!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Оливер Арсовски разрешен од директорското место на фестивалот „Охридско лето“


Охрид, 23 јули, 2017 - 11:12 (META) 

Досегашниот директор на Националната установа „Охридско лето“, Оливер Арсовски, од вчера со решение на Министерството за култура е разрешен од функцијата.

За в.д. директорка е назначена Сузана Вренцовска, досегашната портпаролка на манифестацијата.

Арсовски за порталот „СДК“ потврди дека е разрешен од функцијата.

На прашањето зошто е разрешен среде траење на фестивалот, Арсовски рече дека нема коментар. Тој потврди дека имал инспекција на Министерството за култура.

Оливер Арсовски е директор на „Охридско лето“ од април 2016 година.


Кадровски промени во менаџментот на фестивалот „Охридско лето“


Охрид, 23 септември, 2016 - 14:46 (META) 

Ѓорѓи Цуцковски, првенец на oперата при МОБ, е назначен за нов музички селектор на фестивалот „Охридско лето“.

Цуцковски ја наследува Гордана Јосифова-Неделковска, која цела деценија ја конципираше музичката програма на фестивалот.

На местото на досегашниот драмски селектор, Ѓорѓи Јолески, пак, доаѓа актерот Зоран Љутков.

Пред почетокот на годинешното издание на фестивалот, за нов директор беше назначен Оливер Арсовски.


Оливер Арсовски, нов директор на фестивалот „Охридско лето“


Охрид, 5 април, 2016 - 20:02 (META) 

Оливер Арсовски е избран за нов директор на фестивалот „Охридско лето“, на местото на досегашната директорка Елизабета Јанкуловска, на која ѝ заврши четиригодишниот мандат.

Во периодот од 2007 до 2010 година, Арсовски беше директор на Македонската опера и балет, а двапати, во 2014 и во 2015 година, беше уметнички директор на фестивалот на забавна музика „Макфест“.