!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

СДС да престане со манипулации и лаги за стечајците, велат од ВМРО-ДПМНЕ


Скопје, 18 август, 2017 - 11:17 (META) 

Крајно лицемерно е СДС да зборува за социјална заштита и грижа за функционирањето на социјалните работници, кога додека беа на власт, со прст не мрднаа за подобрување на системот на социјална заштита, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ за стечајните работници.

Во него се додава дека „СДС остави на улица 200.000 работници и стави клуч на 684 фабрики оставајќи без никаква егзистенција стотици илјади деца.“

„СДС е гробар на македонската економија. Десетици години и требаа на државата да излезе од провалијата во која што ја втурнаа. Врз грбот на граѓаните се прекршија сите приватизации додека олигарсите на СДС го зголемуваа своето богатство“, се додава во соопштението.


Вучиќ: Не сум земал пари од бугарски олигарх


Скопје, 1 март, 2017 - 21:14 (META) 

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, негирал дека добивал пари од бугарскиот олигарх Цветан Василев, јавува дописничката на „Мета“ од Софија.

Вучиќ го демантирал тврдењето дека неговата кампања за претходните парламентарни избори била финансирана од Василев.

„Нашата партија не зела ниту еден динар од олигарсите. Јас дури и не знам кој е овој Васил Цветанов“, одговорил Вучиќ на новинарско прашање.

Според Вучиќ, опозицијата добива пари од олигарсите, а неговата политичка партија се финансира само по легален пат.

Вучиќ ќе се кандидира на претседателските избори во Србија, кои ќе се одржат на 2 април годинава.