fbpx
Таг: ОЈО Скопје

таг: ОЈО Скопје

Општина Аеродром со кривична пријава до обвинителството за палење отпад на отворено

Скопската општина Аеродром поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство од Скопје против непознат сторител поради согорување на отпад на отворен простор, кој се случува надвор од границите на нивната општина, информираат од оваа општина. „Општина Аеродром во текот на вчерашниот ден до Основното јавно обвинителство од Скопје достави кривична пријава против непознат сторител. Кривичната пријава се однесува за согорување...

Од труењето со метомил, в болница почина и 79-годишната жена

Основно јавно обвинителство-Скопје соопшти дека 15-тина дена откако поради труењето со метомил во домашната храна била примена в болница, починала 79-годишната жена од Скопје. Претходно, неколку дена по приемот в болница почина и 47-годишна жена од истото семејство, а мажот што бил примен заедно со нив, е на домашно лекување. „Од домот на семејството се подигнати 20-тина различни траги за кои...

Обвинение против скопјанецот што се самозадоволуваше во воз и допираше малолетничка

Поднесено е обвинение против 63-годишен скопјанец за сторени три кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг, согласно член 190 од Кривичниот законик, од кои едното полово дејствие го извршил пред дете што не наполнило 14 години, информираше денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот скопјанец, патувајќи со воз на 24 јули годинава во еден од вагоните се доближил и започнал...

ОЈО бара притвор за татко осомничен за малтретирање и запуштање на 14-годишната ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45–годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје, за кого постои сомнение за запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик. Според обвинителството, таткото постојано ја оставал ќерката сама дома додека патувал, а додека бил дома, ја тепал со каиш, а еднаш се обидел и...

Претрес во Идризово: Пронајдени мобилни телефони, таблет и прашкаста материја

Во затворот Идризово во акција на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции - ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, бил извршен претрес со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор. Од МВР известуваат дека постапувајќи по наредби за претрес, издадени...

Поднесено обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски

Поднесено е обвинение против сопственикот на порталот „ДоказМ“, Марјан Стаменковски, а Јавното обвинителство доставило и предлог за продолжување на притворот на Стаменковски, кој беше приведен на 10 февруари годинава. Обвинителството соопшти дека е поднесен Обвинителен предлог против лицето кое се товари дека преку веб-портал во негова сопственост, сторил повеќе кривични дела – две кривични дела Ширење на расистички и ксенофобичен...

Обвинителството го гони Жан Митрев и неговата клиника за измама со хемофилтрацијата

Скопското Основно јавно обвинителство (ОЈО) поднесе обвинение против хирургот Жан Митрев и обвинителен предлог против истоимената клиника за продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик. Измамените семејства, според ОЈО, имаше штета на својот имот во вкупен износ од речиси 1,6 милиони евра. Иако во официјалното соопштение на ОЈО Скопје воопшто не се наведени идентитетите, од текстот...

Пензиониран полицаец се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти оти повело постапка против пензиониран полицаец што се заканил дека ќе го убие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Обвинителството го води случајот, против пензионерот, кој бил претходно осудуван како кривично дело Загрозување на сигурноста според член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот жител на Скопје од...

Гаврил Бубевски од поранешно СЈО избран за прв човек на скопското Обвинителство

Обвинителот Гаврил Бубевски е избран за нов прв човек на Основното јавно обвинителство – Скопје (ОЈО-Скопје), објави Советот на јавни обвинители. Бубевски беше дел од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство. Тој доаѓа на местото на Сашо Рајчев, кој беше избран за виш јавен обвинител. Првата позиција во ОЈО-Скопје беше празна речиси...

Тројца од протестантите за „Монструм“ што вршеа насилство на 26 февруари добија по една година затвор

Три лица што беа обвинети за насилство за време на протестот против пресудата за „Монструм“ на 26 февруари годинава добија затворски казни од по една година. Шабан Весели, Бехар Далити и Бесар Касили од скопскиот суд беа осудени уште на првото судско рочиште, откако тие го признаа кривичното дело. Основното јавно обвинителство од Скопје гони седум обвинети за насилство, бидејќи...

