fbpx
Таг: опозициски партии

таг: опозициски партии

Ципрас: Направен е напредок, но сè уште е долг патот до договор за името

Се обврзувам дека во следниот период со патриотска одговорност ќе се стремам кон заемно прифатливо решение на прашањето за името, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас во обраќањето до јавноста по денешните средби со лидерите на политичките партии во Грција, пренесува македонската државна новинска агенција МИА. Ципрас рече дека е направен напредок, но оти сѐ уште е долг патот до договор....

Заев – Гловер: Ќе има строги санкции за секој што ќе ја наруши регуларноста на изборите

Не смееме да дозволиме поради изборни нерегуларности да ги доведеме во прашање нашите евроатлантски аспирации, на кои работевме многу во изминатите неколку месеци, рекол премиерот Зоран Заев на денешната средба со шефицата на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за набљудување на локалните избори, Одри Гловер. Заев посочил дека ќе има строги санкции за секој поединец или организација што ќе се осмелат да се...

Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори. „Партиите од опозициската коалиција...

Величковски: Се надевам дека и СДСМ ќе прифати договор за изолација на ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Либералната партија, Ивон Величковски, го поздравува ставот на Левица, сите опозициски партии да потпишат декларација со која ќе се обврзат дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ во владата по изборите на 11 декември. Величковски вели оти се надева дека идејата ќе биде прифатена и од СДСМ. „Денеска од медиумите разбравме дека предлогот на Либералната партија, услов за соработка со други опозициски партии...

Собранието на Србија ја изгласа новата влада на Вучиќ

Пратениците во српското Собрание денеска со мнозинство гласови ја избраа новата влада на премиерот Александар Вучиќ, јавуваат медиумите. Како што соопшти претседателката на Собранието, Маја Гојковиќ, на седницата за избор на новата влада вкупно гласале 225 пратеници, од кои 163 гласале „за“, „против“ биле 62, а воздржани немало. Претставниците на опозициските партии не го поддржале изборот на новата влада, наведувајќи дека...

Лидерска средба во Грција за бегалската и за внатрешно-политичката криза

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и лидерите на мнозинството грчки партии денеска ќе се соочат на лидерска средба во претседателската палата. На политичкото „мени“ ќе се најдат бегалската криза, но и голем број внатрешни политички проблеми, кои повторно создаваат имиџ на раздор отколку на соработка меѓу сите политички сили за излез од финансиската криза. Покрај бегалската криза, која особено по оградата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...