fbpx
Таг: општина Аеродром

таг: општина Аеродром

Мета факт: Од паркот на дрвјата во Аеродром засега нема ниту трева

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, во својата програма за работа за својот мандат од 2021 година, меѓу другото вети дека ќе изгради парк од 5 илјади квадратни метри зад трговскиот центар Лиса во населбата Ново Лисиче. Во програмата, којашто сега веќе ја нема на веб-страницата на Општина Аеродром, беше ветено дека ова ќе биде направено во првата година од...

Аеродром се дави во ѓубре, општината бара Град Скопје итно да преземе мерки

По десетина ургенции, упатени апели и писмени барања до градот Скопје, деновиве повторно Аеродром е пренатрупан со отпад. За жал, главните улици и контејнери кои се во надлежност на Градот Скопје повторно се неисчистени и во лоша состојба, реагираат од Општина Аеродром. Фотографии од ѓубрето расфрлано околу контејнерите во Општина Аеродром, кое не е исчистено со денови, се споделуваат и...

Скопските улици со посебен режим на сообраќај за Водици

Поради активностите по повод верскиот празник Водици, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Утре од 8 часот па до завршување на активностите, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“ –...

Во Ново Лисиче поставен првиот соларен полнач за тротинети

Центарот за климатски промени (ЦКП) постави полнач за електични тротинети во населбата Ново Лисиче, кој работи на соларна енергија. Ова епрв полнач од ваков тип во земјата и ќе биде достапен за сите граѓани. Поставен е во дворот на основното училиште „Александар Македонски“. Ќе биде во фаза на тестирање до декември, по што ќе може бесплатно да се користи. „Се...

Од машини за селекција на отпад до вело-паркинзи: Младите со по 10 барања до шест општини

Младите лица од општините Чаир, Кисела Вода, Аеродром, Прилеп, Куманово и Гостивар и годинава испорачаа по 10 барања за зелени општини, кои очекуваат да се реализираат во 2024 година. Здружението „Гоу Грин“ од Скопје трета година по ред од младите собира младински барања за зелени општини. „Годинава по трет пат го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање нови младински барања за...

Општина Аеродром со кривична пријава до обвинителството за палење отпад на отворено

Скопската општина Аеродром поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство од Скопје против непознат сторител поради согорување на отпад на отворен простор, кој се случува надвор од границите на нивната општина, информираат од оваа општина. „Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување...

Химната ќе се интонира секој понеделник во основните училишта во Аеродром

Наставата во основните училишта во Аеродром секој понеделник ќе започнува со интонирање на македонската химна, објави Тимчо Муцунски на својата Фејсбук страница. Тој сподели и видео од учениците во основното училиште „Лазо Ангеловски“ како ја пеат химната. Според Муцунски, почитта и љубовта кон татковината се градат од најмала возраст. „Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и...

Град Скопје: Казна за Муцунски од 88.000 евра, општината направила дива депонија

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните, информираше Град Скопје. Оттаму додаваат дека општина Аеродром преку компанијата „Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП...

Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“ од утре во Аеродром

Со претставата „Страданијата на првата брачна моќ на Миле Султан“ од Србија утре ќе се отвори годинешното издание на меѓународниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“, што ќе се одржи од 21 до 25 јуни на фудбалскиот стадион во Реонскиот центар во Аеродром, информираат од Општина Аеродром. „Традиционалниот фестивал е во организација на Општина Аеродром и Театар Комедија, а годинава акцентот...

Граѓаните на Аеродром на 12 локации можат да го одложат електронскиот отпад

Скопската општина Аеродром воспостави соработка со колективниот постапувач за е-отпад „Нула Отпад“, со која граѓаните можат на 12 локации низ општината да ги одложат помалите електрични и електронски уреди од своите домови, информираат од Општина Аеродром. „Со овие нови контејнери кои се поставени на 12 локации низ општината, правиме значаен исчекор за промоција на одржливоста и заштита на животната средина....

Левица предложи, а Општина Аеродром прифати споменикот на Ќосето да се постави во Горно Лисиче

Со мнозинство гласови советот на Општина Аеродром на вчерашната седница се усвои иницијативата на советничката група на партијата Левица споменикот на Андон Лазов Јанев – Ќосето да се постави на територија на општината, во паркот во Горно Лисиче. Иницијативата на советниците на Левица беше поддржана од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. За оваа иницијатива ќе треба да гласаат пратениците во Собранието и тие...