Поднесено обвинение против Владимир Панчевски за манипулации со АКМИС-от

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) денеска соопшти дека поднело обвинение против Владимир Панчевски, поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1. Тој се товари за злоупотреба на информацискиот систем за автоматско управување со судски предмети (АКМИС). Според соопштението од ОЈО Скопје во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, обвинетиот со негов параф и усно давал...

За несреќата кај Ласкарци поднесени обвиненија против седум лица

Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО Скопје) соопшти дека поднело обвинителен акт за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари, годинава, во која, а и потоа во болница, 16 луѓе ги загубија животите, а 38 беа повредени. Автобусот не бил технички исправен, а тоа се забошотило, и не се почитувало работното време, соопштија од обвинителството. За возачот на автобусот, сопственикот, одговорниот...

Обвинителство почна истрага за говорот на омраза во врска со пожарите кај Атина

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека по допрен глас оформила предмет во врска со определени написи и коментари по социјалните мрежи, со кои се шират расистички и ксенофобични материјали. Станува збор за постови за пожарот во близина на Атина. „Јавното обвинителство ќе испитува дали преку пишувањето на коментарите и написите на социјалните мрежи е извршено кривично дело за кое се...

„Паднаа“ кривичните пријави на Владимир Панчевски

Основното јавно обвинителство - Скопје соопшти дека ги отфрлила трите кривични пријави што против Специјалната обвинителка Катица Јанева, судијката Злата Попова од Основен суд Гевгелија и вработени во СЈО и МВР, односно вкупно 10 лица ги поднесе судијата во Основен суд Скопје 1, а поранешен претседател на судот, Владимир Панчевски. „Надлежен обвинител оцени дека во дејствијата на пријавените нема битни...

Антикорупциска утврди злоупотреба на буџетски средства за финансирање на ДУИ

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фоднови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување соопшти Транспаренси Интернешнл - Македонија. „По анализа на Годишниот извештај за членарини до донации за 2016 година, Транспаренси Интернешнл – Македонија...

ОЈО Скопје нареди истрага за загинувањето на планираните на Кајмакчалан

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека отворило предмет за расветлување на случајот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животите ги загубија македонските планинари, Калина Велевска и Александар Миновски. „Надлежен јавен обвинител издаде наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на...

Јовески: Отворена е предистражна постапка за злоупотребите на АКМИС во судовите

Скопското јавно обвинителство отворило предистражна постапка во врска со извештајот на работната група на Министерството за правда за злоупотреби на Автоматизираниот компјутерски систем за управување со судските предмети (АКМИС) во судовите, потврдил државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за „СДК.мк“. „Во врска со неправилностите во електронската распределба на предметите кај судии што ги воочила групата експерти при Министерството за правда, при...

Именувани в.д. шефови на скопското и на обвинителството за организиран криминал

Советот на јавни обвинители на денешната седница именуваше в.д. шефови на неколку обвинителства, кои ќе ги вршат овие функции во наредните еден-два месеци. Ова, како што појасни претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериев, било едногласно договорено за да може новиот јавен обвинител, Љубомир Јовевски, да си формира сопствен тим. Така, за в.д. шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран...

Обвинителството со анализа на видеоснимки ќе го бара убиецот од Чаир

Основното јавно обвинителство Скопје ги зело и ќе ги анализира видеоснимките од камерите што се наоѓаат во околината на местото каде во петокот минатата недела, беше убиен 35-годишниот И.А. од селото Блаце. Од Обвинителството денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни мерки за откривање на сторителот и на мотивот за убиството. „Обезбедени се видеозаписите од камерите што се...

Сокол Митревски остана без пасош и доби забрана да го напушта Скопје

Кривичниот суд го прифати барањето на Основното јавно обвинителство Скопје и на поранешниот градоначалник на општина Ѓорче Петров, Сокол Митревски, и на уште пет лица им одреди мерки на претпазливост, потврди судот. На Митревски и на другите петмина осомничени судот им ги одзеде пасошите, им забрани да го напуштаат живеалиштето, односно Скопје, и им наложи редовно да се јавуваат кај...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...