fbpx
Таг: ООР

таг: ООР

Материјалите од вебинарите во рамки на ООР преведени на српски, турски и босански јазик

Во функција на давање придонес во надминување на проблемот со недостиг на отворени образовни ресурси на јазиците на помалите етнички заедници во земјава, Фондацијата Метаморфозис во рамките на проектот „Отворени образовни ресурси“ сите материјали кои ги користи во рамки на вебинарите одржани на македонски јазик, ги преведе на српски, турски и босански јазик.  Како отворени образовни ресурси, истите материјали на овие три...

Прогласени победниците на конкурсот „НајООР наставник/ наставничка од основното образование за 2020 година“

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во рамките на проектот „Отворени образовани ресурси“ (ООР) , одбележувајќи го Меѓународниот ден на децата, 20 ноември, ги прогласи победниците на конкурсот „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. Тоа се се Кети Наумоска (ОУ„Кузман Јосифоски-Питу“, Кичево), Југослав Спасиќ (ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово) и Александра Блажевска (ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје). Пропозициите на...

Во петок прогласување на победниците на конкурсот за НајООР наставник од основното образование

На 20 ноември (петок), со почеток од 13:00 часот, ќе се одржи краток онлајн настан преку платформата Zoom, каде Фондацијата Метаморфозис ќе ги објави победниците на овогодинешниот конкурс „НајООР наставник/наставничка од основното образование за 2020 година“. На настанот ќе се обратат Ќендреса Сулејмани, програмска директорка во Фондацијата Метаморфозис, и Наташа Анѓелеска, постара програмска координаторка во Фондацијата Отворено општество – Македонија. Настанот...

„Недела на отворено образование 2020“ – влијанието на отворените образовни ресурси врз квалитетот на наставата

„Неделата на отворено образование 2020“, претставува еден од најистакнатите глобални настани, кој оддава признание на високите достигнувања и извонредност во отвореното образование. „Неделата“ започна на 2 март, а ќе трае до 6 март, годинава. Целта е да се подигне свеста и да се прикаже влијанието на отвореното образование врз наставата и учење ширум светот. „Неделата на отворено образование 2020“ е...

Отворените образовни ресурси како одговор на проблемите со класичните учебници

Недостатоци, ревизии, комисии, препечатувања. Ова се дел од најчесто употребуваните термини кога станува збор за состојбата со учебниците и учебникарството во Северна Македонија. Сепак, оваа ситуација не е ниту нова, ниту изненадувачка за оние кои го следат образованието и образовните политики во нашата држава. Во изминатиот период јавноста беше сведок на бројни критики упатени кон поедини учебници, како на пример...

Државите да ги зголемат ефектите од отворените образовни ресурси

Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси (ООР) се одржува од 18 до 20 септември во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. На конгресот учествуваат министерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претставници од Македонија. Членот на Алијанса за ООР во Македонија, професорот од Економски институт, Зоран Јаневски, вели дека овој конгрес е особено значаен поради...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...