Од понеделник „Лајка“ ќе ги заловува бездомните кучиња во Аеродром

Од понеделник заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, известуваат од јвното претпријатие. Тимот заловувачи во текот на целата следна недела ќе заловува во општината во следните реони: Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски Центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. „Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие...

Муцунски најави градба на две градинки во Аеродром следната година

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски најави дека следната година општината планира почеток на градба на две нови градинки, од кои едната ќе биде во населба Лисиче, а другата позади кулите Џевахир. Муцунски денеска ги презентираше плановите за следната година, при што рече дека најважни за Аеродром како најголема општина во земјава, но и општина со најмладо население, се капиталните...

Општина Аеродром контра Ангелов: Ова не е Твитер и кршење керамиди, за кејoт е одговорен Град Скопје

Општина Аеродром реагираше на вчерашната прес-конференција на директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, тврдејќи дека тој ги измешал термините, поимите и надлежностите. Како што посочуваат од општината, Ангелов, наместо да ја вршел својата работа согласно законот, тој пласирал невистини и ја префрлал одговорноста. Оттаму потенцираат дека ако Ангелов ги познавал законите, ќе знаел дека обврска на институцијата...

Дупка длабока триесетина метри ги демне минувачите на кејот на Вардар во Аеродром

Дупка длабока триесетина метри ги демне минувачите на кејот на Вардар во Аеродром зад хотелот Русија во насока на мостот Близнак. Просторот, иако има речиси вертикален пад во должина од педесетина метри покрај работ на горната пешачка патека и претставува голема опасност за пешачите, велосипедистите и лицата кои со електрични тротинети се движат на овој потег, особено ноќно време...

РЕДИ-Рециклажа ќе собира селектиран отпад и од зградите во Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода

Градоначалниците на општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Кисела Вода потпишаа меморандуми за соработка со социјалното претпријатие „РЕДИ-Рециклажа“ кое повеќе од една година работи со примарна селекција на отпадот од станбените згради во Скопје. Меморандумите за соработка беа потпишани во рамките на вториот меѓународен „РЕДИ Самит“ кој вчера и денеска се одржува во Скопје. Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски го...

Младите од четири општини ги доставија нивните проекти за зелени општини за 2023 година

Нови паркови, екоработилници за климатски промени во училиштата, еко-акции во училиштата, повеќе велосипедски патеки, засадување на дрвја, субвенции за набавка и поправка на велосипеди, се само дел од десетиците проекти коишто младите од четири општини во земјава - Аеродром, Чаир, Кисела Вода и Куманово ги предложија како барања за зелени проекти поднесени до општините што би се реализираше догодина,...

Над 130 домаќинства во Лисиче преку УНДП добија еколошки уреди за греење и енергетско ефикасни фасади

Мерките преземени за подобрување на енергетската ефикасност на домовите и замената на старите грејни тела и шпорети со нови во над 120 домаќинства во населбата Лисиче, дадоа резултат и покажаа намалување на загадувањето на воздухот внатре во домовите и во околината каде што беа направени интервенциите. Овие анализи беа презентирани на завршниот настан на проектот „Справување со загадувањето во...

Општина Аеродром започна со чистење на дивите депонии, вклучувајќи ја и големата во Долно Лисиче

Општина Аеродром, заедно со службите на ЈП „Комунална хигиена“ неделава започнаа со чистење на дивите депонии на територијата на оваа скопска општина, информираат општинските власти. Акцијата за чистење на деловите од Општина Аеродром се реализира на локациите на кои во изминатиот период беше забележана поголема концентрација на отпад. Акцијата започна на локации во Долно Лисиче, Горно Лисиче, населбата Лисиче, Ново...

Вистиномер: Основците од Општина Аеродром не добија таблети

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, коешто го оцени како неисполнето. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Ветување: Таблет за секое дете Општината ќе обезбеди таблети за секое дете од 1 до 9 одделение и со тоа ќе ја подигне свеста за дигитализација и модерното време, со што ќе го олесниме товарот на буџетот на...

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...