fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Од денеска уверение за државјанство ќе може да се вади и во електронска форма

Македонските граѓани од денеска ќе можат да добијат уверение за државјанство во електронска форма на е-маил адреса и мобилен телефон. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објасни дека барањето за уверение за државјанство се поднесува во електронска форма, во лично име или за своето малолетно дете, а услугата е достапна на сајтот www.uslugi.gov.mk, во лични документи и исправи, државјанство. „Барање...

Спасовски за 7 Мај: Полицијата стана пријател на граѓаните и партнер за соработка на меѓународен план

Во присуство на претставници на Владата, Собранието, раководството на Интерпол, министри за внатрешни работи и директори на полиции од регионот, дипломатскиот кор, претставници на локалната самоуправа и верските заедници, раководството на Министерството за внатрешни работи и бројни пријатели и гости на сцената на Долни Сарај во Охрид денеска се одржа централната прослава на одбележување на 7 Мај – Денот...

Со оддавање почит пред споменикот на загинатите припадници на МВР, одбележан Денот на полицијата

На 7 Мај - Денот на македонската полиција, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски положи цвеќе пред споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи, во кругот на МВР. Тој рече дека овој ден е посветен на полициските службеници на Република Северна Македонија, кои практично се хероите на нашето време. „За жал, некои од нив, борејќи се за безбедноста на...

Со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев одбележана 120 годишнината од неговата смрт

Владина делегација од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и заменик министерот за образование и наука Агим Нухиу со положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ја одбележа 120 годишнината од загинувањето на идеологот и синонимот за народна борба за слобода. Пред саркофагот на великанот...

Во тек вештачењето за групата од Иран и од Русија вклучена во дојавите за бомби во училиштата

Во тек е вештачењето во однос на дојавите за бомби што во периодот од октомври минатата година до март годинава ги имаше во основните и средните училишта, но и во други институции во државата, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој, заедно со заменик министерката за здравство, Марина Манолева, шефот на скопското Јавно обвинителство Гаврил Бубевски, шефот на Мисијата...

Свечено одбележана заедничката операција на ФРОНТЕКС во С. Македонија

Речиси целиот државен врв присуствуваше на денешното свечено одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од Договорот за оперативни активности спроведени од Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. Премиерот Димитар Ковачевски имаше воведно обраќање, а домаќини на настанот во полицискиот тренинг центар во Ѓорче Петров, Скопје беа министерот за внатрешни работи,...

Честитки од државниот и партискиот врв по повод празникот Велигден

Македонскиот државен и партиски врв по повод празникот Воскресение Христово Велигден денеска упати честитка до православните христијани и до поглаварот на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија г.г. Стефан. Претседателот Стево Пендаровски во упатената честитка наведува оти се надева дека  Велигден ќе ни донесе добра мисла, оптимизам и инспирација за правење добри дела и помагање на сите на кои им...

Триесет години јубилеј од приемот во Обединетите Нации

Република Северна Македонија денеска одбележува 30 години од приемот во Организацијата на Обединетите нации. На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година. Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен...

Јавното обвинителство и МВР потпишаа протокол за соработка

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со посредство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Протокол за соработка со кој се уредуваат клучни области на заедничкото постапување на двете институции. Протоколот е изготвен на иницијатива на Здружението на јавните обвинители, а со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Според Јовески, потребно е дополнително...

МВР поднело кривична пријава и одзема телефони на малолетници во врска со лажните дојави за бомби

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово (29.03.2023 г.) информираше дека минатата недела, поточно на 22 март била поднесена кривична пријава против еден малолетник во врска со лажните дојави за бомби во училиштата кои го нарушија образовниот процес. Според Спасовски, ова значи дека практично било навлезено во една група на лица кои биле вклучени во испраќањето на лажните дојави. Министерот,...

