fbpx
Таг: Оливер Спасовски

таг: Оливер Спасовски

Спасовски: Не е важен датумот, туку како ќе бидат спроведени изборите

Не е важен датумот кога ќе бидат одржани изборите, туку како ќе бидат спроведени и дали ќе бидат исполнети сите точки од Договорот во Пржино. Засега не се реализирани дел од предвидените точки. Нема договор во однос на регулирање на медиумите, неодамна се почна со прочистување на избирачкиот список, Специјалното јавно обвинителство се соочува со тешкотии и со проблеми, нема јавно-обвинителска...

ДИК ги отфрли претставките на Митко Чавков

Како неповрзани со изборите, Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли претставките на заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски. Трите одлуки се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на...

Спасовски во посета на децата на загинатите бранители во Пониква

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска ќе ги посети децата на загинатите бранители во одмаралиштето на МВР во Пониква. Предвидено е да ги поздрави децата, по што ќе следува вежба од припадниците на Единицата за брзо распоредување и изјава за медиуми.

Спасовски: Со 20 милиони евра се отвораат четири фабрики и се вработуваат 4.000 луѓе

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со граѓаните на Кочани и на Кочанско. На средбите се разговарало за проблемите со кои се соочуваат тие, како и за актуелната политичка ситуација во земјава. - Дури 20 милиони евра завршиле во провладините медиуми за само три години. Со 20 милиони евра се решаваат многу проблеми. Еве, и...

Спасовски: Заедничките патроли открија 858 мигранти со лажни документи

Македонските полицијци и нивните колеги од неколку земји на Европската унија и од регионот, распоредени на јужната граница, досега откриле 858 мигранти кои користеле лажни или фалсификувани документи за влез во земјава. Ова, меѓу другото, го истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната средба со експерти од полициите на земјите од Вишеградската група (Словачка, Чешка, Полска и Унгарија),...

Чавков: Спасовски го наполни МВР со партиски војници на СДСМ

„Целиот свој професионален ангажман го имам поминато во полиција, поминувајќи ги сите хиерархиски нивоа од најниското до највисокото. Ваква ситуација како сегашната досега немам видено“, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, за функционирањето на МВР на чело со Оливер Спасовски во интервју за „Прес 24“. „Со доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на Министерството, кое во согласност со Договорот од...

Спасовски: СДСМ ќе ги врати луѓето во државата и ќе обезбеди пристоен живот за сите

Граѓаните му даваат поддршка на СДСМ да истрае во процесот што го отвори, за фер избори, на кои Македонија ќе добие влада избрана од народот, а не од непостоечки гласачи, влада признаена од сите, со полн легитимитет, рече генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при посетата на жителите од Демир Хисар. - СДСМ цврсто стои на...

Чавков со телеграма им наредил на УБК и на БЈБ да ја спроведат одлуката на Управниот суд

Заменикот-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, утрово преку телеграма ги известил директорите на Бирото за јавна безбедност и на Управата за безбедност и контраразузнавање дека се должни веднаш да ја спроведат одлуката на Управниот суд, кој вчера привремено ги поништи сите 29 решенија кои еден ден пред Нова година ги донесе техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пишува „Прес 24“. „Во...

Спасовски: Чавков лаже, крши закони и се однесува како судија на Управниот суд

Тоа што го зборува дополнителниот заменик-министер Митко Чавков е лага, обвини денеска на прес-конференција, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во врска со одлуката на Управниот суд за решенијата што тој ги донесе пред Нова година, меѓу кои и тие за разрешување на началниците на пет сектори за внатрешни работи. Според Спасовски, Управниот суд не ги укинал решенијата туку донел само...

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите. Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...

Нов изглед на полициските униформи до 2020 година

Новата „Стратегија за развој на полицијата 2016-2020“, која беше промовирана денеска во Инфоцентарот на Европската унија во Скопје, ќе донесе и нов изглед на униформите на македонските полицајци. Ова, како една од конкретните цели на новата статегија, на промоцијата го најави тимскиот лидер на проектот, експертот за општо полициско работење, Александар Кребл. - Нов изглед на униформите на полицијата. Не мислам...

