fbpx
Таг: ОЈО Куманово

таг: ОЈО Куманово

ОЈО Куманово поднесе обвинение за убиството во кругот на црквата „Св. Мина“

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинител акт против Д.Д., кој се товари за убиството што се случи на 26 јуни, во кругот на црквата „Света Мина“. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека надлежниот јавен обвинител во текот на истражаната постапка ги прибрал сите материјални и вербални докази за случајот и до Основниот суд во Куманово го доставил обвинението. Воедно до судот...

Поднесено обвинение за убиството на четиригодишното дете во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднело обвинителен акт против Б.И., осомничен за прегазувањето на четиригодишно дете, кое се случи на 25 јуни годинава кај кумановската болница. Како што соопшти денеска Јавното обвинителство, осомничениот се товари за убиство, според член 123 од Кривичниот законик. Во врска со случајот, поднесено е обвинение против уште три други лица за насилство. „На 25 јуни годинава, додека...

Притворен албански државјанин осомничен за шверц на 24,5 килограми марихуана

Кумановското јавно обвинителство донело наредба за спроведување истражна постапка против албански државјанин, во чиј автомобил на граничниот премин Табановце, завчера биле пронајдени 24,5 килограми марихуана. Албанскиот државајнин, како што информираат од јавното обвинителство, се товари за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од член 215, став 1 од Кривичниот законик. „На 12 октомври, на...

Психијатриско лекување на осомничениот за убиството на полицаецот, побара ОЈО Куманово

Кумановското Основно јавно обвинителство побарало на осомничениот за убиството на полицаецот, кое се случи во јули оваа година, судот да му одреди задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа. „Основното јавно обвинителство Куманово го доби вештачењето за состојбата во која се наоѓал и се наоѓа осомничениот за убиството на полицискиот службеник, што по наредба на надлежен јавен обвинител ги...

Кумановец со прострелна рана во главата пронајден во бунар во село Доброшане

Безживотно тело на маж, со прострелна рана на десната слепоочница, е најдено во бунар во близина на црквата „Света Мина“, во село Добрешане, Кумановско, соопшти денеска Јавното обвинителство. Тим нуркачи на Министерството за внатрешни работи го извадиле телото од бунарот, а надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово извршил увид на местото. За случајот е осомничено едно лице кое било...

Обвинителство: Ќе се вештачи лифтот во кој загина шестгодишно момче во Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово почнало истрага која треба да ги утврди причините и околностите за смртта на шестгодишното момче што викендов загина во лифт во станбена зграда во Куманово. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека е издадена наредба за вештачење на лифтот, кое ќе се врши на Машинскиот факултет во Скопје. „По наредба на надлежен јавен обвинител, лифтот е целосно изолиран и обезбеден...

Обвинителството ги истражува причините за смртта на родилката од Крива Паланка

Основното јавно обвинителство Куманово почнало предистражна постапка за причините за смртта на 37-годишната родилка од Крива Паланка, која вчера починала откако ѝ се влошила состојбата по породувањето во кумановската општа болница, соопшти денеска Јавното обвинителство. Како што информираат оттаму, родилката вчера била донесена на одделението за гинекологија и акушерство во кумановската болница, каде по неуспешниот обид за спонтано породување, било...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...