Спасовски: Децата од улица треба да живеат, а не само да преживеат

Наша обврска да се погрижиме ниту едно дете да не биде лишено од основните човечки потреби и удобности, заеднички да помогнеме да го направиме ова место подобар свет за нив за да можат живеат, а не само да преживеат. На децата не им е местото на улица, туку во училиштата, во образовниот процес. Ова го изјави денеска министерот за...

Одбележани 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија

Денеска се одбележаа 80 години од формирањето на Комунистичката партија на Македонија во Тетово. Настанот се одржа во организација на Општинската организација на Сојузот на Борци од Тетово во соработка со Национална Установа „Музеј на тетовскиот крај”, во спомен куќата на семејството Јовановци, која е денешен Меморијален музеј на ЦК на КПМ. На него присуствуваа и претседателот на Сојузот на...

Спасовски: Последните дојави за бомби се испраќани од Иран и од Русија, досега вкупно 720 објекти добија закани

Ова е еден интензивен хибриден напад кој ни се случува од 19 октомври, па до денеска, на територија на целата држава, во средните, а потоа и во основните училишта. Имавме зафатени повеќе од 720 објекти со вакви лажни дојави, иако не само во училишта, туку и во други комерцијални објекти, истакна во гостувањето на ТВ 24 министерот за внатрешни...

Ковачевски: Хакерскиот напад врз системот на ФЗО е дел од хибридната војна во Европа

Хакерскиот напад извршен врз системот на Фондот за здравствено осигурување е всушност напад со т.н ransomware (вид малициозен софтвер), а ова, како што изјави премиерот Димитар Ковачевски, е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. Ковачевски изјави дека станува збор за хакерски напад каков што...

Твит од лажен профил претставен како да доаѓа од министерот Оливер Спасовски

Твитот споделен во постот е од лажен профил којшто го злоупотребува идентитетот на министерот Оливер Спасовски. Истиот повеќе не е активен поради пријави од Твитер заедницата дека е лажен. И од Министерството за внатрешни работи за Вистиномер велат дека станува збор за лажен Твитер профил од кој бил споделен овој твит. Официјалниот Твитер профил на министерот Спасовски може да...

Државниот врв положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев

Под силно полициско обезбедување денеска се одбележува 151 година од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“. Цвеќе на гробот положи претседателот на државата Стево Пендаровски, како и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Со богослужбата чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква...

Нема да има бугарска полиција, Спасовски апелира на смиреност по повод чествувањето на 4 февруари

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски упати апел до граѓаните по повод чествувањето на 4 февруари, денот на раѓање на Гоце Делчев. Тој вели дека мора да се деескалира состојбата што неодговорните политичари, групи и поединци сакале да ја влошат. Спасовски е дециден дека МВР нема да дозволи никаков инцидент или понижување на македонскиот народ и држава. „Тука се институциите на...

Гробот на Гоце Делчев како поле за конфликт меѓу народите и дестабилизација на Македонија

Гоце Делчев го разбирал светот како поле за културен натпревар меѓу народите. Век и половина од неговото раѓање и 120 години од неговата смрт, оние што наводно го слават неговото постоење, го користат неговото вечно почивалиште како поле за конфликт меѓу народите и можна дестабилизација на Македонија. Неколку дена пред да се одбележат 151 година од раѓањето на Делчев, социјалните...

Спасовски: Инцидентот во Охрид е дел од хибридна војна, тепачите и тепаниот се од иста групација

Дел од хибрдната војна против Северна Македонија е и последниот случај во Охрид, со претепувањето на Христијан Пендиков, секретар на бугарскиот културен клуб поради кој овие денови се нарушија кревките македонско бугарски односи, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „Утрински печат“. „Луѓе од иста групација и се оние коишто тепаат и оние коишто се тепани. Тоа ја...

Нови дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Тетово и во Битола

Дојави за поставени бомби утрово стасале на електронските адреси на училишта во Скопје, Тетово и во Битола, потврди Министерството за внатрешни работи. Директорите на училиштата велат дека веднаш по дојавите евакуирани се учениците и вработените од училишните објекти. „Дoсега во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега едно...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...