Спасовски ќе ја промовира „Стратегијата за развој на полицијата 2016 – 2020“

Денеска во 11 часот, во ЕУ-инфоцентарот ќе се одржи промоција на „Стратегијата за развој на полицијата 2016 - 2020“, која, како што информираат од МВР, е еден од клучните документи од проектот „Понатамошна институционална надградба и градење на капицитетите на полицијата“, финансиран од Европската унија. На презентацијата, свои обраќања ќе имаат раководителот на одделот за политички прашања, правда и внатрешни...

Спасовски и Микулеску разговараа за политичката состојба во Македонија и за бегалската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше состанок со шефот на Канцеларијата на ОН во Белград (UNOB) и воедно специјален претставник на генералниот секретар на Обединетите нации на ОН, Симона-Мирела Микулеску, соопшти МВР. На состанокот било разговарано за политичкиот развој на настаните во Македонија и во регионот, како и за намерите и за можностите на Македонија, односно нејзиното МВР,...

Соработката меѓу полициите на Македонија и на Албанија е на високо ниво

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска го прими албанскиот амбасадор Фатос Река. На средбата, како што соопштија од МВР, меѓу другото, било констатирано дека соработката меѓу македонската и албанската полиција е евидентна на повеќе нивоа, но оти секогаш има простор за нејзино понатамошно продлабочување и унапредување. Спасовски се осврнал на генералните релации помеѓу двете земји, оценувајќи дека тие се постојано...

Спасовски денеска бил на работа, Ременски не се појавила

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се појавил на своето работно место, додека министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, не дошла на работа. Како што нè информираше Наталија Спирова-Кордиќ, началничка на одделението за односи со јавноста во МВР, Спасовски бил на работа и ги исполнувал своите работни обврски. - Зошто да не дојде на работа? Сè додека не...

Мета-ретроспектива: Влади се менуваат, а „Гисеке“ печати обрасци и предизборни афери

Германската фирма „Гисеке и Девриент“, која го има договорот за изработка на македонските лични докумети (пасоши, лични карти и возачки дозволи), по десет години повторно е во фокусот на медиумските конфронтации меѓу власта и опозицијата. Во 2005 година, пред изборите, таа го доби тендерот за новите лични документи, а МВР беше обвинето дека нетранспарентно ја одбрало таа компанија и дека „заиграла“...

Спасовски ја напушти конференцијата на Вишеградската група

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, денеска, поради новонастанатата политичка ситуација во Македонија, го прекина престојот во Прага и најавеното учество на конференцијата на Вишеградската група, соопштија од МВР. На конференцијата учествуваа македонскиот амбасадор во Чешка, Паскал Стојчевски, и претставник од македонското министерството за внатрешни работи.

Спасовски утре на состанок на Вишеградската четворка за мигрантската криза

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, утре патува за Прага, Република Чешка, каде ќе учествува на состанокот на Вишеградска четворка, која ја сочинуваат Чешка, Унгарија, Словачка и Полска, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). На состанокот, покрај македонскиот, поканети се и министрите за внатрешни работи на Словенија, Хрватска и на Србија. Како што информираат од МВР, една од клучните теми...

Спасовски и Стефановиќ во посета на транзитниот центар за мигранти во Гевгелија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска заедно со неговиот колега од Србија, Небојша Стефновиќ, беше во посета во прифатниот центар за мигранти во Гевгелија. Посетата беше за да видат како се одвиваат работите во прифатниот центар, каде полицајци од Србија ѝ помагаат на нашата полиција. Министерот Спасовски му се заблагодари на српскиот министер за помошта и за соработката. „Оваа бегалска криза што...

ВМРО-ДПМНЕ: Спасовски да каже зошто „Гисеке и Девриент“ испечатила дупликат возачки дозволи

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска го повика министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, да ѝ соопшти „на домашната и на меѓународната јавност“ зошто германската компанија „Гисеке и Девриент“ двапати испечатила македонски возачки дозволи со ист сериски број. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, вчера на прес-конференција обелодени дека при попис на сите обрасци за лични документи во магацинот на МВР,...

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...