fbpx
Таг: операција

таг: операција

Дваесетгодишна Британка починала по операција за слабеење во Турција

Mајката на 20-годишна девојка која почина по направената операција на желудникот за слабеење во Турција, проговори во јавноста неколку дена по нејзината смрт, велејќи дека никогаш не сака истото да се случи на нечија друга ќерка. „Индипендент“ соопшти дека Морган Рибеиро отпатувала од Лондон во Турција за да направи операција на желудникот на почетокот на овој месец со нејзиниот партнер...

Никаде во Европа не е дозволено 8 годишни деца да прават што сакаат со своето тело

Не постои земја во Европа каде операциите за промена на полот се дозволени на 8 годишна возраст. Возраста за ваква операција без потребата да се согласи на неа родителот е 18 години во Бугарија, Кипар, Грција, Франција, Унгарија, Романија и Словачка, а 15 годишна возраст за Словенија.  Исто така, во Австрија, Чешка, Хрватска, Данска, Финска, Италија, Латвија, Литванија, Холандија, Полска,...

Измислена изјава се припишува на адмирал Левин

Адмирал Левин во видеоматеријалот што се споделува во постот зборува за грижа за потврдување на полот, или на англиски јазик gender affirming care. Левин не кажува дека „сечењето на пенисот е добро за менталното здравје“ и оваа изјава е измислена со цел да се предизвика исмевање и дискредитација во екот на месецот на гордоста. Инаку, адмирал Левин е трансродово лице, ...

Првпат во јавното здравство во земјава е изведена операција на колено со помош на робот

На Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОУРАЛЕЦ) првпат во јавното здравство во земјава, со асистенција на робот успешно е изведена операција на колено. Операцијата која, како што кажа директорот на Клиниката д-р Александар Трајановски, траела еден час, била направена на 70-годишна жена со асистенција на позајмен робот, а ја извеле хирурзи...

Во третата трансплантација годинава, двајца млади пациенти ќе добијат бубрези од починат донор

Двајца млади пациенти на дијализа ќе добијат бубрези од почината дарителка, чие семејство вчера попладне даде согласност за да ги донира органите. Дополнително, во наредните денови ќе следуваат трансплантации на коскени ткива кај пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, соопшти Министерството за здравство. Националниот координатор, д-р Маја Мојсова Мијовска, болничките координатори, заедно со екипите од Клиниката за неврохирургија,...

Извршена е првата трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња кај човек

Дејвид Бенет е името на американскиот државјанин кој стана првиот човек во светот кому му беше извршена трансплантација на генетски модифицирано срце од свиња, пренесува Би-би-си. Седумчасовната операција која се изврши во Балтимор од страна на тим доктори од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Мериленд беше единствената и последна шанса за да се спаси животот на Бенет кому претходно му...

Успешнo оперирана пациентка со епилепсија, за прв пат е вграден стимулатор на нервот вагус

Министерството за здравство информира дека денеска на Клиниката за неврохирургија, заедно со тим лекари од Клиниката за неврологија, кај 36 годишна пациентка беше успешно вгарден стимулатор на нервот вагус. „Оваа хируршка метода за првпат се воведува кај нас како редовна терапија за пациенти со најтешка форма на епилепсија, која тешко се контролира со лекови“, посочуваат од Министерството. Оттаму објаснуваат дека операцијата...

Медиумите пишуваат за критична состојба на Ким Џонг Ун, Сеул вели дека нема сигнали за такво нешто

Додека вчера и утрово голем број медиуми во светот пишуваа дека 36-годишниот севернокорејски лидер Ким Џонг Ун е со критична состојба по операција на срцето, официјален Сеул, престолнината на Јужна Кореја, порача оти не се забележани сериозни сигнали дека е навистина така, пишува Би-би-си. Ова не е првпат во светот да се пишува за здравствени проблеми на севернокорејскиот лидер, кој...

Министерството за здравство воведува вонболничка постоперативна грижа

Министерството за здравство почнува со нова системска мерка за развој на вонболничка, односно домашна постоперативна грижа, информираше денеска на прес-конференција државниот секретар во министерството, Владимир Милошев. Тој рече дека сите јавни здравствени установи каде што се вршат хируршки интервенции се опфатени со овој проект. - Целта на оваа мерка е грижа за пациентите во периодот до првата закажана постоперативна контрола во...

