fbpx
Таг: олимпијада

таг: олимпијада

Не е точно дека на Олимписките игри во 2012 година била предвидена ковид пандемијата

Наспроти изнесеното во објавата, церемонијата од 2012 година траеше четири часа, а акцент беше ставен на британската историја и култура. Во еден дел од церемонијата ѝ се изразува почит на Националната служба за здравство на Велика Британија (владина програма која обезбедува здравствени услуги по ниски цени), но тоа во ниту еден случај не ја предвидува пандемијата, односно коронавирусот кој...

Наши математичари освоија четири медали и постигнаа најдобар успех во последната деценија

Четири медали освои тимот ученици од С. Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада. Ученикот Дамјан Давков освои златен медал, Леонид Тодороски – сребрен медал, а учениците Димитар Фидановски и Марко Митевски, освоија бронзени медали. На олимпијадата успешно учествуваа и учениците Марко Серафимовски и Нина Ламева. Претседателот на Сојузот на математичари, проф. д-р Ѓорѓи Марковски, за Мета.мк вели дека ова е...

Седум бронзени медали освоија млади хемичари од земјава на меѓународна олимпијада во Јапонија

Младите хемичари од средни училишта во земјава освоија седум бронзени медали на 53-тата Меѓународна олимпијада по хемија која што се одржа онлајн, а нејзин домаќин беше Јапонија. Агенцијата за млади и спорт и оваа година ги поддржа нашите хемичари да учествуваат на 53-та олимпијада, при што земјава учествува на настанот од 2013 година. Годинава на Меѓународната олимпијада учествуваа 312 ученици...

Стартот на Олимписките игри во Токио неизвесен до последен момент

Олимписки игри
Извршниот директор на Олимписките игри „Токио 2020“, Тоширо Муто, не ја исклучува можноста за откажување на игрите во последен момент поради зголемениот број случаи на ковид-19, извести „Си-ен-ен“. Вчера беа пријавени над 1.300 нови случаи на ковид-19 во Токио, што претставува второ највисоко дневно зголемување на бројот на нови случаи во градот од 21 јануари. Бројот на случаи во Јапонија кои...

Кристина Тасева и Сара Стефановска освоија бронзени медали на Европската олимпијада по информатика

Бронзени медали на Европската олимпијада по информатика за девојки (ЕОИД), што годинава прв пат се одржува во Цирих, освоија Кристина Тасева од Скопје, ученичка во трета година, и Сара Стефановска од Крива Паланка, ученичка во деветто одделение, кои се дел од тимот од Здружението на информатичари на Македонија. Поради пандемија, учеството на тимовите беше онлајн, а учесниците од нашиот во...

На казахстанските олимпијци им се одземени медалите од Пекинг

Олимпискиот комитет на Казахстан денеска соопшти дека на тројца спортисти од земјата им се одземени олимписките медали по новите тестирања на примероците од Олимписките игри од Пекинг од 2008 година. Без сребрени, односно бронзени медали останаа Ирина Некрасова и Марија Грабиветсаја, кои се натпреваруваа во кревање тегови, како и освојувачот на бронза во борење, Асет Мамбетов. Покрај нив, поради допинг на...

Грција бесна: Бразил го употребил уставното име на Македонија на веб-страницата на ЛОИ

Грчкиот олимписки комитет најави дека ќе преземе мерки поради наводната грешка на официјалната веб-страница за годинешната Олимпијада во Рио де Жанеиро, на која Македонија наместо под референцата Поранешна југословенска република Македонија е заведена под уставното име. Како што јавуваат грчките медиуми, грешката е направена и покрај тоа што Меѓународниот олимписки комитет јасно ставил на знаење дека земјата во Обединетите нации е заведена...

Пожар во олимпиското село во Рио де Жанеиро

Австралискиот олимписки комитет потврди дека избил пожар во зградата во Рио де Жанеиро, поради што се евакуирани персоналот и спортистите од оваа земја. „Пожар со помал интензитет изби во подрумот на зградата во олимпиското село. Евакуирани се персоналот и спортистите“, стои во соопштението. Засега не е позната причината за пожарот. Ова е последен во низата инциденти поврзани со сместувањето на австралискиот олимписки...

Марко Чаласан, најдобар од Македонија на информатичка олимпијада

На свечена церемонија беа доделени наградите и медалите на Јуниорската балканска олимпијада по информатика што се одржува во Охрид. Овој значаен настан во програмирање им претходи на Балканската и на Интернационалната олимпијада по информатика, на кои Македонија беше домаќин од 14 до 19 септември, во организација на Здружението на информатичарите на Македонија. На Јуниорската балканска олимпијада по информатика учествуваа ученици на возраст до...

Груевски ги прими претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада

Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со претставниците на Македонија на Специјалната олимпијада, кои учествуваа на последните Летни олимписки игри што се одржаа во Соединетите Американски Држави. Учесниците на Специјалната олимпијада од Македонија од 25 јули до 2 авуст беа дел од ЛОИ во Лос Анџелес и освоија десет медали. Тие се натпреваруваа во атлетика, пливање, пинг-понг и во јунифајд кошарка. Медали во атлетика освоија Јулијана...

Тетовскиот атлетичар Далибор Спасовски обезбеди пласман на Европска олимпијада

Тетовскиот атлетичар Далибор Спасовски ќе учествува на првата Европска олимпијада, која ќе се одржи годинава во јуни, во Азербејџан. Одличниот резултат што го постигна на трката на 400 метри на изборниот натпревар во Скопје, му овозможи учеството на оваа олимпијада, каде ќе се натпреваруваат атлетичари во повеќе дисциплини. - Европската олимпијада, која ќе се одржи во Баку, Азербејџан, ќе биде налик на...

Косово стана полноправна членка на МОК

Косово стана полноправна членка на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) на седницата која  се одржа во Монако. Косово беше примена без ниту еден глас против, со што стана 205. членка на МОК. Одлуката која ја донесе МОК значи дека Косово ќе може да настапи на Олимписките игри, кои во 2016 година ќе се одржат во Рио де Жанеиро.  

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти  Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...