Планина“, а улицата „Јоаким Крчовски“ сè уште се вика така, нема добиено ново име и неточно се тврди дека е...

Косовската претседателка Османи на пуштањето во употреба на улицата „Ибрахим Ругова“ во Чаир

Улицата во Општина Чаир која го носи името на некогашниот косовски претседател Ибрахим Ругова, денеска беше свечено пуштена во употреба. На инаугурацијата на улицата учествуваа актуелната претседателка на Косово, Вјоса Османи – Садриу, како и ќерката на Ругова, Теута Ругова. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу во својот говор потсети дека оваа улица се наоѓа во една од најстарите населби, во...

Булеварот „Цветан Димов“ со шест ленти ветен од Висар Ганиу и натаму останува блокирана артерија на Чаир

Проширувањето на булеварот „Цветан Димов“ сè уште е предизвик за локалните власти и секојдневен проблем за граѓаните на Чаир, на кои поради гужвата во сообраќајот за да поминат еден километар пат им се потребни десетина минути, пишува Порталб.мк. Таканаречената улица „Кај Јахја Паша“ е една од најфреквентните улици во Чаир, и е главната артерија што ја поврзува оваа општина со центарот...

Општина Чаир ветува дека наскоро ќе ги пренесува во живо седниците на општинскиот совет

Општина Чаир сè уште не започнала со директен пренос на седниците на Советот на општината на каналите на интернет, како што вети градоначалникот Висар Ганиу. Од општината велат дека ја обезбедиле потребната опрема за оваа намена и наскоро ќе назначат и одговорно лице, пишува Порталб.мк. „Еден од приоритетите во однос на транспарентноста и отчетноста е емитувањето на седниците на општинскиот...

Нетранспарентност: Повеќето општински советници од Центар и Чаир над три недели не одговараат на прашања

Најголем дел од советниците од општинските совети од Чаир и Центар ги игнорираат новинарските прашања кои Мета.мк и Порталб.мк ги поставија пред повеќе од три недели. Во Центар ги прашавме на темата за поскапувањето за зонското паркирање на ЈП ПОЦ, како и транспарентноста и отвореноста на седниците на општинскиот совет во Чаир. Од вкупно 50 советници во советите на...

Младите од четири општини ги доставија нивните проекти за зелени општини за 2023 година

Нови паркови, екоработилници за климатски промени во училиштата, еко-акции во училиштата, повеќе велосипедски патеки, засадување на дрвја, субвенции за набавка и поправка на велосипеди, се само дел од десетиците проекти коишто младите од четири општини во земјава - Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Куманово ги предложија како барања за зелени проекти поднесени до општините што би се реализираше догодина,...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...