Маж тешко ранет во ресторан во скопско Батинци

Крвава пресметка се случила вчера во скопското село Батинци, при што еден жител на селото е тешко ранет, а полицијата трага по неговите напаѓачи. Како што соопшти полицијата, рано попладнето дошло до тепачка во ресторан во селото, по што противниците излегле надвор и таму продолжиле да се пресметуваат. Во еден момент било стрелани кон 35-годишниот Р.А. од Батинци, при што добил...

МВР: Пријава за директорот на Клиниката за неврохирургија, зел поткуп од 1.000 евра

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава за примање поткуп против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Според скопската полиција, А.Ч. на 26 мај од татко на 13-годишна пациентка директно побарал 1.000 евра за издавање потврда дека Клиниката за неврохирургија не извршува хируршка интервенција на каква што девојчето...

Изведена првата операција за промена на пол во Македонија

Тим врни лекари, предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија, во клиничката болницата „Аџибадем Систина“ ја изведе првата операција за промена на пол во Македонија. Хируршкиот зафат, по кој 33-годишен маж доби функционален женски полов орган, траела пет часа. - Подготовките за оваа интервенција траеја повеќе од една година, во текот на која пациентот помина низ психолошка подготовка и хормонална терапија....

Во експлозија, повреден поранешниот грчки премиер Пападимос

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос е повреден во експлозија на писмо-бомба во неговиот автомобил во центарот на Атина. Поранешниот премиер е надвор од животна опасност. Експлозивниот материјал бил поставен во писмо адресирано до Пападимос и експлодирал при отворање, додека тој се возел низ градот. Во експлозијата се повредени Пападимос, неговиот возач и еден член на неговото обезбедување од грчката Народна...

Шестмина милитанти од Северен Кавказ убиени во Санкт Петерсбург и во Москва

Четворица припадници на исламистичка група од Северен Кавказ денеска биле убиени во голема акција на руските безбедносни служби (ФСБ) во Санкт Петерсбург, јавуваат светските агенции. Кратко по акцијата во Санкт Петерсбург, како што пренесува „Би-би-си“, во близина на Москва биле убиени уште две вооружени лица, за кои постојат сомневања дека се од Северен Кавказ, а кои претходно повредиле двајца сообраќајни...

Вооружен маж се забарикадирал во ресторан во Германија

Вооружен маж денеска се забарикадирал во ресторанот „Дубровник“ во германскиот град Сарбрикен, јавуваат германските медиумите, додавајќи дека центарот на градот, каде се наоѓа објектот, е затворен поради полициската операција која е во тек. Според полициски информации, првично се наведува дека лицето најверојатно е со психички проблеми и дека нема индиции дека станува збор за тероризам. Исто така, полицијата смета дека...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10...

Убиен вториот човек на Исламска држава

Вториот човек во командната хиерархија на Исламска држава (ИД), Абдул Рахман Мустафа ел-Кадули, и уште неколку членови на раководството на милитантната исламистичка организација се убиени во Сирија, соопшти попладнево секретарот за одбрана на САД, Ештон Картер. Тој, како што пренесува „Би-би-си“, рекол дека со смртта на Кадули, познат уште и како Хаџи Иман, и на другите високи членови на ИД,...

Детето што мајката го фрли од зграда, оперирано и стабилно

Детето што вчера беше фрлено од балкон четвртиот кат од зграда во Хиподром, од својата мајка, е оперирано и се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клинички центар. Мајката, која подоцна се фрли, сè уште е во тешка состојба и е на интензивно лекување на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ). По падот шетгодишното дете доби скршеници на главата, по...

Чавушоглу: Турција и САД ќе започнат операција против ИД

Турција и САД ќе преземат „опширни“ воздушни напади против борците од Исламска држава во северна Сирија, долж границата со Турција, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Разговорите меѓу Вашингтон и Анкара за деталите на планот се завршени во неделата и во операциите можат да учествуваат регионалните сојузници како Саудиска Арабија, Катар и Јордан, Велика Британија и Франција. – Техничките...

МВР: Разбиен најпопуларниот сајберкриминален форум „Даркод“

Во заедничка акција на полициите и на судските власти од повеќе земји од светот, меѓу нив и екипа на македонското Министерство за внатрешни работи (МВР), оваа недела бил разбиен сајберкриминалниот интернет-форум „Даркод“ и биле откриени лицата што стојат зад форумот и според сознанијата се товарат за напади со вируси, бот-мрежи и други спам-активности, информираат од МВР. Операцијата била спроведена под водство...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...